ааа зависии има моменти кога јадам еднаш или заборавам и да јадам али во периодот на пмс незнам колку ми е доста
Зависи.. Најчесто двапати до трипати. А кога сум во пмс јадам и повеќе, но тоа е многу многу ретко. Тоа се познава и по мене .
Зависи, кога како... Обично практикувам повеќе пати по помали порции, но некогаш се случува да не јадам ич или па да јадам само еднаш
Моментално дека сум на диета јадам 3 пати на ден. Додека претходно си јадев секогаш кога ќе почуствував глад без обзир на времето. Се' на се' 4-5 пати во денот.
Значи многу малце јадам во ова жешко време! Загрижувачки е ова дури. Издржувам цел ден со еден тост! А, сакам да се здебелам! Само се убедувам дека треба да јадам повеќе, ама џабе! Па ајде кој сака да донира некое килце кај мене јаветесе на Spoiler 0500 40 801
Немам некое правило за тоа колку пати на ден јадам, некогаш јадам еднаш некогаш пет. Јадам кога ќе ми се пријаде, немам одреден саат ниту пак одредена количина колку внесувам. Без правила и прописи тоа сум јас.
Во последно време, едвај 2 пати дневно. Појадокот ми е задолжителен, за ручек веќе немам ни инспирација што да јадам во лето, па грицкам некоја салата или нешто колку да не биде без ич....ретко се случува да имам некоја мала ужина во 4 и пол, накај 5 и потоа обично повеќе не јадам ништо. Ретко - ако ме фати глад покасно, и тоа нешто ситно колку да го прелажам организмот, инаку пијам само зелен чај и тоа е воглавно тоа.
Јадам 3 пати (некогаш повеќе, а некогаш и помалце ) појадокот и ручекот ми се задолжителни вечерам често ама не секој ден
па јадам по 2 пати некогаш и еднаш зависи кога ке станам а многу многу ретко 3 пати скоро никогаш не вечерам
Ни јас немам одредено време кога да јадам и колку пати...јадам кога ми се јаде значи најчесто 3/4 пати, а и нешто благо во меѓувреме