Зависи од расположение и од тоа кога ќе станам. Ако не сум расположена,ако ме мачи нешто се случува и цел ден ништо да не јадам,а инаку јадам 2 до 3 пати во денот
Најмалку еднаш, најмногу 3 пати. Ама најчесто два пати. Со се ужина во вид на урми и бадеми или лешници ми се фаќа и по 4-5 пати.
2 пати на ден доручкувам околу 12,13 и потоа ручек околу 17,18 а измеѓу оброците секогаш нешто грицкам
Вака... Во 6:45 јадам корнфлекс со млеко или бисквити со млеко или чај со бисквити Во 9:30 јадам кифла од оние со виршла. Во 13:00 ручам на брзинка нешто (пржени, варени јајца, супа, пица, хамбургер,) со исклучоци Во 19 ч. јадам овошје или салата.
Секогаш кога ќе ми се пријаде, јадам. Не бројам колку пати, не се замарам што јадам и онака не ми се лепи јадењето многу многу
откако останав бремена имам чувство дека нон стоп јадам хахахаха.... Реални и комплетни оброци ќе да се два на ден а измеѓу нив- се и сешто грицканција.
Кога сум дома ретко доручкувам и како кога вечерам а за ручек си јадам нормално е сега летно време помалце јадам а зимно време може и по 4 пати на ден да си каснам по нешто иначе за грицкање си грицкам интегрални грицки некое чипсче или благичко.
ЈАс јадам 5-6 пати на ден. Зависи колку време во денот сум будна, бидејки обавезно поткаснувам нешто на секој три саати. Имам 3 глави оброка, а другите си ги нарекувам ужинки.