извини, шо плата зимаш, ако трошиш околу 42,000 плус имаш заштеда од минимум 300е. сериозно. сакам и јас така да живеам со тоа шо највише трошам на храна, искачање и цигари козметика и облека само по потреба. Шминки ми траат со месеци само очи шминкам
Околу 1000 евра земам плата или подобро кажано приближно 3 минимални плати.Работам работа поврзана со правото.
Пробав да направам буџет и сето да ми се состои во плаќање сметки и храна, а желбите да ми се сведени на минимум и до Нова година да бидам на позитивна нула и после веќе да заштедуваме пари и за одмор. Засега единствена маана ми е што јадам многу често надвор од дома, а тоа ме кошта дупло пари. Платава не ми е многу висока, и приходите општо што ги имам во месец од плата + кирии што земам пари ми се блиску просечна плата или нешто над. Засега го вадам максимумот.
Не водам евиденција колку, но секогаш ми останува дел од плата во заштеда. Сите пари ги оставам на сметка, вадам по потреба. Со картичка плаќам претежно. Дел по дел, имам добра заштеда зачувано. Знам да менаџирам со пари, колку и на што да трошам. Тешко на тој што од месец до месец му трае една плата.
Јас и штедење сме стварно два света ама се трудам. Цел ми е 10к да тргнам. Претходен месец едвај успеав 6к, ама зато овај месец успеав 12к. Одам низ процес да се прашвам дали вистина имам потреба од нештото (оти обично трошам пари на глупости) и да велам не. Доминантно пари ми одат за нега на животни и храна за мене и за нив сега. Ќе тргав и по 5к за облека ама такви месеци имам шо тие 5к одма тој месец ги трошев. Идејата ми беше дека стварно не купвам облека секој месец. И ако тргам 5к конкретно за то, во иднина ќе имам поќе пари guilt free за нешто поскапо или поќе работи во едно купување ако сакам.
@theowndemon убаво што ја активираше темава во 2025. Ме интересира дали успевате да заштедите нешто со моменталниве цени, со кредит, со купување храна итн и пак да имате нешто да си приуштите за себе, за домот или само на нас ни е чудно ова што едвај имаме да заштедиме некои месеци.
Картицата ми е во минус 1000 еура,откако не работам 2 месеци,е треба да вратам пари на банка,за штедење ако работиш за минималец,тоа го нема.Инаку добро е да се има план.
А, не. За то е задолжена @Bitter-Sweet Мене ми е чудно дека можам ама имав многу "скриени" трошоци шо се ситни суми па не думам дека ги давам. И ко напрајв математика и колку се бери малку по малку ... мораше да сменам нешто.
Јас не го разбирам концептот на пари и сериозно размислувам да почнам да читам книги или нешто на оваа тема, пошто мислам дека е skill кој секој возрасен треба да го има. Имам баш проблем со несовесно трошење и секогаш кога ќе дојдам до вишок пари, ги трошам на глупости. Секој месец сум во минус затоа што не знам да се менаџирам. Имам лоша навика на трошење на пари што ги немам, пошто картицата може да ми оди во минус и као ќе си купам нешто со мисла дека ќе го надокнадам со наредна плата и помалку ќе трошам следниот месец, ама тоа никогаш не се случува. Почнав да се грижам дека еден ден ќе сум во сериозни долгови. Не ми е јасно како да проценам дали нешто можам да си дозволам или не. Пример, средина на месец е, јас сум земала плата на почетокот и трошам на стандардни работи како храна, кафиња и сл. и имам доволно. Одам во продавница и гледам фармерки - како да проценам дали можам да си дозволам да ги купам тие фармерки во тој момент или не? Имам чувство дека можам на шопинг само на крај на месец кога веќе ми е јасно каква ми е финансиската ситуација после сите трошкови. Yeah, срамотно е ова.
Тешко се штедат пари, лесно се трошат. Независно колку ги имаш. И кога земаш поголема плата, трошиш, опуштен си. Кога земаш помала се стегаш, ама пак трошиш. Сега сум во период на штедење, имам многу други трошоци. Пари многу на излегување и одење по ресторани не трошам. Еднаш/два пати месечно со маж ми одиме на ручек, исклучок нека се месеците во кои имаме поводи во семејството па почесто излегуваме. Исто така секој ден на кафиња не излегувам. Облека, се трудам да не купувам секој месец, или барем на едно или две нешта. Претходниот месец свадба/роденден/годишнина од брак. Овој месец секако планирам да си купам нешто за black friday. Другиот месец, нова година. Секој месец се наоѓа нешто.
Неколку практики кои ми помагаат да заштедам: - Немам минус на картица. - Не јадам од надвор (ресторани, достава, итн). Си носам храна и на работа од дома - ем не се фрла, ем се заштедува. Во Скопје да се јаде од надвор а да е разновидно (да не е секој ден кифла и јогурт, пица, бургер) е препрескапо. - Префрлање на одредена сума на пари на штедна веднаш штом земам плата. Па после се менаџира на месечно ниво со парите што останале. - Дружење со пријатели, роднини дома. Па тоа какви даскички за сервирање имам и алкохоли за пиење, board games, активности - да си поминеш поубаво од било која кафана/кафиќ. Одамна ми е поминат меракот за гужвање во прескапи локали, гушење во чад од цигари, ставање сториња, и општо искачање затоа што така треба и треба да се биде виден. Од друга страна, затоа што не излегувам често - кога ќе излезам можам да си дозволам да потрошам колку сакам без грижа на совест. - Не идам по молови. Одиснталирав апликација Зара, Тему, unsubscribe-нав мејлови од разноразни брендови, помалку време на социјални мрежи и оп - гледам како магично не ми требаат работи што претходно ми носеле минлива среќа. Генерално, сево ова го правам за да имам пари за патувања, нови искуства, вложување во себе (си плаќам мастер), да си се возам со кола, и да пробам колку толку да видам што е тоа што вистински ме прави среќна, а не е водено од капитализам или желба за „припаѓање“ кон некоја група. И сево ова го правам без да се чуствувам дека си ускратувам. Не е правилно, ниту универзално ама за мене има смисла И секако, немам деца, ни кредити засега, ниту пак родители на кои им треба моја финансиска помош.
И јас исто вака Не трошам пари на глупости, односно храна во ресторани, кафичи, молови и тн. Ама знам еднаш во месецот да седнам во ресторан и да си се опуштам. Во кафичи ретко идам.
Имав доста проблем со штедење, порано многу почесто знаев импулсивно да трошам пари на некои глупости ама во последно време се трудам да тргнам на страна барем 7000-8000. Најмногу пари трошам на козметика, за облека не сум била никогаш некој фанатик така да гледам да си купувам она што ми е најпотребно и ќе го носам со години и скоро секогаш гледам да купувам на некој попуст. Нешто што доста ми има помогнато е кога ќе се залетам да купам некој производ прво да се запрашам дали стваарно ми е потребен па после да одлучам дали ќе го купам Излегувањето во кафичи го имам дооста намалено, ако порано излегував скоро секој ден, сега 2 пати неделно. Со маж ми понекогаш си дозволуваме да седнеме на ручек/вечера ама тоа 2-3 пати месечно и во ресторани со поскромни цени. Исто така внимаваме и при пазарење во маркети, одиме со конкретен список и само по него се водиме.
Јас не водам рачун колку трошам а колку штедам месечно. Но од 3ипол години работа можам да кажам дека имам поголема бројка на картичка заштедено, што значи ми остануваат пари, не ја трошам цела плата месечно. Картичката не ми кредитна исто така, што исто така ме кочи да не испотрошам сѐ. Но вака на месечно ниво најмногу пари ми одат на: кирија, храна, сметки и кола. Не излегувам секој ден или секој викенд на трошење, мајка ми ми праќа храна понекогаш па од тоа јадам, киријата не ми е голема, а во некои случаеви и моите ми помагаат (секако, јас не им го барам тоа) и тоа ми помогна да заштедам бааѓи. А признавам дека на глупости некогаш трошам пари и на Тему. Само не е до таа мера да ја видам сметката во банка и коса да ми се крени. Можеби треба да почнам да рачунам колку трошам месечно за да имам идеја отприлика. Следен голем трошок што ќе ми ја олесни сметката е одморот што го планирам за в година. Но на искуства, патувања, спомени во рамките на можностите никогаш не се штедам.
Колку пари трошите, многу малце само тоа што баш ми треба не се расфрлам по глупости , не патам да имам ајфон или маици блузи во различни бои штедите/ и повеќе од доволно , додека сум млада и можам да работам