Ме иритираат јаки парфеми. Јас купувам со слаб мирис. И тоалетна вода користам. Имам и од дезодорансите за цело тело. Маж ми купува парфеми со јак мирис. Кога ќе стави парфем на мене ми се Оние парфеми купени од пазар се
Ако е јак парфем - 4 пати. Послабите - околу 8 пати. Спреј за тело - не бројам. Преку ден секогаш носам во чантата спреј за тело, а навечер парфем. Имам лоша навика која никако не ја искоренив, знам и во косата да се изнапрскам. Сакам парфеми јаки, но сакам и само мирис на перени алишта, на чисто, на шампон... Големо no no ми е јак антиперспирант/дезодоранс, мислам дека ми мириса полошо од комбинација пот со парфем. !!! Важно е да се знае - не сум небањата. Познаничка, бањата, се прска и на лице и в уста (со парфем де).
Мене искрено најгадни ми се оние в теретана се изнавежбале и после вежбање се прскаат под мишки. Мислам втф, сакаш да си биохазарден и да затрујаш луѓе?!
Jа затоа се шприцам со тешки парфеми, база мошус и амбер, па и мушки, за да си ја истакнам мојата big dick energy.
Oва е точно... сакам убави миризби и парфеми, ама ако седнe до мене некој пренапрскан, ми се слошува. Целта на парфемот е суптилно да мирисаш убаво...
Како не ве боли глава од толку прскање? Парфем максимум 3 пати, сакам тешки парфеми и ќе се угушам ако претерам. Плус мигрена ми се активира. И близу до луге работам. Како растам ( стареам) машки парфеми повеќе ми пријаат. Joop последно купив, од него еднаш, јак ми е инаку. Дезодоранси во сите агрегатни состојби, повеќе пати дневно. Крем или стик, ретко спреј
Три пати, лево и десно на врат, и еднаш на рака кај пулсот и го тријам прснатото со другата рака. Плус и се бањам.
Само што дојдов вака да пишам.. исто ставам и јас Ставам различни парфеми за различни пригоди и различни годишни времиња
Три пати, под едното уво, под другото и на вратот. Некаде прочитав дека под уши се става парфем, не знам колку е точно, ми има останато тоа во глава. Порано сакав да мирисам на бебе проститутка, сега сакам полесни, свежи парфеми. Сакам унисекс мириси. Плус и се бањам/туширам.
Со јаки и трајни парфеми се прска два, три пати максимум. Од многу прскање се постигнува контра ефект, парфемот само гуши и не доаѓа до израз убавиот мирис, ниту се остава убав впечаток. Со свежи и лесни парфеми знам да се напрскам и по повеќе пати. Извини, а како мириса бебе проститутка? Бебе проститутка?! Втф.
Од филм е.Ванилесто, карамелесто, благо, шеќерно. Го користам како фраза за да ги опишам и моите парфеми.