Јадам 5-6 пати во денот не ги ставам тука овошјето, чоколадцата, бомбоните... и се што ќе ми дојде при рака али за жал не се забележува на мене
не си само ти јадам секој ден во исто време зависно од тоа коа смена сум. Кога сум I смена појадокот ми е во 06:30 (ептен рано ) , ручекот во 2 и вечера во 8 со ужини меѓу нив, а кога сум II појадокот ми е во 12, ручек во 8 навечер и вечера во 2 која знам и да ја скокнам бидејќи ме мрзи да јадам исто со ужини меѓу нив.
Најчесто 2пати-за доручек и ручек.гледам доручекот да не го избегнувам. некогаш ќе се случи покасно да ручам па му доаѓа како вечера .ретко вечерам а ако ми се пријаде земам портокал,јаболко или банана,и доволно ми е.секако има и исклучоци кога си на гости,прослави итн...па ќе мораш да си повечераш и да -без кафе меѓу оброците-никако
Мене два пати во денот ми се сосема доволни, но само под услов да имам добар појадок затоа што во спротивно цел ден ми се јаде Ако имам време за добар појадок, после јадам за ручек и воопшто не чувствувам потреба од додатни ужинки, грицки и сл.
Па обично 2 пати на ден, доручек и ручек. Понекогаш се случува и 3 ама поретко. И нормално без нешто слатко не може да помине денот
Леле со оброциве сум катастрофа. Порано, додека бев дома, се знаеше: три оброци дневно. Откако дојдов тука... некогаш три пати, некогаш четири , некогаш два пати, еднаш.... Додуша во последно време се обидувам да се регулирам и си јадам два пати дневно.
Па се придржувам до тоа да јадам по 3 пати на ден макар што и некогаш мозе да ми се случи да биде тоа и двапати . Сепак она јадења со седнување на маса се 3 , а онака помини па влези во кујна земи нешто ус пат тоа не си го рачунам
5-6 пати на ден (прочитав дека така требало) супер ќе беше, само да не јадев толку пати во огромни количини ..
Буквално зависи од расположение....ако сум во ПМС расположение, мислам дека сум способна целиот фрижидер да го сведан на 0 Постојано нешто мелам, се додека не заспијам. Постојано сум гладна и само нешто мелам. Во нормален период, во нормален ден - како овој денес, си јадам по три до четри пати (со ситни ужинки). Што да се прави, гурманче сум си Понекогаш ми е тешко да одолеам на брзата храна, но се студам да ја избегнувам и да се хранам здраво.
Најчесто јадам 2 пати! Може да се случи да имам и 3 оброка а може и само еднаш да јадам! Но зависник сум од грицки кои ми се меѓуоброк! Задолжително дневно смачкувам по едно ќесе смоки, квики, чипс ...билошто,едноставно не ми поминува денот без грицки !
мене може да ми се случи и да јадам по 5-6 пати на ден, но во мали количини. Ретко кога се прејадувам, на пример денес тоа ми се случи
Јадам 3 оброци обавезно, секако има денови кога јадам 1-2 пати, обично кога сум на факс, зошто немам пауза. Кога станувам додека си правам кафе јадам овошје. Секогаш гледам да доручкувам. Обично ручам во 17h и се прејадувам. Вечерам околу 23-24h. Меѓу ручекот и вечерата јадам благи работи, пијам кафе, какао понекогаш, чипсови заедно со кока кола итн. Многу јадам а многу сум слаба, е за тоа се нервирам!
Доручек, ручек и вечера, значи 3 пати а ако седам до покасно и 4 пати јадам. Немам одредено време кога јадам и нон-стоп грицкам нешто
Порано и по 4 пати ќе јадеше Ама овие деневи забележав дека имам качено доста килца и да се пофалам дека јадам само два пати на ден, минимално количество на благо, мноогу вода и мноогу вежбање. Ајмо диеташи