Неколку, со кои се знам уште одамна. Една ми е најдобра другарка, една ми е генерација, една на брат ми генерација, со една сме иста смена на школо... 4-5 познавам. Виртуелно сум слаба, на фејсбук само со Џуси и Ози Ангелчено &&& Staaar А сакам со уште многу да се запознаам... Ќе се потрудам
Јууууухуу, требаше и келнерот да го запознаеме. Петарда сум на моменти, се отпосле ми текнува. Фино лепо можевме, ем три, ем се розово околу нас... Ние сме во предност! Немаше каде да бега. И не сме луди и откачени, вчера имавме шугар раш од толку благо, плус ние сме во ПМС моментално. Немој муабети да ни вадиш одма тука. Кажав веќе, Штрумфетке, те чекам пак на гости.
Ајде на листата реално запознаени фемина-пријатели да го додадам ЕлеМентал Се запознаме и цел еден саат муабетевме, мислам дека не се опијани од кафето со виски Фино дете, да ви кажам....штета што не шкрта овде како порано, а не е толку арогантен како што очекував Spoiler Ете Елементале, те пофалив.....сега ти си на ред
Официјално на списокот и Роси и Марама. Иако Роси кратко не дружеше, ми остави прекрасен впечаток. А со Марама се изназборевме за се и сешто, идеален соговорник е. И двете се прекрасни женски!
Малечко, кревко суштество, да не си сигурен дали да понудиш гушка да не ја скршиш , ама ај си велам една воздржана... Пискав глас, ама самоуверено си зборува, па едно остар критикувачки јазик пуууу, нема што/кој не соголи... Ама ако де...цура со ставови, си има мислење и си го кажува. Једино бизнис сенсот и е ... дефицитарен, според првичните впечатоци. Не е гушкало како што ми се фалеше на времето , тука лежи минусот, се друго беше more or less there. Јас ја разочарав со мојата НЕарогантност и како што си опиша таа, колку сум бил ПРИСТАПЕН за разговор. И ај нема да ја издадам колку беше себична во еден момент, ама со нејзиниот пост го докажа спротивното
Лично со никого не се познавам ^^^Едит: се сетив дека познавам една форумџика која ми е сограѓанка, која има пишано само неколку мислења одамна. Ја познав по името и карактеристичниот проблем бидејки веке имавме разговарано на темата
Виртуелно имам повеќе пријатели, а лично се имам запознаено со следниве: Марама, Мистери, Саја, Најтвокер, Најубава, Мерлинка и ..................... ИксМен, досега не видов дека го пишал некој, така да јас сум првата
Досега се немам запознаено со некоја девојка прво тука на форумов, а потоа и во живо. Сигурна сум дека лично познавам повеќе форумџики од претходно, со оглед на тоа дека форумов стана доста популарен. Денес препознав една од моите најдобри другарки
И кажав, и кажав, си се препознавме Ама ми рече дека нема гајле, има доверба во мене, така што ќе продолжи да си пишува што и лежи на душа. И така се си знаеме една за друга
Изгледа јас сум единствена што не знае никој на форумов Се недавам ке запознам некого Расположени за дружење? Пс. Се надевам не ве плаши аватаров
И јас никого немам запознаено од форумов, а би сакала Сакам да се дружам и да запознавам нови луѓе, ама малку сум срамежлива ? Инаку препознав три феминки Двете се од мојот град, доста се активни , а со третата се имаме сретнато неколкупати. Ама не им кажувам
со лилбејби се знаеме, ама незнаеме дека се знаеме Нема шанси да завршиме во исто основно и тоа не голема разлика 2 години си помала од мене а јас твоја генерација ги знам доста и плус памтам ненормално И може некој друг секој ден се нешто ново дознавам. Дози секој момент може да ја видам