Стопати. И затоа пак си вратив 5 кг плус! Денес на пример, сакав да јадам само двопек, супа, овошје и на крај еве што јадев: - ручав шпански стек со сосови и помфрит од Пеликан! - мцнав тост оброк од Мекдоналдс прееска - сега јадам леќа! И после зошто имам спојлери...
јадам три пати Доручек-нешо овошје Ручек-некоја манџа или палента макарони,риба,п.месо Вечера-половина од ручекот или овесни !
Tри пати : Појадокот до 9ипол најкасно. Ручекот од 12ипол до 2ипол најкасно. Вечерата најкасно до 15 за 8. Некогаш ужинката може да биде некое овошје, а коа ми се јаде благо и чоколатце.
Јадам 3-4 пати на ден,а највеќе сакам појадокот да ми е побогат и покалоричен,потоа помало количество на храна и на крај завршувам со некое овошје и чаша млеко обавезно
Еднаш до два пати. Знам дека не треба, ама тоа е тоа... Може накај 12 да каснам, после во 5 (или само во 5 ако ми е таков денот) и тоа е тоа. Не јадам многу, ама јадам колку што ми е доволно. Ама ужинам од време на време малку чоколадце или некое овошје.
И јас исто! Јадам секогаш кога ќе ми се пријаде. Може количински не јадам многу, ама повеќе пати по малку и супер ми е. Од сабајле (кога и да станам, дали 6 дали 12) доручкувам, зашто не можам да профункционирам ако не јадам. А гладна не легнувам - не можам да спијам ако цревата ми кркорат, така сум си научена. Пробав некое време да не јадам навечер (чисто онака, не дека слабеам) и ми се поремети цел организам! Затоа, си јадам кога ми е убаво и си терам
Леле ве читам и посакувам и јас да јадам четири до пет пати на ден, ама ако јадам толку ке треба да ме однесат у зоолошка пошо ќе бидам како слон и затоа јас си јадам два пати дневно
Најчесто 2 пати. Многу ретко се случува да јадам по 3 пати или пак 1. Обично јадам пред да појдам на училиште и кога ке си дојдам од училиште. Во училиште нешто благо и тоа е.