Обично 2 пати... У текот на школската година еднаш у 7 сабајле и после у 5 попладне... Зараспусти немам одредено време
Во последно време еднаш на ден , а ако јадам смоки или грицки гладувам бидејќи во 100 грама има 500 калории , а не сакам да внесувам повеќе од 1200 калории на ден
Летово два пати,доручек кога ке станам и потоа кај 17 часот.Тоа ми е ни ручек ни вечера,хахаххахаха.Многу е топло и немам никаков апетит.
Пффф деновиве сум претворена во мелница. Значи ни самата на себе не можам да си поверувам- како толкава количина храна можам да изџвакам за толку мал временски период Уффф, мене ми е убаво на душичката, а богами и на стомачето, ама грижата на совест е таа што ме измачува. Не сакам да станам тркалце
Искрено? Неам поим, секој ден различно. Има денови што ништо не ставам во уста, има денови што неможам да се сопрам. Денес станав во 8 и пол, и уште немам јадено, уште не ми се јаде..
Последните 2-3 недели ми се намали апетитот од жешкото, и воопшто не ни јадам по некогаш.. зависи понекогаш јадам 1-2 во денот, повеќе јадам овошје
Практикувам три пати на ден затоа што и не е добро да се прескокнуваат главните оброци-поточно појадок,ручек,вечера а препорачливо е и повеќе пати на ден да се јади но помало количество затоа што така метаболизмот побрзо се активирал. За појадок исклучиво овошје по некогаш и житарици со една чаша зелен чај Ручекот скоро неминовен(салати,месо и сл...) но пред него 15-20 минути и послем него 30 минути чаша зелен чај и Вечера некаде во 20 часот некоја полесна храна(супа и сл...) и послем вечерата чаша зелен чај Помеѓу оброците понекогаш може и нешто благо како чоколадо или сладолед Со ваков начин на исхрана никогаш не сум почувствувала глад,изнемоштеност а секогаш тоа било проследено со супер линија Но најважно од се во исхраната е УМЕРЕНОСТА,јади се но не претерувај-----тоа е мојата девиза за начинот на исхрана.
Обично јадам 3 пати на ден... доручек, ручек и вечера...ама понекогаш може да биде и пет пати, а може и само еднаш... Се` зависи од тоа каков ми е денот, ако ми е досадно си мрцнувам почесто, ако сум зафатена знам и да си скокнам и повеќе оброци...пр. денес само еднаш јадев и тоа во 12.30ч и толку...две кафиња и многу вода.