3 пати а некогаш се случува и 4. Кога станувам во 8/9/10 јадам. КОга ќе дојде мајка ми во 3 јадам и навечер во 6/7 јадам а некогаш се случува и пред спиење во 10/11 ако многу ми се јаде јадам. Знам дека пред спиење не треба ама ..
Па два пати да се речи, инаку кога ќе сум нашкола од сабјле на голем одмор едни смоки јадам, после моите за јадење дома ги челам до пет а навечер можит ич да не каснам зошто имам многу ообврски. Знам треба да јадам повеќе ама...
Не сум обрнала во последно време внимание на тоа колку пати на ден јадам. Кога ми се сојаде,брцни раката во фрижидер и јади, така. Последниов период ми се чини којзнае колку сум ослабена, се турбо ми е затоа што ме мрзи да си ги извршам обврските кога имам време и често прескокнувам да јадам. Не е здраво да се занемари било кој оброк во денот а баш тоа ми се случува.
Јас јадам на секои четири саати ама по малку и голем дел од оброците се базирани на зеленчук и овошје, а има и по некое слатко задоволство
Најмногу јадам 2 пати....Во принцип доручекот го преспивам станувам дури за ручекИсто така и за вечера кога како или знам да земам некое овошје најчесто јаболко или банана,така полесно заспивам...
Зависи од расположението. На втора смена доколку се брзам и немам време, а понекогаш и воопшто не чувствувам глад, ништо не јадам. Во училиште ретко се случува да јадам, така да вечерта кога си доаѓам јадам. На прва смена кога се враќам од училиште чекам ручек накај 3 часот, потоа повторно ќе јадам околу 6-7, и некоја салата пред спиење. Може да ми се случи и само еднаш да јадам во денот, а може и 3-4 пати.
Јас без доручек неможам па колку и да немам време, за доручек некаков морам да најдам. Ручекот и не ми е толку битен, ама како што сум гурман, си сакам и друштво и ручек. А скоро и ретко вечерам кога сум дома. Надвор, пак ако сум во друштво ќе вечерам, ама не ми е вкусно како што уживам за доручек, па и ручек.