Во последниот месец јадам еднаш на ден, најчесто ручек бидејќи сакам да симнам некое кило макар што некако не ми успева
2 пати во денот еднаш од 8 до 9 ми е појадокот и уште еднаш кај 5или 6 и тоа е понекалорична храна,и никако мрсна храна или благо
Не мора да значи дека ако јадеш 4 пати на ден ќе се здебелиш, некој јаде и по 6 пати и пак е слаб. Тоа зависи каква храна јадеш т.е што јадеш ти тие 4ри пати, сигурно ако ужинката ти е јаболко не очекувај да се здебелиш Ја јадам 2 пати онака асално јадење(ручек и вечера, секогаш појадувам овошје), а после тоа ми се збираат ко 4 ужинки, измеѓу јаболка, мандарини, значи овошје, понекогаш и интегрални и јаткасти плодови(бадеми, лешници, морски оревчиња)
јас јадам само ручек, ама обилен.. Неможам да појадувам иако знам дека е најубаво да појадуваш од сабајле, но ете не сум научена така. Едно кафе и сита сум... За вечера може да каснам нешто, но тоа е ретко. Многу сакам готвени работи, манџички, супички, мевце, па ретко мачкам нешто што би го нарекла вечера. Вечера, само ако ако е дел од ручекот...
Два главни оброка и еден помал. Би требало да јадам три главни оброка, но многу касно ручам, па немам време да вечерам.
По обичај 2 до 3 пати на ден ама сеа сум на хормонски лекови и цело време ми се јаде и само џвакам нешто ко гуде ќе се напраам
еднаш, а некогаш ни еднаш (ова ниеднаш најчесто ми се случува кога ми е предколоквиумска недела па сум напната и ни ми се јаде ни ништо) освен во недела јадам 2 пати кога сите ми се дома па МОРАМ (читај мајка ми ме тера) да појадувам и ручам овошјето е неизбежно во секој случај