сакам да си купам риба за да чувам но онаква како златна Дали некоја од вас знае колку пари би можела да биде
хехе па различна е цената во зависност од големината на рибата. не знам од каде си, но тука во Скопје во Амазон се движат од 100 до 300 ден карасите (златните риби) тие се наједноставни за чување затоа што можат да живеат во кугла без додатна опрема и се хранат 2пати дневно.
фала emce-kremce a да не поставувам ново прашање па тука ке прашам а да не знае некој колку пари е мал аквариуум ?
Najpametno da otides vo pet-shop..i da se informiras za se sto te interesira...nema da ti odzeme mn vreme..a i ke vidis razni zivotin4inja..pa namesto ribi moze ke si kupis nesto drugo..hh...xD
не ми требА друго животно. Имам дома цело животинско царство. Мачки, 4 мали кутриња, папагал само риба ми фали Инаку ке одам овие денови, прашањево го поставив да знам отприлика колку пари би ми биле потребни ops:
Златната рипка имала само 3 секунди меморија. Додека и ги кажеш желбите таа ќе заборави и кој си и што сакаш.
3 секунди??? Знаев дека рибите кратко памтат ама до толку? Јас гои жалав дека им е досадно во аквариумот затворени нон-стоп, а нив цело време да ти им било интересно, цело време нешто ново гледаат
јас едно време имав златни рипки ама ништо од желбите хаха ,а јас имав така среден аквариум ни мн голем ни мн мал го купивме 700 ден
Цената зависи од големината на Карасот. За големите и поубави цената е 250-300 денари. Куглата е отприлика 800(пак се зависи од големината). Храната 50-60 денари. И јас кога ја купив ми рекоа дека не и се потребни пумпи филтри и други тракатанци, ама ќе видиш дека водата станува лом после 2-3 дена па големо олеснување е филтерот.
во детската соба секогаш имам по 2 златни рипки во аквариумот ..одвреме навреме ми умираат ама тука не се многу скапи ..по 100 денари се и си купувам ..сега сакам црна д а си земам да сменам малце
Ај некој ако знае нека ми каже по колку време живеат карасите? Сакам и јас риби ама кога ќе умрат ќе плачам .. Кажете ми по колку треба да се хранат (имам слушнато дека ако ги прејадеш умираат а незнам дали е точно тоа) и на колку време треба да им се менува водата.. обожавам риби ама незнам како да ги чувам
може некој да ми каже каде низ центар има продавница за миленичиња, пошо не сум сретала а сакам да купам рипче ????????????????
караси-златни рипчиња може да купите во Амазон спрема Соборен Храм и во Акватика централ карши Католичка тие се две што ги знам во центар а мислам дека има и кај Војо,продавницата му кај хотел Амбасадор близу Соборна. Цената им е од 200 па натака зависи колкаво рипче ќе земете и кој подвид е . а куглите се околу 700денари ,но за карасите ти треба филтер и поголем аквариум оти растат поголемки. Во Акватика централ можеш да си порачаш аквариум по твои димензии и ти го прават за ден два. Тоа дека рипчињата имаат само 3секунди меморија е апсолутно погрешно. Карасите живеат по 20-30години ако се чуваат како што треба, терба да се хранат 2 пати дневно по неклку трошки од храната. Ако сакаш да чуваш рипче во кугла без филтер земи си борец,многу се убави,живеат до година ретко две.
нешто у последно време фрлив мерак за рипчиња и у план ми е да си купам 1 или 2 тоа што сакав да ве прашам колку пари е храната за рибиве и колку пари е да си порачам аквариум со филтер и колку е куглата благодарам однапред
Храната за риби е 40 -50 денари во кутивче,а во кеса е 20 мислам.Ама мислам дека е поздрава таа во кутивче па затоа и таква купувам.Сега имам бета-борец,и го чувам 7 месеци,а кутивчето беше полупразно,па немам до сега купено,уште таа ја користи,што значи треба 1 кутивче за цела година,ако чуваш една рибка.Куглата јас ја купив 500 мислам ама најголемата,а средната мислам дека е 300,од Амазон јас ги земам.Аквариум и опрема можеш да земеш од Амазон,или некој друг пет-шоп,каде вршат порачка,или пак на стаклар.Не е многу скапо,и сето тоа зависи од колку литри сакаш да биде.Инаку,јас имам кугла од 5л,најголемата и таму ја чувам.Еве и сликче.Еве слики и како ми е средено,школки и полжави од море што сум ги собрала,не е нешто посебно,ама сакам да ставам и песок,каде можам да најдам,во пет-шоповите има ли?И колку е ?
Колку и да ви изгледа дека рибите се задоволни и дека ништо не им фали во кугла, се лажете. Доколку сте решиле веќе да чувате риби ќе си купите аквариум ,помпа и греачи итн. Јас имам другарка која има златна рипка веќе 8 години огромна стана цела педа ,ама си барат внимание , хигиена ,храна , а не во кугла да се бори за воздух. Друго сакав да кажам . Тоа една година најмногу живеат тргнете го настрана ,ако ств се грижиш како што веќе реков ќе живеат мн години. А нема смила да не се грижите за нив , а веќе сте ги купиле , сте ги затвориле и сте свршлие работа НЕ мора да ги чистите помпите барем еднаш неделно и да се хранат двапати дневно . Јас имам златни рипки веќе две ипол години
Дали може да ми кажете за 1 риба колку литри вода треба?..Имам аквариум од 25 литри и ме интересира колку риби би требало да имам?