Колку пари да ставите во плик за свадба?

Дискусија во 'Свадба' започната од Caramell, 30 август 2022.

  1. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.539
    Во контекст на муабетот погоре, да споделам и јас. Колку и да не треба бидувањето на каков било законик (кум, старосват, девер итн.,) да се поврзува со финансии и подароци, оној кој што ја прифаќа улогата на законик чувствува доза на одговорност дека треба да ги исполни барем основните нешта.

    Ние одбивме кумство кај многу блиски пријатели, односно другар од сопругот. Се' уште ми е жал што го сторивме тоа, но во тој период околностите така налагаа. Со оглед на нивната близина, ни беше кажано дека би сакале да кумуваме и да бидеме присутни во нивните најважни моменти од животот. Тогаш веќе имаа две деца и отпосле ќе правеа свадба и крштевка, па кога пресметавме барем да се исполнат најсимболичните работи за тие настани беше многу. Го зедовме предвид и фактот дека сме во различни и подалечни градови, па би ни било сосема неизводливо да патуваме неколку пати во годината за родендени на децата на пример, за слави и сл., Убаво би било ама секое одење да плаќаш сместување, гориво, храна, се собира многу - а живеат во заедница, нема место да се остане кај нив. Се' на се' тогаш така размислувавме. Им кажавме дека дури и да го прифатиме првичниот настан свадба-крштевка, нема да сме во можност да бидеме толку присутни како што сакаат тие. И така, кога се собраа сите работи, вклучувајќи ја и финансиската пресметка, одбивме - на почеток се налутија, но после сфатија како стојат работите.

    Е сега, кумови сме и на друго место од порано, и еве ќе напишам некој ред за последниот настан - крштевка. Иако на почеток секогаш се вели, дека најважно е да се стори светиот чин, отпосле излагаат работи кои другата страна ги очекува од кумот. Еден од примерите е дека мајката замислила не знам каква торта од не знам колку пари., па следи незадоволство кога кажав дека јас веќе порачав торта и неможам да одвојам сума на пари за слаткарката која си ја избрала мајката.

    Летово маж ми беше избран за законик кај прв братучед. Го крштеваа и детето. Ставивме 200 еу вкупно во плик, и кога се собра пат, сместување, храна, гориво, облека купив само за сабајлето, за вечерта носев фустан што го имав, фризура, шминка сама направив, се собра значајна сума на пари која се потроши. И јас ќе речам, не е се во парите, многу убаво си поминавме и тоа се моменти кои се паметат и остануваат за цел живот., ама ако не се згоди момент во кој ќе можеш финансиски да го поткрепиш настанот, а те побараат, станува незгодно за двете страни. И треба да се има разбирање ако некој одбие, колку и да нема очекување другата страна, симболично 100 еу во плик на пример, да се платат давачки в црква што ги има кумот или законикот, ете нешто малку да се среди човек да поткупи, без 200-250 еу минимум не се врви. И со тој трошок, пак ќе му биде незгодно на кумот демек дека малку дал, и нема 500 ден да стави на музика.
     
    На SummerGirl, FlowerMarija, LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.
  2. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    мнг убав и зрел коментар! Повеќето луѓе да го имаа ова размислување и ваков начин на поставување и функционирање МК ќе станеше поубаво место за живеење...какво лутење, какво филмање сакам ваква торта инт итн браво за муабетов и ти посакувам се најубаво.. Тешки времиња се а луѓето си останаа повеќето незрели ама се надевам дека вакви муабети ќе станат понормални за да можат и повеќе очи да бидат отворени, а не лелел што ќе каже комшијата, зимај кредит за свадба и ред други будалаштини
     
    На st-el, SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    3.833
    Пол:
    Женски
    Не можете да кажете дека ви е незамисливо некој да не прифати да биде кум или старосват на свадба бидејќи нема финансиски можности за тоа.
    Никој на никого не му ја знае точната финансиска состојба дома и верувајте, за некој и 100 еур се многу и не може да си ги дозволи.
    Колку и да нема трошоци сепак има, поклонот, торта, платна, свеќи, плаќање во црква, трошоци за облека, фризура и шминка. На некои места има плус трошоци на пример кумот купува бидермаер итн.
    Има луѓе кои едноставно не сакаат да прифатат долколку финансиски не се во можност да ги исполнат барем најосновните обврски. Кум и старосват се најглавните улоги на свадбата веднаш после младите, а ние како народ сме толку безобразни што одма ќе почнеме да оговараме ако некој не е дотеран, нашминкан, не донел торта, не оставил пари на музика итн. Ете затоа не сакаат да прифатат, за да не се срамат пред другите.
     
    На nextredstyle, SummerGirl, VDT2906 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Malo mace

    Malo mace Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2021
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Според мене во врска со тортата мислам дека е правилно ако некој посака ваква и ваква торта пример за мене си кажувам ако посакам торта од 500 или 700 евра мислам дека е правилно и фер да кажеш на кумовите вие дајте колку мислите за тортата друго ние ќе покриеме освен ако они не изразат поинаку .Апсурдно е да бараш скапа торта ако ја знаеш финансиската состојба на некој и не е човечки за така да се понашаме .
     
    На BubamaraM му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.650
    Допаѓања:
    23.584
    Пол:
    Машки
    Јас ќе клам отрпилика 250-300 евра во плик, и таму во црква што треба да се плати.. старосват сум иначе кај близок другар. :)
     
    На SummerGirl и BubamaraM им се допаѓа ова.
  6. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.539
    И тоа дајте вие колку мислите е нож со две острици.

    Јас сум за директна комуникација, да се каже, свадбената торта си е наша обврска. Сами си ја купуваме. Немате обрска кумови да носите торта, ама ако сакате бујрум, ќе биде пресечена и ќе се почастат годтите. Така нит невестата нит кумата увредени и со свадбарски трауми.

    Погоре пишав за барањето на торта, јас кажав дека јас веќе порачав и крај. А ако мајката сака слободно да си порача од кај нејзината слаткарка, реков мојата торта е подарок, а твојата ќе си биде домаќинска од куќата. Што беше најинтересно, имаше порачано торта од истата слаткара кај што зедов јас. Зошто не зела од таа што ми ја наметнуваше мене - еве не знам:D
     
    На SummerGirl, eliesaab, poker_face и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Malo mace

    Malo mace Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2021
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Да точно но отворента комуникација и значи да разговарате отворено дека пример за твојот најважен ден ти така ја замислуваш тортата и дека сакаш таква и се консултираш и прашуваш.Нема ништо лошо ,ама може и така да кажеш јас сакм оф 700е торта и сами ќе ја покриеме сее работа на комуникација и договор човечки.
     
  8. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    9.390
    Пол:
    Женски
    Точно.
    Значи за торта правиме муабет, торта што пола ќе се изеде пола ќе се фрли, не е ништо битно, барем според мене.
    Поважно е тортата каква ќе биде и колку ќе кошта, или поврзаноста и блискоста меѓу луѓето и интимноста на самиот чин?
    Точно дека има некои работи кои се дел од обврската на кумот ама да не претеруваме со апсурдни барања и нереални желби.

    Така се направи проблем за девојачкото на другарка кога и правевме, малце офф топик ама па и поврзано е со свадба.
    Другарка ми си имаше замислено девојачко во својата глава, да имало вакви коктели такви коктели, да имало тоа за јадење, да имало стриптизер, да имало базен и уште ред други работи кои реално коштаат пари.
    А притоа знаеше каква ни беше тогаш финансиската ситуација на сите нас, и она беше упорна до крај се додека не се испокаравме сите меѓу себе и на крај и кажавме отворено да се спушти малце на земја и да биде реална, или ќе си остане без девојачко.
    На крајот на краиштата, девојачкото го организираат другарките и она не треба да се меша, треба само да се појави и да ужива во денот, а не да наредува и да нарачува што ќе и текне па уште и да се лути кога ќе ја соочиш со реалноста.
     
    На SummerGirl, senjorita-v, Amellie и 3 други им се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.926
    Допаѓања:
    37.110
    Пол:
    Женски
    Добро, јас дека тргнав од себе и овие примери не сум ги ни сретнала до сега :D
    Кај нас се си беше онака у склад со нормалата, затоа и мислев дека повеќето кумства се такви. Ама очигледно не :drunk:

    Така шо да, сеа ми е јасно зашо се одбива :D
     
    На st-el, SummerGirl и BubamaraM им се допаѓа ова.
  10. Amellie

    Amellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    На нашата свадба најблиските другари ни беа кумови и старосвати, луѓе со кои секојдневно комуницираме, со кои со години наназад сме си направиле ново пошироко семејство, ако може така да се изразам.

    Сите нивни трошоци околу свадбата беа опционални - буквално сите. Од подарок, до плаќање за црква, китење кола, бидермаер, торти... Моето и семејството на сопругот, а и ние двајца најавивме дека ќе ги покриеме трошоците ако кумовите или старосватите не можат. Ќе се откажеа други непотребни трошоци, ама свадба без тие сведоци немаше да се направи (ако се само финансиите пречка).

    Во ова време каде што сите си завидуваме, замеруваме, се затвораме во некои свои светови, не можам да разберам невести и младоженци на кои им е поважно, на ваков важен ден како што е свадба, да имаат покрај себе некој кој може да плати сѐ, а не луѓе кои им се најблиски.

    Што се однесува до подарок за свадба, гледам и на форумов сме секој со своја тарифа :) Мојата е 50 евра од човек како некој минимум. На мојата свадба имаше и фамилии кои дојдоа со 4.000 денари вкупно и никој не им замери - тоа се луѓе кои во моментот толку имале, а и тие пари се навистина многу за нив.
     
    На nice-girl, st-el, nextredstyle и 6 други им се допаѓа ова.
  11. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    9.390
    Пол:
    Женски
    10000000% agree :handshake:
    Пиши пропало на тие луѓе што им се побитни парите и материјалното од човечноста и пријателството.
    За жал во денешно време се повеќе луѓето се материјалисти, со изгубени морални вредности, заслепени од лакомост и празни во душите.
     
    На st-el, nextredstyle, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    1.974
    Пол:
    Женски
    Кумовите секако не ја купуваат невестинската торта. Невестинската си ја порачуваат и плаќаат невестата и младоженецот и е таква каква што си сакаат, таа од кумовите е друга и си носат они каква сакаат.

    Го цитирав мислењево затоа што ми дојде прво ама и погоре прочитав како се мешаат овие две торти.
     
    Последна измена: 8 август 2025
    На nice-girl и Knizhevnik11 им се допаѓа ова.
  13. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.539
    Така е, затоа и се нарекува невестинска или свадбена торта. Ама во последно време се изместени поимите и се очекува од кумовите да ја платат.
    Затос и треба кумовите ако сакаат да си донесат, ако не, не мора, не треба да е обврска.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    1.974
    Пол:
    Женски
    Јас во последниве две ипол години правев свадба, на една бев кума, на други две старосватица и никој од нас не очекуваше дека кумовите треба да ја платат таа торта, затоа и ме збунивте со мислењата.
     
    На BubamaraM му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.539
    Така треба, ама постои друга група која очекува.
     
  16. Malo mace

    Malo mace Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2021
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дрка во нашиот крај ја викаат кумска торта и до сега на кој и да сум била на свадба кумовите ја плакале и ја купувале тортата освен во 2 3 случаеви каде едни кумови учествуваа во купувањето на тортата зошто им бепе прескапо тоа што го сакаа младоженците а другите си ја купија младоженците цела торта ..така да не знам
     
  17. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    4.811
    Пол:
    Женски
    Колку пари би ставиле во плик за свадба на внук/внука од прв братучед?
    Не сме многу блиски (се гледаме еднаш на 3-4 год). Знам и дека зависи од можностите, но ете, некој предлог за сума би ми бил добредојден.
    Инаку, размислувам за 4-5000 ден (одиме двајца+мало дете).
    Што мислите? Да не е малку? :^)
     
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.408
    Допаѓања:
    133.781
    Пол:
    Женски
    Штом не сте многу блиски, доста е. Или додајте уште 1000ка.
     
    На SummerGirl и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  19. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.812
    Пол:
    Женски
    Прв пат читам старосвати и кумови да плаќаат останати работи како торти, венчавки итн. Кумот на мојата свадба не плати ништо, не ни очекувавме. Можеби се работи само за други обичаи од град до град. А имаше кај нас пликоа и со 2000 денари, не можеш да се налутиш на таквите дека и тие 2000 не знаеме како ги одвоиле.
     
    На VDT2906 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    3.833
    Пол:
    Женски
    Ако сте во можност гледајте барем порциите да си ги покриете. Денес многу тешко (особено во Скопје) се наоѓа ресторан кадешто порцијата е под 30 евра, а не е дамо порцијата туку и музика фотографи торта итн. Така што мислам дека тоа е минимумот, барем што јас би го ставила.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.