Да де, ќе ги оставам децата цел месец маргарин и леб да јадат, за да се види мојата почит кон некого. Свашта.
Ама тоа си ти, а не јас. На форум и јас можам да лажам дека не се замарам ама сум искрена. Во живо луѓе списоци имаат кој што им донел и исто враќаат. Ова од другарки што правеле свадби знам. И да, поклони и покани се искажување почит. И тоа многу кажува за луѓето.
Не ли е убаво чувството да имаш пари и мераклиски да ги почестиш сите за свој убав настан во животот, пошто ти така сакаш? Моите еднашка беа на свадба во друга држава со платен смештај, требаше ли и тоа да си го покријат? Инаку кога спомнувате празно плико, го замислувам моето друштво како ми носи плико со нешто глупо ставено во него, да се сваљам од земја и да ги гушнам. Ама ова дека сум помлада генерација.
Колку шо имаш и сакаш. Не е свадбата бизнис, поклон можи и само цвеќе да е. Да ти е страв да те поканат на свадба, а не мерак веќе. Сестра ми да ми става во плик и да бројам колку има... Убо си беше на времето, имаш соба полна поклони и отварате. Па каже: (нешто ко албум со сличиња): имам, немам, немам, ќе дам на наредна кај шо ќе ме поканат... *давам ко шо налага "протоколов", порција плус нешто, зависи од близина. Ама сакам да се искорени ова и сакам да не мора чоек да се осеќа непријатно ако нема. Вервам дека тој шо дал празен плик не е од инает, туку од срам. Ако за 1000ка коментирате, тек за 0 денари има да го разбери цела Македонија.
Поклон е искажување почит за секој повод. И за дипломски, родендени, за се. Не е само за свадби. Тука глумат сите нешто не се замараат, во живо друг муабет. Овој тоа донел, тоа тој донел, какви се муабети нема.
Ти може и за фустан и шминка си дала солена сума и викаш Леле многу се потрошив, а Стојна само 1000ка за порцијата даде. И Стојна ќе е крива оти си потрошила толку пари.
Да бе, те разбирам. Мене ова ми е глупо - ем пак ќе кажам, помлада генерација сум, ич не сме формални ние. Тоа со списоци е веќе друг левел и не можам никако да го разберам и оправдам. За мене свадба е одбележување на нешто битно во мојот живот, не можам да се замислам да се обрнам кон материјалното.
Каква врска има тоа дека си помлада генерација? Сестра ми сигурно е некаде ваши години и нема вакви размислувања како тебе. За матура си носеа и враќаа исто кој колку им донел меѓусебно во друштво. Тоа што вие не гледате на подарок и покана како почит, не значи дека на другите истото не им значи. Сакате да водите инает, намерно не носеле поклон во плик, евтино да поминеле, епа носете и брукајте се, вас ќе ве зборат после зад грб.
Ти кога знаеш без прашање топ поклон да одбериш пред да знаат дури и тие шо прават свадба шо им треба, за порцијата нема да ти претставува проблем да ја дознаеш колку кошта Извини тебе кралице шо не ти го погодиле ручекот, како и се останато шо не ти е погодено. Само си требала да се консултираш со келнерот за тоа, исто како кога одиш и сама во ресторан, бидејќи не го препржиле зетот и невестата па да не покажеш почит спрема нив.
А Стојна не е должна да ми плаќа ни шминка ни свадба. Доволно е да ми дојде со добра мисла и расположение и таман.
Togash moze na pokanite da stavite broj za donacija za nekoe bolno dete Ili samohrana majka. Bi bilo mnogu originalno I togash so sogurnost nema da bides obrnata kon materjalnoto.
Е за тоа со душа ќе дадам и 100 евра, ама да им плаќам свадби не фала. Се научиле, поклон во плик. Марама една од 300 денари ќе ставам ете го поклон во плик!
Јас кога сум сама носам 35, кога сме пар 60€. Знам отприлика дека менијата се движат од 20-25€ годинава. 100$ носат во USA, со просек плата од 2000$. Да не се занесуваме дека овде со просечна плата од 500€ може да однесеме толку без да ни се наруши финансиската ситуација. 100€ од 500€ е 20% од платата. 100€ од 2000€ се 5% од плата. Доволно е да се покрие порција. Ресторанот секако е веќе платен однапред, значи имале пари па решиле да направат свадба. Веројатно не очекуваат со поклоните отпосле да платат. Ете да речеме очекуваат со поклоните да си дојдат 0 на 0. Како да направиле свадба бесплатно, да не им се наруши буџетот. Тогаш останува математиката дека финансискиот товар останува на гостите. Веројатно за некој што има големи примања, е газда на бизнис, функционер или програмер, ништо не претставува да однесе и 100, 200, 300 па и 500€.
90% од свадбите се на товар на родителите, а очекувате од нас обичните смртници да даваме еден тон пари за да покриеме трошоци за порција и плус вишок да остане.
И која е поентата тука? Баш поради вакви работи е изгубена смислата на подароците. Ако видам нешто што ќе ме потсети на некој, ќе му го купам без било каков повод. Не ќе чекам матурски, родендени или свадби. И верувај дома највеќе ми значат работите што се добиени без никаков повод.
Еве прост пример. Ако потрошиш во кафана со другарка 1500 за роденден, а ти дала поклон во вредност од 1200, те ценела или не? Збориме за ситничарење до денар.
Кој колку те ценел и ти донел, толку ќе му вратиш. Споредба на пример зошто да даваш злато на некој, што ти донел бижутерија која одма ќе рѓоса? Толку те цени, смета дека толку ти прилега. Друго е немање финансии, зборам за луѓе што се добро ситуирани. Од двете страни треба баланс, не може само едната страна да очекува нешто, а да не дава за возврат. За секоја врска во животот со секого треба од двете страни труд. Не може едниот да дава се, другиот ништо.