Штедам само во граници на нормала, ако некој производ исто ми брка работа и сум увидела дека цената не е репер или дека поскапиот од тој вид не е и поквалитетен, може да го земам и поевтиниот, ама ова се однесува само на некои едноставни, не многу битни производи, на пример, средствата за санитарија, сите до едно ми мирисаат грдо, а сите содржат тешка хемија, така да исто ми е кое ќе го земам. Понекогаш знам да купам производ кој редовно го користам, а е на акција и така, тоа ако може да се нарече еден вид штедење. Исто така, најслободна сум навечер и по дифолт машина за перење пуштам речиси пред спиење, така што ми се погодува да работи на евтина тарифа. Генерално, не штедам нешто кој знае колку.
И јас не трошам многу пари. Повеќе имам заштедени отколку потрошено. Кога родителите ќе ми дадеа пари јас гледав што помалку да потрошам за повеќето да ги заштедам. Никогаш не знаеш кога ќе ти притребаат пари
Трошам колку што можам да си ги испружам нозете на чергата. Штедам колку можам повеќе, секогаш сакам да си имам нешто на страна.
Па дали штедам не знам али внимавам колку и на што трошам, не се расфрлувам ниту пак се стегам на златна средина сум. Моментално само мојата плата ја трошиме на мажот ми ја чуваме.
Колку што можам повеќе, но не по секоја цена. Порано се кратев ептен и штедев, дури и нешто што ми беше ептен ќејф не си купував.
И штедам и трошам, зависи до месецот Заштедата во банка никако не се чепка, освен ако не сакаме да се подновиме со нешто големо, но гледаме што побргу да го вратиме минусот. Мм да е поштедлив уште подобро би било
Трошам повеќе од што ми треба а ми остануваат окулу 30% од приходите. Мислам дека може среќно да живеам и со 30-40% од плата. Поради тоа не се замарам многу со работата и не се претресува дека треба уште пари а без проблем ќе најдам уште многу работа. Ама ме мрзи и не ме прави среќна толку да работам. Многу малку трошам и ми треба од тоа што го имам и можам. Најверојатно главна мотивација да работам тоа што го работам се други луѓе. Не баш убаво и недобра мотивација што ме нервира ама ај нема да биде вака уште долго.
Трошам најмногу на жени коли и јадење а како секој нормален способен човек и заштедувам солидно.. Се на се задоволен сум на тоа поле и немам никаков проблем
Највеќе пари трошам на храна, бидејќи сум пребирлива, не јадам се, не јадам секаде.. Мислам дека доколку не би била толку пребирлива, барем 300 евра повеќе би ми останувале на месечно ниво.
Живеам во стан кој ми е поклонет од моите родители бидејќи работам во друг град. За сметки(вода,струја,чистачка и одржување во зградата,телефон,интернет,телевизија,за превоз) обично 12.000 денари плаќам. За храна сум пребирлива и трошам доста па обично уште 10.000 денари си трошам за храна. За облека и козметика трошам околу 10.000 денари. За шетање околу 10.000 денари. За одмор ни плаќаат родителите и мене и на сестра ми и ни даваат одредена сума на пари за храна и други трошоци. Значи трошам две минимални плати, а како заштеда ми остануваат околу 18.000 - 20.000 денари.