Можете само да ги додадете во неговиот поклон парите што тебе ти се испланирани. За да не ти биде глупаво да отидеш така. А место тоа можеш да купиш убаво цвеќе, грепки нешто. И така не одиш со празни раце.
Епа ако ти е незгодно воопшто да не дадеш, дај ги тие што ги планираш и во едно плико, сепак како пар одите, тој пликото ќе го даде ти букет некој. Ние со мм кога сме биле дечко и девојка кога сме оделе кај негови братучеди не ми дозволуваше јас да давам, мене незгодно ми беше, ама ќе купев букет и бомбоњера.
Исто како што постапиле они на твојата, така и ти на нивната. Немаш потреба да размислуваш. Немаш потреба да даваш посебно, вие сте заедно, и поклонот треба да биде заеднички.
Да јас само кажав свадба за 250 луѓе вкупно со поскромно испаѓа 10.000е. И да 120 130 од страна е блсики затоа што имам 20 другарки сите со парот се 40, имаш 10-20колеги. Роднините најблиски со партнер и ете ти ги. Ова чисто да знаат некои членки дека 130 не е многу. Плус бенд сликари добиваат порции
Сум била на свадба каде што бевме старосвати, во моментот немавме средства воопшто да присуствуваме на свадбата, ама со договор со младенците се бива. Ја плативме само црквата и носев цвеќе, нели да не сме со празни раце. Нив им беше битно да сме таму, не што ќе им дадеме. За кратко кога бевме во можност, го дадовме поклонот и никој не ни замери, па сеуште супер си живееме. Инаку поклони даваме во однос на тоа како живееме, т.е. колку сме блиски. Не може некој да прави свадба и да чека гостинот да ја плати со поклонот. А уште по мизерно ми е тоа запишување кој колку дал. Ние не правевме свадба, доаѓаа луѓе на честитки и носеле кој колку има и колку може. Ни знам кој што донесол, ни па сум гледала на тоа.
Кај мене на свадба и мојата фамилија и фамилијата на сопругот носеа пари и плус подарок за мене само. Девер ми и золва ми ни дадоа пари и мене само алка, брат ми и девојката пари и за мене обетки. Кумовите исто. Не знам, може има разлика од кој крај си, но кај сите блиски што сум била на свадба исто вака било, затоа и ти предложив.
Темава ми е доказ колку ни се изместени вредностите. Да правам сега свадба, да можам да правам, со партнерот ќе го викнеме најблиските и се што ќе сакаме е да се изнажуркаме. Затоа што тоа се памти, а не илјадарка во плик. Ако имам повеќе а знам дека ќе им се најдат, би им дала, па макар и тие со 500 да дојдат. Подобро со мала сума ама да ми ја разубават вечерта, отколку да седат на страна ко намќори. Па да зеам ексел табели да праам и да водам евиденција, а бе дали сте сериозни со муабетиве?
Малку надвор од темава... кај се потпишува пликото со пари? Мислам дека треба од задната страна ама ова што го имам е шарено и сега се мислам да не требаше внатре
Па можеш и од оние картичките и да ставиш внатре. Јас така правам и ја ставам внатре заедно со парите. Па и е не толку важно тоа, важно нема да биде празно пликото.
Која е пристојна сума кумата да издвои за поклон за свадба? Всушност не е ни класична свадба, само матично и ручек во ресторан со најблиските.
Пристојно е колку можеш толку, да не земаш кредити, позајмици за да си гостин некаде и ич да не се секираш дали некој ќе те зборува после тоа колку си дал/а
Е како не, ти вика само матично и ручек после тоа ќе има, ако за ова дава 200 евра, за свадба нека им уплати 10 илјади евра учество за стан најубаво..