Реално у куфер највеќе место ми заземаат прешкирите. Еден за лице и раце, еден за нозе, еден за тело, еден за коса. Плус па ако треба и за на плажа. Гардероба не носам многу, по еден комплет за секој ден. Е сега со дете е лудило.. ја и маж, стрпани у еден мал куфер, битно она има еден за себе, и пак еден куп други кеси и торби. Во глобала, никогаш не сум ја разбирала поентата на 2-3 куфери по особа.. што ќе ти е толку за 10 дена?? Посебно па лето кога одиш на плажа по купачи цел ден. Најосновно ми се гаќи и чорапи да имам доволно, некогаш и вишок . И да, и јас немам толку гардероба, а и немам кај да ја стаам дома, а не па толку куфери да полнам.
Колку ми се потребни, обично не е исто со онолку колку што пакувам. Секогаш имам одвишок глупости (за не дај Боже).. Добро.. не секогаш ама во 99% од случаите.
Што треба да значи таа нула!? - Никогаш не патуваш никаде и немаш намера да патуваш? - Немаш патни торби, куфери, ранци!? - Можеби во црни вреќи или бесплатните ќеси од Веро ставаш гардероба!?
Зависи колку дена е одморот. 7 до 10 дена, една рачна торба со средна големина е доволно. Јас секогаш претерувам кога се пакувам. И за 10 дена ќе грабнам цел куфер а цел одмор ќе го поминам во едни исти фармерки,тренерки или шорцеви, зависи во шо ќе се бендисам и 3 различни блузи
Читам и гледам совети за полесно пакување на работите во куфер и се паднав од смеење...пишува колку дена одмор, толку пара на долен веш Мене само гаките ми земаат една четвртина од патната торбаоти множам пута 3
Некогаш два куфера САМА, сега со една обична кеса (големина како оние од фри шоп) со основни работи. Кога одиме на одмор само за Рефче носам повеќе. Кога патуваме со Визз секогаш го користиме Basic пакетот, па сами оценете
Максимално една торба и ранец. Ама и торбата не е нешто голема, најмалата што ја имам си ја земам, вака нешто
Eден е доволен, и јас како што кажа една феминка, гледам да бидам уредна и да не се расфрлам со работите каде и да сум, па да заборавам или изгубам нешто.
Еден ранец или куфер со средна големина за одмор до 10 дена е доволен, барем за мене. Порано носев се и сешто, еден куп комбинации, ама половина од тоа не облекував. Затоа сега попрактично.
Јас и на три дена кога одам гепекот ми е полн до врв. Ни сама не знам што све мкнам со мене. Ни третина од стварите што ги носам не ги качувам во апартманот/ хотелот
Носам ствари ко да се селам од дома, значи, претерано многу, ни половина од тоа не употребувам. Во последно време, ако сум само за викенд, се трудам да не претерувам со мкнење ствари, па понекогаш и стварно зимам помалку, ама ова само за викенд.