Бакшишот за музиката ли треба да ме одврати да бидам некому кума? Едноставно е, ако сакам некому да бидам кума, а немам/не сакам бакшиш на музиката да оставам, нема да оставам, а кума ќе бидам. Музиката е платена и никакво правило не е бакшиш да добива по 1000 ден од песна од кумот. Сум била на свадби и прослави каде што апсолутно никој не оставал бакшиш на музиката и ништо невообичаено не било.
Колку пари да ставиме во плико на свадба кај другар од средно на дечко ми, не се виделе со години, не сме блиски, јас не ги ни знам, ама го поканил, и ќе одиме ете да им направиме чест.. ПС: Имајте во предвид дека сум циција..
Па ако си циција 100 ден и две грепки мислам дека се доволни. Секако сега данокот ќе им излезе у пресрет.
Колку пари да дадам за свадба + крштевка? Црковен брак поконкретно, во ист ден со крштевка. Со особава бевме порано поблиски, значи не ми е у најблизок круг денес. Дали се доволни 70 евра (50+20)?
Доволно е 100 евра за двајцата. Не ви е блиска личноста. Е сега..... Те знаеме како циција.... Мислам дека ќе заврши работа и празен плик
Малку е 100 денари, барем по 1000 денари од човек плус 2х20 евра(2400 денари) порции, значи 4400 денари вкупно, ете на 100 евра да заокружиме, јас така мислев..
Мислам дека се изместија работите последните години. Улогата на кум и старосват не треба да се поврзува со дарувања и со финансии. Како вика на крштевање, што е Господ на небото, кумот треба да е на земјата, да ги води децата како духовен отец. Ако најдобри другари те прашаат да бидеш кум, тоа е затоа што веруваат дека би биле тука за нив и нивните деца во добро и лошо. Ние кога се венчававме, маж ми го праша најдобриот другар, кој во тој момент не работеше, и буквално немав никакви очекувања ни за поклони ни за дарување. Секако дека прифати. И јас прифатив да бидам старосватица пред 15г кога работев за 10 000 мкд, не ни помислив да одбијам најдобра другарка. А оваа година прв пат бев сведок некој да не прифати да биде старосват на другар. И мене тоа искрено ми е неприфатливо. Знам дека е сменето времето, од обичен детски роденден се прави фешта не па од свадба. Ама треба да се трудиме сите да зачуваме бар некои од вредностите. На крај на ден кругот се врти секогаш. Денес имаш, утре немаш пари. Близок човек секогаш треба да имаш до тебе.
Јас па тоа Немам пари за кумство не го разбирам. Нас кога не побараа за кумови бевме во несјајна финансиска состојба и пак прифативме. Праевме шо праевме, чест направивме. Бакшиш на музика повеќе од 1000ка не оставивме, гледам погоре тоа сте збореле. За дарувањето си направивме буквално На ти го дај ми го, значи немаше трошок ни таму. Уствари па ко ќе се размислам сега, стварно малку пари потрошивме ( освен поклонот - 333 евра ) другото се беше помалку од 100€ Така шо... Ако викаш кум за пари, боље не викај. Ако викаш кум за вистинската смисла на зборот, ќе си го добиеш
Јас мислам дека не можеш да очекуваш дека кумот ќе ти ја плати свадбата, ама па од друга страна не очекувај и дека можеш да се нафатиш да бидеш кум на некого со скинат џеб.. Барем 500 евра треба да одвоиш за свадба ако сакаш да бидеш кум, за поклон и останато, облеката што ќе ја носите и фризури, тоа плус.
И кај нас кумата не донесе подарок. Слаба беше финансиски. Јас и кажав дека не треба ништо да носи. И дека нема да никакви трошоци. Само да дојде да се потпише во матично. Донесе торта. Незгодно и било да дојде со празни раце. Се почесто слушам дека одбиваат кумство. На една свадба ни кум, ни старосват не можеа да најдат.
Не прифаќаат некои со право да бидат кумови оти факт е дека е трошок ако се тера се во склад со налагањата од страна и тоа како прави мнозинството. Проблем се младите кои очекуваат дека кумот треба да се испотроши и да подига кредити ради нив. Се е работа на договор ако се сака. Само за жал многумина од свадба гледаат да истераат бизнис. Една бивша колешка на свадбата организира девојчиња да делат бонбончиња при што секој им остави одредена сума. Па згора на се после кога споделуваше импресии самата вика пресметала дека секој ќе остави бар по 100 ден и на неа и се собрала добра сума . Со пенкалце и дигитронче си направила она математика.
Во контекст на муабетот погоре, да споделам и јас. Колку и да не треба бидувањето на каков било законик (кум, старосват, девер итн.,) да се поврзува со финансии и подароци, оној кој што ја прифаќа улогата на законик чувствува доза на одговорност дека треба да ги исполни барем основните нешта. Ние одбивме кумство кај многу блиски пријатели, односно другар од сопругот. Се' уште ми е жал што го сторивме тоа, но во тој период околностите така налагаа. Со оглед на нивната близина, ни беше кажано дека би сакале да кумуваме и да бидеме присутни во нивните најважни моменти од животот. Тогаш веќе имаа две деца и отпосле ќе правеа свадба и крштевка, па кога пресметавме барем да се исполнат најсимболичните работи за тие настани беше многу. Го зедовме предвид и фактот дека сме во различни и подалечни градови, па би ни било сосема неизводливо да патуваме неколку пати во годината за родендени на децата на пример, за слави и сл., Убаво би било ама секое одење да плаќаш сместување, гориво, храна, се собира многу - а живеат во заедница, нема место да се остане кај нив. Се' на се' тогаш така размислувавме. Им кажавме дека дури и да го прифатиме првичниот настан свадба-крштевка, нема да сме во можност да бидеме толку присутни како што сакаат тие. И така, кога се собраа сите работи, вклучувајќи ја и финансиската пресметка, одбивме - на почеток се налутија, но после сфатија како стојат работите. Е сега, кумови сме и на друго место од порано, и еве ќе напишам некој ред за последниот настан - крштевка. Иако на почеток секогаш се вели, дека најважно е да се стори светиот чин, отпосле излагаат работи кои другата страна ги очекува од кумот. Еден од примерите е дека мајката замислила не знам каква торта од не знам колку пари., па следи незадоволство кога кажав дека јас веќе порачав торта и неможам да одвојам сума на пари за слаткарката која си ја избрала мајката. Летово маж ми беше избран за законик кај прв братучед. Го крштеваа и детето. Ставивме 200 еу вкупно во плик, и кога се собра пат, сместување, храна, гориво, облека купив само за сабајлето, за вечерта носев фустан што го имав, фризура, шминка сама направив, се собра значајна сума на пари која се потроши. И јас ќе речам, не е се во парите, многу убаво си поминавме и тоа се моменти кои се паметат и остануваат за цел живот., ама ако не се згоди момент во кој ќе можеш финансиски да го поткрепиш настанот, а те побараат, станува незгодно за двете страни. И треба да се има разбирање ако некој одбие, колку и да нема очекување другата страна, симболично 100 еу во плик на пример, да се платат давачки в црква што ги има кумот или законикот, ете нешто малку да се среди човек да поткупи, без 200-250 еу минимум не се врви. И со тој трошок, пак ќе му биде незгодно на кумот демек дека малку дал, и нема 500 ден да стави на музика.