Јадам по 5-6 пати на ден, ама не да прејадам туку онака колку да се заситам. Обично кога спијам до покасно веднаш од спиење јадам, а ми се случува кога седам до покасно на компјутер да умрам од глад. Јадам повеќе пати, но помалку. И секако измеѓу некои грицки,благо и овошје и зеленчук.
Зависи од денот,зависи колку сати сум дома,зависи од јадењето,расположението итн итн... Иако најчесто минимум јадам 3 пати на ден...Се случва некогаш да јадам помалку,ама само кога сум болна,или цел ден сум излезена и мислите ми се насочени кон нешто поинтересно ...Едноставно кажано ако има нешто благо до мене ,или пак мевце,нема да помини така,незабележано. Исто важи и за овошјето.
Јас јадам 2-3 пати на ден. Некогаш и повеќе некогаш и само 1 јадам. Зависи од тоа кога станувам и што правам во текот на денот.
Сеа на летниов распуст јадев по 2х на ден бидејќи станам во 2 саат во 4 јадам и вечер околу 10 и толку,а инаку сеа коа ќе почнеме школо си јадам по 3 пати
хмм.. јас јадам 3 пати на ден кога ке станам еднаш после 3-4 саати пак ии на вечерта обавезно a после јадење нешто грички и чоколадоо мхмх
Порано јадев многу често ама сега имам некои проблеми со желудникот па не можам да јадам многу, така да 4 пати на ден највеќе ама по малку јадам.
Порано многу повеќе јадев, сега во последно време бидејќи станувам во 2 јадам два до три пати во текот на денот, некогаш се случува и само еднаш да јадам и после да преживувам со грицки и благо
Сега некое време ич не јадам. Не чувствувам глад, тоа е страшно. Едвај еднаш на ден ако ме натера некој сосила од дома, морам да се искачам до 50, и над тоа.
Колку ми се јаде толку. Секогаш кога сум гладна јадам кога сакам и колку сакам. Некогаш знам да јадам само два пати дневно а некогаш јадам и по пет-шест пати. Ама зависи што јадам и колку јадам. И јадам многу, а пак сум слаба. -.-
Јадам зависи од денот никогаш не сум јадела доручек ручек вечера јадам кога ми се јаде понекогаш е само 2 пати во денот понекогаш 6 па и 7 пати xD. Само во текот на денот морам да имам доручек, од кога ќе станам неможам ништо да направам без прво да јадам. Одам во вц се мијам и одма јадење ако немам ќе продолжам во кревет се дур не јадам .