1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку пари да ставите во плик за свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од Caramell, 30 август 2022.

  1. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    522
    А зошто мора на се да наоѓате замерка? Па не ви бараат донација за да ја платат свадбата. Имаат, можат, сакаат и ке направат свадба со толку гости колку што сакаат.
    Реално 250 гости, кога ке се поделат на 2 се по 120-130 луѓе.
    120 луѓе се најблиски. Имаме тетки, чичковци, братучеди, пријатели, колеги, соседи и сл. со кој сакаме да ја споделиме радоста и би сакале да присуствуваат на тој ден.
    Ако вам ви е во ред да правите свадба само со родители, браќа и сестри - ок. На други им е ок со 120 најблиски. И среќни се што ги имаат тие луѓе.
    Не се сите отуѓени, балкански менталитет сме :) и убаво ни е.
     
    На baguf4e, sino.o.oka и Anie93 им се допаѓа ова.
  2. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.123
    Допаѓања:
    7.143
    10,000 - 13,000 евра за свадба?!! Честито на младите, па во скоро да не се читаме у темите за свекрви, разводи и поделба на имот.
     
    На злоба, Selena01, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.097
    Допаѓања:
    20.197
    Пол:
    Женски
    ОК, без нервози :) споделете си ја радоста со најблиските 250 души... јас немам против. Само еве страни на назад велат требало тие најблиски 250 души (блазеси ви ко можете да сте блиски со 250 души... изгледа сите имаме различен концепт на близина) да им ја покријат свадбата... да си плателе порција секој, плус поклон. Затоа прашав :)
     
    На SummerGirl, goddess.Of.chaos, tinkerbell22 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    2.124
    Пол:
    Машки
    Оти така си одлучиле младите.
     
    На Anie93, tinkerbell22 и Iva.T им се допаѓа ова.
  5. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    522
    120 луѓе. Свадба прават двајца.
    Пр. една тетка само со сопруг, деца, снаи, зетовци, внуци - 10 луѓе. Се собираат многу лесно, зборуваме за прво колено и блиски пријатели.
    Членката која ја цитираше има пишано дека не очекува дека парите ке ги вратат или дуплираат. И не се пожали за тоа. Затоа е и "Мојата нервоза". Не значи дека сите што правиме свадби со 250 луѓе очекуваме парите да се вратат. Свадба се прави исклучиво од мерак и финансиска можност.
     
    На Skyler81, Anie93 и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.097
    Допаѓања:
    20.197
    Пол:
    Женски
    Абе убаво што си одлучиле младите... ама ако немаат пари за толку, шу прајме? На поклони ќе чекаме?
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.147
    Допаѓања:
    18.998
    Пол:
    Женски
    Јас последно што бев на роденден, поклонот беше скоро дупло од трошокот што јадев. Камо за мене правда?:D;(

    А ваљда знаете оти кога продаваш нешто на големо, цената паѓа.
     
    На SummerGirl и Antebellum им се допаѓа ова.
  8. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    2.124
    Пол:
    Машки
    Сигурно штом планираат таква свадба испланирано им е се, ич да не си се секираме. А јас повеќе пати кажав тука, ако чекаш од гостинот да ти ја отплати свадбата, воопшто не прави.
     
    На Anie93, Iva.T и tinkerbell22 им се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.210
    Допаѓања:
    32.372
    Пол:
    Женски
    Барај да ти го вратат поклонот, барем пола. :rofl:
     
  10. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.207
    Пол:
    Женски
    Штом правиш свадба, значи добро стоиш финансииски,и си правиш пресметки, си каниш гости според буџетот дома. Гости не плаќаат свадба. Зашо се вика "гост"? Кога ви идат гости дома им наплаќате кафе, благо,мезе ако извадите?
    Ќе донесат една бонбоњера или кафе да не идат празни раце, е исто и на свадба ,кој колку милува и колку има,толку ќе даде.
     
    На Skyler81, Anyshka, DS10 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. sweetdesires7xo

    sweetdesires7xo Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Така е.
    И зависи од буџетот на гостинот,колку може да си дозволи толку ќе стави.
     
    На Anyshka и Iva.T им се допаѓа ова.
  12. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    829
    Пол:
    Женски
    А како би постапиле во следнава ситуација:

    Кога правевме ние свадба пред 3 год. имаме мн блиски другари што ни дојдоа без поклон поради тоа што во моментот биле во криза, а средени дотерани пиц пец од глава до пети и добро стоечки се.
    Мање више поклонот не ја прави сбвадбата ако ти си решил да правиш свадба тоа однапред се планира не е туку така, но во моментот некој да ти дојде со празни раце малце е навреда кон нас како луѓе, а ние толку ги почитуваме тие пријатели и многу пати сме им излегле во пресрет...бар цвеќе да земеа како знак на почит кон нас сепак на убаво ги викаш. Тоа за лошо недај боже се носи па не за убаво....
    Сега истите тие луѓе ќе прават свадба и знам дека пријателството не е за еден ден и дека никој не е побогат за 50/100е но сепак имав чувство како на непочитување на нашата личност бар едно цвеќе да донесеа. Како да постапиме ние ве молам за совет?
     
  13. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Ај вака да ве прашам, во скоро време сум на свадба на сестрата на дечко ми. Со него идам негде година дена, а со девојчето и со зетот им се имам еднаш-двапати од нога видено. Тој на сестра му ќе и носи поголем поклон, а јас планирам 4000ден да дадам. Какво ви звучи ова?

    Реално уште нит сум снаа таму, нит сум седнала со нив едно кафе да испијам, ама сепак да прашам вака по форумов која жемска како гледа на работите. Слободно пишете ми ваше мислење :)
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.097
    Допаѓања:
    20.197
    Пол:
    Женски
    @praski4e абе сега ни со празни раце не бива, како да речам... точно барем нешто скромно или цвеќе. На гости да му одиш на некој кафенце, бомбоњера или вино ќе однесиш, не па на свадба. Не сум и за овај претеризам со поклони, ама и со скроз празни раце не бива.
    Не ви донесоа ни покасно, откако излегоа од кризата никаков поклон?
    Ај за среденоста рековме - не мора да значи дека се нови алишта, шминки итн... може веќе што имале дома, или позајмено облекло, тоа не е мерило. Јас ете кажав не одам ни на фризер ни на шминкер за свадби, се дома си правам, и најубаво се осеќам.
     
    На SummerGirl, Anyshka и praski4e им се допаѓа ова.
  15. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.123
    Допаѓања:
    7.143
    Таман си, дури можеш да им ставиш и 50 евра у плик.
     
    На eliesaab, Anyshka и Цунами им се допаѓа ова.
  16. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    829
    Пол:
    Женски
    Така е јас никогаш на гости не одам без кафенце, сокче, благо или вино или ако имаат деца за дечињата нешто. Не ни покасно не ни донесоа бар дома да дојдеа со чаши најефтино како знак на почит, на никој не ни дошло до тоа секако.
    Овие беа по фризери, шминкери, нокти, и ново си имаа земено знам дека нон стоп со девојката по мреживе ќе си пишеме што кој како си купил, спремил за таа вечер.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    522
    Може ќе е глупаво за повеќето, но јас мислам дека треба да ги "споите" поклоните. Сепак сте заедно година дена, малку ми е чудно два посебни поклони да се даваат. Битно учествуваш финансиски.
    Ние на пример од старт бевме договорени на свадби од моја страна - јас давав пари, за свадби од негова - тој даваше пари.
     
    На joy1, eliesaab, Antebellum и 3 други им се допаѓа ова.
  18. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.207
    Пол:
    Женски
    И јас исто мислам. Ти си одиш со дечко ти на свадба , шо има да даваш посебен поклон?
    Јас не би купувала посебно .
     
    На Anyshka, Iva.T и Цунами им се допаѓа ова.
  19. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    2.124
    Пол:
    Машки
    Точно. Стално за сите заеднички даваме, а и сестра ми и зетот и за родендени и за се ми давале еден заеднички.
     
    На tinkerbell22, Цунами и Iva.T им се допаѓа ова.
  20. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Он ми вика уопште пари да не давам, тој ќе даде, а мене пак тоа ми е глупо така да си отидам. Затоа и мислев така да дадам, сепак на сестра му сака повеќе да и остави, јас не можам овде пола пола. Инаку до сега само кај негови пријатели сме биле и било така, пола-пола обично сме давале.

    Фала ви за мислењата.
     
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.