Никој не збори за одење со празни раце, ама по вашава логика, јас може да си напишам на поканата дека по свадбата планирам светот да го шетам и сите минимум 300 евра да остават во плик. Ко, свадбата ја правиш за да прославиш што си стапил во брак, или пари да направиш? Ептен мизерно делува, кога се гледа намерата.
Кој колку има можности толку ќе даде. На најблиските секако повеќе се дава и повеќе ти дават од најблиските имавме по 200е некаде од сестра ми и зет ми 1000е ни дадоа тоа беше многу претерале со парите, кога видов се изненадив ептен, ама штом имале мерак толку да дадат ќе се караме ли.
Зошто сите ми се блиски. Како блиска сум била поканета, како блиски ќе се поканети. За специјализација добив поклони и суми колку што им донесов нив за свадби, па сега види што значи взаемна почит и дали луѓето не памтат што си им дал. Сигурна сум дека памтат, колку сум носела, толку ми било вратено. Зошто не правев свадба уште, а ова беше како поголема прилика за прослава во кафана со посебна порција за секого, затоа добив суми колку што сум давала. Вие може да се цинцарите, но да мислите дека другата страна нема да ви замери, се лажете. Вие си знаете пак ќе кажам, вас ако ви е толку сеедно и гајле дали блиските нема да ги навредите, тоа е на вас. Јас не сум себична, кај сите блиски што сум била викната сум одела, сум покажала почит, сум однела достоен подарок и знам дека немало незадоволни. Моето си е направено, мирно спијам знаејќи дека секој бил испочитуван и никого не сум го навредила со празен плик или смешни минимални суми од инает и злоба.
Ако е минималната сума од немање тогаш оправдано е? **** И стварно не ми зе верува дека гледате брендови или одите по продавници да проверите цена па памтите колку некој потрошил за да вратите исто.
За глупости се расправате. Некому е битно да прави свадба, некому не. Некому е битно да е свадба од 100.000 евра, некому не. Некој мисли дека не се мерат поклони, некој мисли дека се мерат. Некој сака да му носат пари, некој сака поклон, некој исти к.. му е. Кој-како сака нека прај. *Еднаш бев на свадба кај што имаше тројца асли германци. Касичка за пари им донесоа на младите.
Мене па ми е глупо да одбирам мени, според ситуираноста на гостите. Тој шо части, тој е одговорен за трошокот, не гостите.
Немам блиски пријатели материјалисти, од блиски роднини кои потенцијално би правеле свадба, сите се братучеди и братучетки 5-6 год +/- што размислуваат потполно како мене (знам пошто сме се расправале со постарите за ова ). И така... не знам како да ви кажам дека во мој свет не постои памти па врати.
Денеска е греота некој на свадба да го поканиш. Некој луѓе немаат крај со крај да врзат, а не па да дадат толку пари за поклон, па уште замерки колку пари ставиле. Не ми е јасно зошто некои прават свадба, а очекуваат со парите од гостите да си ги подмират порциите, важно да се покажат пред народот дека свадба правеле .
А зошто не сакаш да погледнеш надвор од кутијата? Мене ми е сосема верно дека можеби работиш во фирма каде што сите зимате 1000+ евра плата и глупо ви е да давате помалку од 5000 денари за поклон, ама верувај дека има и луѓе што не се замараат. Може не во твоја околина, ама постојат.
Само што ти и на тие што од немање дале толку ќе им вратиш исто. Мене да ми погодиш поклон, макар и 100че чинел, абе радости сум.
Зборуваат како не зборуваат, прочитај ја темата ќе видиш. До сега ниту сум слушнал ниту напишал некој вакво нешто, и со твојот скромен поклон никој не богатиш само е гест и почит кон тие што слават и ништо повеќе, се спротивно на ова е безобразлук, правиме муабет доколку си во можност, ако не си ќе кажеш наместо да се правиш будала и да даваш празен плик. Единствена си
Не знам како не си ја гледаш грешката во сопственото размислување. Ти ако имаш, а мислиш дека другиот има, уствари нема, ќе го сметаш за непочит. Не знам што односи негувате во фамилија, ама ние не споделуваме трансакциска сметка со останатите за да ми прават прерачуници за тоа колку ќе им однесам на свадба. Како порано правеле свадби за пусти сукала и јамболии и пак биле среќни и весели? Сега се се прави колку да се покаже колку имаме, а всушност чекаме гостите да ни платат за тоа ние да се покажеме колку имаме, а немаме. Пиши си во поканата кога ќе правиш свадба, колку е порцијата и персонализирај за секој колку ти должи според твоите минати дарови. Срамота е или сепак не?
Исто колку што тебе ти е неверојатно тоа што го кажав, толку ми е мене неверојатно да познавам некој што прави списоци на поклони. Сите живееме според различни филозофии. Spoiler Во спојлер ставам затоа што многу филозофирам, ама навистина, не правам одлуки според туѓи постапки, однесувања итн. туку се запрашувам што јас навистина сакам и тоа и го правам. Сакам да сум личност која ќе направи свадба која ќе се од срце слави и немам време да се замарам со ништо друго. Да гледам кој колку купил мене лично ме труе, никој друг.