Зависи од тоа кај кого сум поканета во смисла близок или далечен роднина,пријател,колега,комшија итн.Најниска сума која ја носам е 2000 денари а највисока 9.000-15000 денари ако е за близок роднина,законик,кум,близок другар или блиска другарка.За кај сестра ми повисока сума од наведените дефинитивно.
Точно е дека е смешно што се канат до 5то колено и нема потреба ни да се кани далечен човек ни да се оди кај далечен. Никогаш не ми било јасно тоа, и е искрено претерано. Безвеза трошоци од двете страни, на улица нема да се препознаеш, не си се видел никогаш ама на свадба поканети. И за таму сметам дека особено тој што нема пари нема ни потреба да оди. Муабетот беше за поблиски… зошто да треба да се осакати човек од давање пари само за да биде достоен гостин? Јас реков, близок човек ми е важно да е присутен, поклони не гледам. Жива ќе де јадам ако не би ми дошол некој близок оти немал доволно пари. Ако го почитувам човекот сакам да е таму присутен и тоа ми е доволно. За шминки, фризури и фустани за секоја свадба искрено ми е претерано, особено ако се нема многу. Секој може дома да се среди, јас искрено иако можам да си дозволам тие работи дома си ги правам. Не гледам потреба илјадници денари за се тоа да се дадат. Секој има другарка што ќе помогне коса да се свитка дома, или некој кок убав со шнола украсна да личи. Има и на јутјуб туторијали за едноставни и лесни фризури, ако се нема не мора на фризер.
На свадба сум кај прва братучетка ама ќе прават и крштевка и прв роденден за бебето. Сакам да дадам пари ама не знам колку би било прикладно. Да беше само свадба ќе дадевме 100 евра (јас,мм и ќерка ми). Ама до сега не сум била на 3 во 1, па што мислите? Или ако ве има што сте правеле таква прослава пишете отприлика колку сте добиле од први братучеди. Знам дека сѐ е индивидуално и секој со можностите, но ме интересира онака ориентационо.
100 евра исто ќе ставам, они на ист трошок ќе поминат, зашто да давам повеќе поклони јас? Евентуално нешто ќе купам за детето, некоја играчка, облека, ама дека ќе им давам три поклони ако они си прават свадба, крштевка и роденден во едно мало сутра.
Младоженциве многу безобразни станаа, те гледаат криво ако им дадеш 50 евра бе. На девојачка треба да дадеш 100 евра од човек зошто невестата сакала во вила да слави две ноќи. Па подобро ќе си седам дома и нерви ќе си поштедам.
Сериозно ова???? Јас сум запрепастена од сумиве кои се вртат на темава. Ко за споредба, живеам во скандинавските земји, за подарок на свадба се дава поклон до макс 50 еур, а кај е скандинавскиот стандард, кај е нашиот.
Епа 100€ поклон за свадба, зашо е прва братучедка, и некои си 50€ за поклон за детенцето, или па некој убав поклон како голема играчка, да се однесе, според мене е така океј, бидејќи се блислки, да не се нешто многу блиски од 50 до 70€ макс. Секако ако може да се дозволи тоа. Ако не, никому ништо.
Тие сакаат со еден трошок 3 во 1 да поминат, а гостите треба да се срамат за поклонот. Јас би оставила колку планирам за свадба и плус нешто за детето ќе купам (облека, играчка, чоколадо). Така направив кај мој прв братучед што правеше свадба и крштевка, ама тој не планираше така, свадбата му беше одложена 2 пати поради колоната и затоа така правеше, и живее во странство и мораше и свадба и крштевка. Прв роденден правеше посебно.
Свадбата ко свадба секако дека е бесмислица особено кога се канат луѓе ко од братучедата, вујната, зетот за сестра. Со тие пари реновирај си домот или шетај го светот, барем ти ќе си се задоволиш, а не осмото колено, а штом си се нафатил толку луѓе да каниш не очекувај да си ја исплатиш свадбата. Со тие пари за огромна свадба можеш да си направиш помала свадба само со најблиските, а и плус после по ваш избор да си се задоволите како сакате.
Така и треба да биде. Тие не прават свадба за пари-богати се туку чисто да го обележат денот со луѓе што им значат, а не како кај нас со Ојле и Дојле што не ги знаеш колку да има повеќе луѓе и повеќе пари да се соберат. Кај нас свадбата е за заработка али не се криви луѓето-сиромаштијата тоа го налага.
И тие не планираа така, имаа свадба закажано ама она трудна остана и околу датумот на закажаната свадба ѝ беше терминот за пораѓај па мораа да ја откажат. И затоа сега ја закажаа со роденден и крштевка. Инаку сме мн блиски, во иста куќа живеевме.
Кој прави свадба да се збогати бе? Ние сега ќе правиме и по груба пррсметка ни требаат околу 13.000 евра за 250 гости отприлика. Се е плафон цени. Парите сигурно нема да ти се вратат реално или дуплираат Освен ако не ти дава секој гостин по 100евра