Јадам најчесто 2 пати, еднаш на работа на доручек во 10 и кога ќе си дојдам од работа во 16 часот, кај 21-22 знам да земам некое сезонско овошје.
Обично јадам по 2 оброци дневно, (ручек и вечера) а пропратно знам да каснам и некое овошје. Ова најчесто така му доаѓа, не е правило, јадам кога ќе почуствувам глад.
Некогаш воопшто не јадам само кафе и цигари цел ден тоа, и цела пореметена сум со исхраната еднаш или два пати толку повеќе нема.
Јас сум обратно пропорционална од другите. Кога е жешко на никој не му се јаде, јас дури ќе се прејадам, а зимно време пак леб не ставам в уста. а дневно зависи..некои денови по 5-6 пати ама по малце, а некои 2-3 ама малце повеќе.
еднаш до двапати на ден јадам,кога станувам порано јадам 2 сати од коа ќе станам и после кај 2-3 часот ми се пријадува секогаш во тоа време и тогаш јадам,а има сега денови во жешкото кога не ми се јаде ништо и смао вода пијам
Два пати. И не јадам после осум. И тоа периодов малку се трудам поздрава храна. Добро е,сега за сега.
Кај мене многу зависи од тоа кога ќе станам .. ако станам покасно.. еднаш-два пати, ако станувам по рано јадам околу 3 пати.. често доручекот го прескокнувам, ручекот ми е покасно од кога што треба да биде и така ..
Ако можи 100 пати сто пати ќе имам апетит за јадење. ФАла Богу летово не сум многу дома,па така не јадам мн.