Зависи од периодот. Некогаш ако ми се јаде повеќе, 3 пати јадам во денот или некогаш 2. Али обично по 2 пати е
порано јадев по 4 пати и меѓу оброци слатки ,чипсови а сеа јадам 3 пати на ден а понегогаш ми се случува 2 пати а меѓу оброците не ги заборавам
пааааа зависи од тоа колку мис е јаде .....3 главни оброци и 3 ужинки ама ова не важи за секогаш......некогаш повеке а некогаш и помалку.....
Јас многу внимавам на исхраната и гледам да јадам повеќе пати во денот но по помалку храна и гледам секој ден отприлика во исто време да ми се оброците. Бидејки навикната сум рано да станувам доручкувам околу 9. Обочно јадам супа или парче леб со нешто намачкано. Околу 1 часот ужинам некое овошје или овошен јогурт или салата. Ручаме во 4 тоа што мама зготвила.Потоа накај 6 пак јадам некое овошје а може и сладолед или чоколадо и отпилика во 8-9 вечерам некоја.Макарони, салата,компир салата..
Вообичаено 2 главни оброци, и нешто помеѓу нив најчесто овошје, некое колаче или кафе. Во последно време само еднаш - ручек.
Еднаш...само појадувам, и после нешто како ужинка ако каснам инаку не...А се разбира сладолед и сончоглед секој ден