Така е. И според мене битно е да бидеш тука да присуствуваш на веселбата , човек те поканил, однеси колку што ќе имаш толку, а ако тоа нив не им се допаѓа или слично, онда проблемот е со нив не со тебе, ако логично размислуваш
Пак убаво сте поминувале кај нас го има тоа со бацување рака, и помало дете може да даде 200/300 денари, поголеми деца 500 денари, а другите блиски пример чичко вујко 20 € 50€ зависи кој како има, ама значи од 1000 денари згора , не под
Мене свеки ми велеше за бакни рака, јас не сакав. Во последно време го нема ова ни во Скопје, ни во помалите градови, освен пред 3 години на една свадба во помал град.
Jas na baci raka adet ne sum naisla niz godinive, ama da ne zaboravime slikata so mladozencite na poslednata svadba 250 denari ja plativme i toa otislo nagore so cena. Kako i da vrtime da si gostin na svadba stana luksuz i se raduvam koga nema da me viknat.
Како велите бе, ако немаш не оди на свадба не се срами со малку. Значи да си гостин на свадба е привилегија само на имашливите, ако си сиромашен, не си достоен да бидеш гостин. Ц ц ц, гнасно размислување. Срамота било да се оди со поскромен поклон, а не е срамота да се очекува гостите да ти ја платат свадбата и плус да имало од порцијата, да си платиш плус поклон. Знаев дека сме плиток народ, алчен, ама сега онака и кул е да се нагласи колку сме плитки, безвезни.
Разбирам дека парите го вртат светот, и профитот и бизнесот се на прво место, ама не треба и на вакви прослави. Кога свадбата се прави да се прослави стапувањето на брак, без гига помпезност и циркус, фокусот ќе остане на младите и целосната атмосфера. Не на финансиите. Тие ќе си направат математика и каков е крајниот резултат. Ама ако одат над буџет кој можат да си го дозволат, апсолутно гостите не им се должни да покриваат порција. Лично, сметам дека на свадба се канат блиски луѓе. Во смисла луѓе со кои минувате време, не некој роднина од 5 колено кој немаш поима како изгледа. И кога ќе се поканат блиски, нема да има изгледување. Проста логика, тие луѓе дошле за да го споделат моментот затоа што биле викнати да присуствуваат, без никакви други нешта додадени во равенката. И тука работите скроз се упростуваат. Не прифаќам да одам секаде каде сум поканета, без притоа да размислам дали луѓето ми се блиски и дали јас би се чуствувала убаво ако отидам. Бидејќи ако ми е само за да одам на ивент, пре би си купила карти за концерт и би отишла каде што јас сакам. Следователно, носам пари и во зависност од близина. Сметам дека 2000 ден (само за мене) се доволни за нашиот крај за не толку блиски луѓе, и додавање 1000+ден како градира близината. Ако станува збор за друг крај, или странција, пак ги одела со некој мој мерник колку би било разумно за да дадам. Се ова е под услов да имам финансии и доходи. Ама колку пари да имам како прилив, тоа нема никогаш да е фактор колку да ставам, а ќе преценам спрема близината. И 150К да земам пак би се движела околу 3000ден. основна сума.
Не би се согласила целосно. Не збориме за луксузна или скромна свадба. Генерално зборам. Денес и луксуз стана да направиш обична, скромна свадба. А далеку од тоа дека очекуваш да се збогатиш од гостите, напротив мислам дека е фер барем порцијата да си ја платиш. Порција под 35 евра веќе во ниту еден ресторан нема. И ред други милион трошоци околу свадбата. Но тоа не е ни битно, ако веќе сакаш да правиш свадба спремен си и да платиш. Само муабетот ми беше дека веќе не се порциите по 20 евра како што беа пред 3-4 години како што многу од гостите мислат и доаѓаат со 2000ден. Затоа и напишав, мислам дека веќе и на роденден не одиме со 2000 кај близок пријател...
Ау бато, па ова било стварно сиромаштија тешка. Искрено јас дојдов на темава оти ми стига една свадба на близок пријател и се чудев колку пари да стаам, обично фамилијарно кога одиме, не сум задолжен за подароци, ама сега сум сам. Ќе биде глупо да стаам премногу така? (прво имав у план ко 500е? Ама другиве од друштво нема да ставаат поише од 50тина, така што??? Ваљда е глупо да се избацам со 500?) А зашо 500? Млад брачен пар се, сакам да присоберат пари, ако ништо друго да може да си обезбедат учество, за да си извадат некој станбен кредит.
Има и луксузни ресторани, каде што порција е над 50 евра. Немаат сите големи финансии, ако стана свадбата луксуз нека прават со најблиските, а не до 5-то колено канат што младите не ги ни познаваат. И за гостите стана луксуз одењето свадба. Кај подалечни ако немам не одам. Кај блиски се знае неколку месеци пред време кога е свадбата и се трга на страна. Пишав поназад, еве желба имам на јахта да правам свадба, и треба да очекуваме од гостите да ми ја платат јахтата што сум ја изнајмила?
Ова веќе стана стварно лигавештење на ниво со свадбите.Ајде веридба прво прават во ред (празни раце не се оди) , посебно регистрација и ручек (пак нема да одиш празни раце) па венчавка и голема свадба догодина. И сега ти мене ме каниш на сите три веселби и очекуваш од мене да се ставам во тесно и да штедам цела година за твојата свадба ? Па луѓе дај нормализирајте ги веќе тие работи,во Македонија живееме ,со минимални плати и трошкови на ова скапо време па срамота било да се оди со 50 евра на свадба. Па ако е срамота нит оди нит кани. Ако имаш прави,ако немаш не прави и не оди ако си поканет,а не после да мериш на кантар и да озборуваш *ее јас однесов 200 евра тој на мене ми дојде со 100 .Бидете благодарни што одвоиле време за вас да бидат дел од вашиот најубав ден.Па и без поклон да ми дојдат најмилите ,не сакам! Само да ми се тука ,на број. Штом правам веселба,испланирено ми е колку ќе истрошам и тоа си е наш трошок.Мој и на сопругот. Гостите се поканети како гости!
Ваууу 500 евра? И тоа кај пријател. 4 члено семејство кај блиски па не ставаат толку. Годишно ако си на 4 свадби тоа ти се 2.000 евра. Сам си затоа вака размислуваш, тие од друштвото сигурно имаат жени и деца и не можат да си дозволат 500 евра. За обичен гостин многу се 500 евра, не си кум. А младите ако сакаат за стан за учество со тие пари што ќе прават свадба со ојлевци дојлевци ќе си уплатат за учество. Ама неее по секоја цена мора свадба, имале/немале. Сега не само за порциите, гостите треба да им дадат по 500-че за учество за стан.
И од тоа има заработка. Доаѓа невестата со бонбончиња, а друга девојка позади неа со отворена ташна. На мојата свадба тоа го немаше. Во денешно време трошок е да си гостин на свадба. За една свадба морав да купам фустан. Бев здебелена и ниту еден од фустаните не ме собираше. И плус, свадбата беше во друг град.
Браво дечко. Оваа твоја приказна баш ме допре стварно си другар. Ако имаш многу пари и да ставиш 500. Тоа е добрина што си го размислуваш. Кој има и 500е кој нема нека биде и5е
Рачунај дека веројатно би бил единствен со толку или еден од двајца ако има друг што би дал толку. Битно, не мораш толку. Не си должен ни свадба, ни учество да им плаќаш. Дај им 50 евра или до 100 евра ако ептен ти е мерак. Оти ако некогаш се скарате, многу ќе ти е криво што си им дал 500 евра.
Па и стана привилегија да отидеш на свадба, мораш да си купиш облека, фризура, шминка ПЛУС поклон. Мислам дека не мора ни да се оди на секоја свадба на која си поканет, кај блиски пријатели и роднини нормално (дури и со скромен поклон), ама кога ќе те канат братучеди од 5то колено со кои не сте се виделе од мали, според мене глупа финансиска одлука е да отидеш на таа свадба кога стварно немаш. Не знам, кога бев мала и беше немаштија, моите не отидоа на неколку свадби баш затоа што немаа.
Ама знаеш како размислуваат постарите. Ако те поканиле мора да отидеш, па мора да ги каниме Петко и Стојанка затоа што не канеле, не можеме да ги оставиме. Вакво размислување има и свекрва ми и не терала да одиме на свадби кај роднини од 5-то колено што ни мм не ги знае (секако дека не сме отишле ако не сме сакале). Како што пиша една членка па веридба, па регистрација (и за тоа не се оди со празни раце), па свадба. Значи треба да им однесеме три подароци на едни младоженци само. Сега ретко и кој прави веридба (прават тие што немаат, да се истакнат пред народ). Нема потреба да одам на веридба кај некои што не ги ни познавам, а не канеле и за веридба, па драми зошто не сме сакале да одиме. Тоа се трошкови.
Абе генерално јас на свадби не одам, ама па и не комуницираме многу многу вака фамилијарно. Младите не ми имаат кажано ништо, моја лична желба беше, затоа што се млади и затоа што знам дека добро би им дошле. А инаку релативно млади сме, као сите сме у распон од 20 до 23 така што, никој нема деца, ама па и ретко кој има стабилни примања (јас немам лол, париве би дошле од мојата годишна дивиденда). Пак ќе нагласам, нема никакво очекување од нивна страна, го нема ни она глупавото подарок во плик срање шо го праат сите, ама се стаив на мисла. Мене па 500е ништо не ми менуваат у годината, еве годинава ги ебав парите од дивидентата на глупости. Абе искрено, никогаш не ми е криво за дадени пари, дошле и пошле, него глупаво би било јас спореден лик да им дадам повеќе од цело наше друштво заедно, затоа сум на мисла колку би било прикладно. Оптимално јас би бил среќен сите по 500 да им дадеме за да им земеме еден стан ако ништо друго ама и јас сум со главата во облаци. Нејсе, ви благодарам, ќе размислам што да правам а да не излезам избац пред друштвото и пред нивните.
Мое мислење дека многу се 500 евра за пријател и плус сам, ама ти си знаеш. Другите ако немаат ќе дадат помалку.