Колку пријатели имате запознаено од форумов?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од stilas7, 21 февруари 2011.

  1. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    678
    мислам дека има тема под наслов кого сакате да запознаете од форумов,но не и кој со кого се има запознаено во живо и дали може едно пријателство од социјалните мрежи да функционира и во реалниот живот?баш бев љубопитна и затоа ве прашувам ,кој ви е пријател од фемина во реалниот живот?
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.747
    колку пријатели имате запознаено од форумов?

    Значи со една од феминките, а тоа е Брајт, се знам од мнооооооооогу одамна, уште од основно. А последните две години од средно делевме иста просторија :) :) :)
    А има една Феминка со која се запознав прво тука, па потоа во живо. Комуникацијата ни оди супер, одвреме-навреме се гледаме на кафе и можам да кажам дека е една прекрасна личност која ме разбира во целост и со која часовите ми минуваат како секунди. И еве ја користам приликава да и‘ испратам бакнежи :* :* :*
     
    На Go-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    728
    Единствено baguf4e ја познавам (пред Фемина) :)
    Се немаме видено во живо, а тоа ми е желба веќе две години :D
    Фина, мила, интелигентна девојка со смисла за хумор ;)
    Мило ми е што повторно се пронајдовме :)
    Еве да искористам, да ја поздравам :*
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    31
    мене никој не ми е, не познавам ниедна ама делиме мислења,

    ;) така анонимно... ;)
     
  5. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    450
    Изгледа само јас сум на форумов со никој што не се знае :tmi:
     
  6. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    678
    не си единствена,не бери гајле :D .и јас не познавам никој па затоа прашав кој со кого се познава да ни каже ако сака.можеме да се запознаеме ако сакаш :D
     
    На Lana del Rey и Alanna им се допаѓа ова.
  7. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    450
    yees не сум била само јас :lol: Што е до мене со сите би се запознала :$
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.639
    Допаѓања:
    4.056
    Не се познавам со никој лично, иако контактирам со некои феминки на социјалниве мрежи, поточно фејсбук. :) Како и да е, би сакала да запознаам неколку девојки и во приватен живот, што ги сметам за исклучително мили и прекрасни.
     
  9. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    758
    Не сум се запознала со никој, зошто сум отприлика тазе на форумов и неам некој муабет со некоја форумџика, ама од кога ве читам редовно за повеќето си имам направено некоја слика во глава, и кога ќе видам некоја девојка низ град што ми личи на замислата, одма си помислувам "Е ова е ____ 100%" :rofl:
     
    На Vikita му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.816
    Пол:
    Женски
    ... И темава ќе се одвива по овој терк - Па познавам неколку, комуницирам со нив, убаво ни е.... И нормално дека никој нема да каже кои се тие. Мислам јас не би. :)
    И?
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.764
    Јас ќе кажам гласно бидејќи на сите ви е јасно од една фотка со кого се знам ;)

    И тоа се знаеме лично ехехееее од толкицки - разбирај од бројчето што си го има во никнејмот.
    Сепак сум јас постаро ;)

    И случајно се најдохме овде, се препознахме, и се израдувахме ко на свеж сок од боровница точен во Апче :D
    Море а би опнала тулумба една во Апче под тоа тендата, а Г? :P Што викаш? :lol:
     
    На mims-89, Mistery и girl1985 им се допаѓа ова.
  12. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.899
    Се знам со неколку девојчиња, со две сум премногу блиска, а со другите не. Иако комуницирам на социјалните мрежи со уште едно девојче, и преку лп со уште некои, би сакала да се запознаам со нив. :)
     
  13. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.109
    Со Пирамидчето се препознавме низ постовите. Од тука може човек да заклучи дека навистина добро се познаваме една со друга. Пирамидче ми е како постара сестра и со нејзе сум поминала повеќе етапи од животов и сум добивала секогаш совети и критики, позитивни или негативни, секогаш биле добредојдени.

    BTW коа сме кај тендата на Апче, сега ми се смее, арно ама тогаш ми се плачеше. Накусо да ви доловам дека јас и Пирамитката еден убав сончев пролетен ден заминавме на боза во Апче а вработените за да испаднат топ услужливи им текна да ја отворат тендата и да не кријат од убавото сонце. Зошто, сеуште не знам! Ама поинтересниот момент е тоа што, благодарение на претходните денови кои беа пропратени со дожд, тендата беше полна со вода. И тука го имате моментот ШЉАС! Буквално ептен на НАС! :D Џоа скриена камера. Само што овде немаше камера. Штета! :D А уште ако ви кажам дека носев бела блуза и нежно розев џемпер, ви станува јасно дека не знаев дали попрво да се љутам, да се нервирам или да плачам. :D
     
    На LivingGlam, FBI, Araksi и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.862
    На фејсбук имам повеќе форумџики со кои си контактирам, а лично се знам со Трендафилка и овде ќе кажам дека е одлична домаќинка и готвачка :lol: :) Се знам и со Синдарелче, онака имавме една блиц средба во гужва, само си кажавме по едно здраво и толку :) Наредна се надевам дека ќе ја запознаам Лудото19 чувствувам дека ќе биде интересна средба со многу трач и смеа :)
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    516
    Пол:
    Женски
    Јас не се знам со никој. :tmi:
    Се надевам панатаму ќе запознаам, а би сакала многу од нив да запознаам. :)
     
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.696
    Допаѓања:
    59.133
    Пол:
    Женски
    Лично ја познавам Лавче, но долго време не е активна. Останатите со кои контактирам кога ќе се запознаам ќе се пофалам :)
     
  17. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.729
    Со никого не се имам запознаено :/ ...
     
  18. lackygirl

    lackygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    10.431
    Пол:
    Женски
    Јас имам само една колешка тука, Pufi cufi а со друг никој се немам запознато :?:
     
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.539
    Јас со никој се немам запознаено дали не сум многу активна или незнам што а има некои личности што би сакала да ги запознаам
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    1.736
    и јас не познавам ниту една форумка во живо, ниту па со некоја комуницирам на некоја од социјалниве мрежи, а доколку би имала прилика секако дека би се запознала зошто да не :$