Ако станам порано 3 пати и поручек,а ако станам покасно поручекот ми се поклопува со ручекот и јадам само 2 пати
Се трудам да јадам неколку пати во денот, по малку. Бидејќи станувам доцна, појадокот ми е прескокнат па одам дирекно на ручек
појадувам,ручам разновидно овошје понекогаш си дозволувам кеиф на душичката,секако сакам вечера но се трудам да ја избегнам
Деновиве, по еднашка јадам. Одсабајле станувам покасно накај 12, 1 и не ми се исплати да јадам тоа време, па после накај 4 пак.Пијам нескафе и после не ми се јаде, за ручек што има од дома, вечер ако искачам може кафе, сладолед, пуканки (додуше пуканкиве ептен реткост се да јадам).После, во доцните вечерни часови ако ми се јаде - само водата е спас.
Сега еднаш до двапати,ако треба да излезам по жешково поткаснувам тро.На сабајле ако осетам глад каснувам овошје нешто или зеленчук ,за ручек тоа што е зготвено дома,а за вечера не јадам ништо,ептен ретко,ама се трудам да е воопшто.
Денеска рекорд напрајв за цело лето. 6 пати јадев.Заедно со џипсови,смоки,благи ствари.Стварно претерав,кај ми беше паметот
Пааа се почесто јадам многу малце. Станувам покасно (1-1 и пол саат пред ручек) и за да не си го расипувам ручекот го чекам да биде готов. Јадам и вечерта пред искачање каснувам нешто „на нога“ колку да не излагам гладна зашто се случува да пиеме нешто па...
Кога одам на училиште јадам по два три пати на ден, зависи и која смена сум и кога ќе станам. Никако не можам да јадам насабајле, кога ќе станам треба да поминат неколку часа за да огладнам, не можам од спиење одма на јадење да одам, не ми се става ништо во уста. Сега овие месеци кога е жешко едвај нешто да ставам во уста, јадам колку да се рече. Дали лубеница, праска, некој чипс, чоколатце, и само за вечера некоја кришка и толку.
Кога како искрено.. има денови кога едвај еден оброк можам да изедам, има денови кога неможам да престанам да јадам
Сега јадам многу пати,значи многу,пошто сум во пмс и јадам многу пати! Пак да пишам многу пати јадам. Морам нешто да имам за јадење бидејќи доживувам лудило. Значи многу пати јадам. Додека го пишував ова се сетив дека ќе ја дојадам лубеницата. Колку пати јадете на ден? Многу пати !