и ние вака планираме некаде крајот на месецов кумата не праша што има задолженија, а ние и одговоривме само да дојде да се потпише друго ништо ,според мене мислам цвеќе, благо а за пари доколку сакаш ти
Со причина те избрале, пристојно е минимум 200 евра. Без разлика тие луѓе што прават мала прослава, ти си Кумата. Вреднувај материјално како сакаш - кога си на некој во животот важен, важно е да подариш. Не знам како воопшто предложуваат 50 евра. Толку ли немате мерак за ништо во животот? Живејте сами, одбијте кумство.
Зашто можеби некој толку има на пример во моментот.. Не викам себични да бидеме, како што викаш веројатно за битна особа во нивниот живот ја сметаат, но што ако некој ете во тежок период е? Само преку материјалното се гледа дали некого сакаш и цениш? Присуството во тој значаен момент е најбитен, е сега кој и дали знае да го цени тоа. Убаво рекоа негде погоре, дај ако не учество за стан да се уплати, кола да им се купи или нешто друго екстра вредно, па дур тогаш ќе се покаже кумата како што треба. Мислам ти давај ако можеш и сакаш, може и тоа малку е за некого. Колку има ќе даде, ако се замерува заради тоа, и даваш за да после не се обрукаш, преиспитај си го пријателството.
Абе ако чекаш Нина да даде повеќе од 100 денари… ќе дочекаш. Никаде не ве тераат да дадете нешто што не сакате, ама кум дека треба 50 евра да даде… мислам… старосватица бев кај најдобра другарка, од мерак душава да можев да ја извадам ќе и ја дадев. И поклон и девојачко незаборавно, што и ден денес ми го збори дека никад во живот поубаво не си поминала. Да не зборам околу свадбата, ко јас да правев. Сега дете има, го осипувам со работи, што се му немам земено. Матријалното не е доказ дека го цениш некој, ама дај не ме зезај.. 50 евра, дадов како регулар гостин. Оке е да сме ситни души како госпожата со станот. Она плачеше за поклонот за сикрет санта што бил 150 денари, така да овде не е репер да збори. Ама да се цепидлачиме сеа као демек 50 евра е супер…
@Feniksgirl Абе остај Нина па и ти, Нина можеби и намерно трола, може и она дава доста, од кај знаеме. Може си ја лади само вака, сака да заебава. Она знае тоа. Ја зборам еве пример не си у можност, зашо ко идиот да се осеќаш ако не можеш доста да се расфрлаш? Али вика членката, да одбиете ондак. Ок Не викам дека 50 евра се супер, башка што денес ништо не вредат, друга поентата ми беше. Срам и понижување било, е така се мисли најчесто..
Па затоа и боље би и рекла на другарката да и дадам покасно поклон, отколку да и дадам 50 евра. Затао темава боље ич да не прашуваат за поклон, пошо не може чоек да се изначуди на коментариве.
Од крајност во крајност одиш. Кој вика дека ако некој нема дека мора да дава? девојката праша колку треба. Не е наше да и го прогнозираме буџетот. Страшно. убаво кажа феникс - меракот не се мери во пари едноставно даваш пошто сакаш и ти е убаво на душата. Очигледно вие ја мерите почитта со вашето свето присуство, а да и 50 евра - and that's okay.
Mene drugarka me odbi za starosvarica, iako i kazav deka nema da ima trosoci nikakvi vo odnos na crkva i sl. samo da mi bide starosvatica. Ne prifati, kaza deka e finansiski slaba , ne i zameriv i ja sfativ i den denes sme najdobri drugarki. Ako nemate finansii ne prifakajte bitni ulogi na necij biten den ednostavno e.
Трошок е да си кум на свадба. Сестра ми и зет ми едвај најдоа кум. Никој не се сакаше. Сите им кажале дека немаат пари. Да живеевме во Мк, немаше шанси да се нафатиме да бидеме кумови.