3-4 пати на ден + грицкање ова она .. зашто ако јадам на пр само еднаш во денот ќе ми се слоши и можам да се онесвестам
Сега за време на летото јадам еднаш дневно и тоа само ручек. А кога почнува учебната година почнува мојата сезона на јадење Тогаш ми се случува да јадам и по 5 пати на ден.
летно време само еднаш повеке сум на вода а иначе зависи од расположение некогаш по цел ден нешто јадам и пак сум гладна а некогаш па ич немам апетит се зависи кај мене од расположението
Доручек и ручек обавезно јадам, вечера опционално . Нешто грицки, овошје, блашко, ова-она си подкаснувам, ама не се важи тоа .
Кај мене дома ручекот е рано т.е. околу 13 часот а јас тоа време спијам првото јадење во денот ми е околу 16 часот Што значи дека не сум доручкувала откако одев на училиште. Второто јадење ми е околу 21 часот пред да излегувам, а трето кога има кога нема. Зависи од расположение кога ќе се приберам дома. И се разбира во текот на денот конзумирам премногу благо.
Зависи, прво од тоа кога ќе станам, второ од тоа каква храна ќе јадам. Обично јадам 2-3 пати во денот. Ако станам подоцна јадам 2 пати, ако станам порано јадам и до 3-4 пати. Ако јадам потешка храна (месо, компири, тестенини), пак јадам 2 пати, а ако јадам полесна храна (супа, салата) тогаш,пак, јадам неколку (3-4) пати.
По 2-3 пати зависи од ручекот.Секогаш доручкувам корнфлекс или бисквити , ручам и за вечера овошна салата или сезонска зависи .
Незнам од каде ова дека ако јадеш 2 пати во денот си на диета. Кога држиш диета треба да имаш и мали ужинки во текот на денот , да јадиш повеќепати но помалку . А не , најади се 2 пати и на диета , како другарка ми да ја читам .И никако да ослаби што ако јади 2 пати на ден .