Da se napram mangup i ds i recam lele subo mirisas na bebe prostitutka.. Ocekuvam vrel shamar i da si zamini
Да, имам блиски на кои им се слошува и од средно јаки мириси, па камо ли од прејаки. Јас сум потолерантна, ама пак не за претерано. Па, уште кога ми приоѓа некој препрскан ми иде да бегам. И ме нервираат оние кои мирисаат ем на парфем, ем на цигари. Тоа ми е смрт.
Јас го сфаќам во смисла демек има луѓе кои се бањаат еднаш месечно, па пробуваат тоа да го сокријат со парфеми. Знам многу такви и на сите не можеш да им се приближи во радиус од 7 метри.
Е сеа ти, друго е кога тоа го кажува жена а друго маж. Ти како маж ако го кажеш тоа, за навек ќе бидеш означен како педофил
Тотално си во право. Имав колешка што користеше некој си цветен дезодоранс со хардкор бугарски мирис и плус Dior J’adore l’Or. Луѓе, не сте свесни која главоболка беше ова- не се седеше во канцеларија. Ај тоа, се прскаше внатре пред сите и ги мешаше овие два мириси Јас го замразив овој парфем од тогаш, не сакам да го навидам. Си сака осет со парфемиве дефинитивно. Јас пример од многу парфеми сум алергична и стварно имам реален проблем. Не ставам прејаки мириси на мене- користам само дезодоранс секој ден, а парфем не ми е морално. Ако имам понежен парфем, се прскам 3-4 пати, а појак само еднаш за да не тригернам алергија.
2-3 пати, користам оригинални ама нежни, овошни парфеми. Го осеќаат тие што се во моја близина, не мора сите да ме намирисаат од километар.. Дезодоранс користам еднаш дневно Познавам девојки кои на пот ставаат дезодоранс и мириса одвратно, дури се прскаш ќе маниш еден туш, не знам што е тешко
Под спреј мислев на body mist, не на дезадоранс. Можби затоа членката помисли дека го користам како замена за туширање
Супер тема.Интересни и инспиративни одговори. Супер е и членката која даде одговор околу туширањето, не инспирираше и нас останатите да се правдаме дали и колку се тушираме, а и какви парфеми користиме. Јас ете споделив дека долго време мирисав на бебе проститутка. Обожавам теми кои не се баш разбрани со спонтани и откачени одговори, не мора баш да бидеме постојано сериозни и пристојни нели.Тоа е убавината на форумов.
Зависи каков парфем е во прашање. Ако е појак, 3-4 пати (флитам на врат, една рака, друга рака и деколте). Ако е послаб може и 5-6 пати. Оригиналните парфеми и поскапите што ги имам што траат подолго време мирисаат и неколку дена после тоа, а овие другите некогаш знам и два пати да си флитнам во денот по 5-6 пати . На кратко кажано се бањам во парфем.
Многу, затоа секогаш купувам некој евтин, буквално се бањам со парфем оти не ми работи носот. обичен и оригинал за исто време ги трошам и не ми е исплатливо па си одам на поевтина варијанта
Каква врска има тоа со бањање. Прво се бањаш, па потоа парфем, поубаво е на бањата Инаку јас прскам по 2/3 пати
Атер темава, запазив денес. Со спреј за тело практични "се капам". Со парфем прскам х2 на врат/уши и х1 на глужд од рака (и втривам на другиот глужд пред да се впие).