Колку посилна е врската помеѓу припадниците на одредена група во општеството, толку посилен е нивниот социопатски и ксенофобичен односн кон оние кои не припаѓаат во нивната група. Ова е идеја која ја застапува Роберт Саполски (ако некогаш сте го читале или слушале). Може да се наведат многу примери кои изгледа дека ја поддржуваат оваа теорија. Пример: односот помеѓу месојади и вегани, хетеросексуалци и лгбт, левица и десница, конзервативни и либерални, понатаму општо национализмот, расизмот и тн. Но, од друга страна се поставува прашањето дали всушност луѓето еволуирале за да се однесуваат на непријателски начин кон не-припадниците на нивната група, или во најмала рака се плашат од нив? Духот на аргументот е дека самата идентификација со одредена група не значи и непријателски однос кон другите групи или поединци, туку тежината на врската или идентитетот. Но, исто така, долга историја има и идејата дека всушност внатрешните врски (и идентитет) во една група се зацврстуваат и стануваат поагресивни тогаш кога групата ќе се соочи со антагонизам од некоја друга група. Или, како што би рекол Томас Хобс, човековата природа еволуирала во агресивна, компетитивна и "во постојана војна на сите, против сите". Дали како човештво можеме да излеземе од овој круг? Дали едноставно "сме такви"? Дали може да се смениме, односно еволуираме? Ако да, како? Дали прифаќањето на постхуманизмот е едно решение? Дали идејата сите да се сметаме за една група е само утопија? Дали може да се постигне тоа без надворешен фактор, односно антагонизам од друга група (која очигледно не постои), или евентуално некаква универзална закана?
Дефинитивно ова е нешто кое го имам и самата забележано (и кај мене). Само јас би користела емпатија (засилена и непостоечка) место социопатија. Во смисла, на групите на кои припаѓам сум дефинитивно пристрасна, или групите кои ги поддржувам. Ако сметам дека спротивното штети на тоа кое го штитам - за "штетникот" немам емпатија. Ама ако не е "штетник" (ако не го перцепирам како таков) не ми менва дека можеби сме толку фундаментално различни за да осеќам толку негативни емоции и да правам толку негативни акции кон него. Накратко, јас сум генерално индиферентна и незасегната кон животов и си пловам/вајбам. Се дур некој не ми стапни на нерв. Спремна сум да хејтам цела глупа (и ми се случило особено на лгбт+ теми наспроти конзерватизам и религија) оти вервам во добросостојабата на луѓето и секој шо поддржува идеологија шо штети на то за мене е категорија на луѓе кои не можам да ги поднесам освен ако не ги одделам во глата дека имат и други квалитети. Спојлер Ќе кажам нешто шо последно се смена кај мене, и премина од сосем индиферентност кон антагонизам. Јас не јадам месо и главна причина се животните. И многу луѓе ми велат дека забораваат дека сум веге оти не им коментирам ништо (а за то гледам да се одделам ментално од ситуацијата, на моја штета/ на корист на другите). И се ова за на крај да биди пратено до мене видео како комодо убива коза, или пре, пре disturbing видео од еден гомнар шо реди телиња едно на друго и му измества екстремитети за да ги собери сите. И јавно да искажам дека ова ме вознемирва и со цел памет, значи со цел памет, некој да седни и да ме убеди дека и растенијата имале чувства. Во реплика каде ги плачам телињата. Растенијата имале чувства. Neah fam, спремна сум да влезам во мојата веге villain era. Буквално од тогаш секој ко ќе ми спомни за исхраната го отпишвам од живи. Ама ете пак, барем уште, не ги судам како цела група оти пак поединци се гомна гнасни шо решават да ме вознемират. Ти си опишал детално, јас само ете се надоврзав од личен аспект, да сефтосаме темата.