^^Е тоа не се сеќавам. Мене солзи ми течеа од смеа како изненадно ги пљусна газдава Грл и дечкото а јас сува си останав. Чиниш некој стопирал филм, сите запрепастени, се укочивме. Се слушаше само водата која се слеваше од косата на Грл Ама знам дека жена му го изопцу асално и после сакаше да ги соблече двајцава и да им ги носи работите на хемиско Инаку он топик, не знаев дека за запознавање се бројат и социјалните мрежи. Ако е така тогаш таму имам 3 феминки. И со 4 планирам сериозно да се запознаам, да седнам на пијачка, да удрам квалитетна доза на смеа и муабет. Ма ние веќе договорени сме само чекаме на поволни временски услови
Јас лично мислам дека се знаеме со girl1985 од друго место не од тука, ај може ке и текне на Betibup - ако е таа личност ке знае но ако не задравје - ке пиеме една боза де, ништо страшно! :3
Лично се запознавме со Жоел , а на социјалните мрежи контактирам и со други феминки, кои се надевам ќе се видиме фејс ту фејс. Багуфче ја знам од еден сајт (али само онака). Елеонораструмица, за некој ден заминуваме на кафе-првенче (овој пат без никакви изговори), Аннатх, Чирибирибела, се надевам ќе се видиме некој ден и ќе пиеме кафенце со бебушите (а не само на ФБ, скајп да се дружиме). ЕЧ да се видиме со Марамка, таа убава и паметна цурица
Јас сум запознала само една форумџика, и тоа во живо. Тоа беше одамна, сега не е многу активна, а и немаме многу прилики да пиеме кафиња зошто живееме во различни градови, ама барем ентузијазмот за договарање не ни опаѓа Искрено, сеедно ми е дали ќе запознаам некој во живо или не. Тука има прекрасни личности, а дали ќе ги замислувам како сликите или ќе знам како изгледаат, и дали ќе се викаат Анат, Лилит, Пирамитка, Шилеа, Гоу, Хипи, Енца, Дафни, Сесилија, Офспринг, Трендафилка, озбилнажена итн, или Марија, Ана, Ивана, Ирена, Јана, Илина, Викторија или не знам уште како не - не ми е важно. Важно ми е дека кога ми требале совети, мислења, или барем некој што ќе ме прочита, тука биле за мене
Можно е да се знам со некоја феминка онака од друг форум, пошто сум се запознавала со форумџии. А има неколку девојки кои би сакала да ги запознам, да одам на пијанка, да помуабетам... Би ми го разлепшале денот, жени.
Јас бев многу скептична за запознавање форумџики во живо, ама попуштив пред милината на две форумџики и си го сменив мислењето. Кога Скај дојде во Скопје пиевме кафенце, а не дружеше и Мисс. После тоа убаво пладне, добив желба да запознаам уште повеќе феминки, а има навистина доста кои би сакала да ги запознаам. И тоа...
И јас не бев со ова запознаена... Ако веќе и тоа се важи, на ФБ имам + четири Феминки и... ...како само можев да измумам? Една од Феминкиве ми е (сега веќе) бивша комшивка. Значи 18 години сме живееле на растојание од 100 метри, а појма сме немале една за друга.
Hемам на никого лично запознаено,а имам доста форумџики на фб,скајп,мсн Kога ке дојдам можеби ке запознаам некоја таму во Mакедонија,и така планираме низ цела Mк да шетаме
Јас како што сум си зборлеста и расположена за муабет со десетина си комуницирам на социјалниве мрежи, а во живо само со 3 засега, ама ќе има уште Ете оваа прилика да ги потсетам тие што ги немам во живо запознаено дека сакам да испиеме по едно кафе или водка-мартини Уште да кажам дека хип-хип-хипица е таа со која се запознав и најинтензивно се дружам во реалниот живот Засега толку
Оффи е срцле срцлесто (обожава вакви називи, посебно кис4е, mwah, цмок и такви останати додавки) , Шилеа е прекрасна, уникатна, зрачи со невидена енергија, а кога ќе си пружам рака со едно мече и со едно лудо девојче, ќе бидете благовремено известени. Во принцип, немам ништо против да запознаам неколку добри девојки од форумов, зашто знаеме многу повеќе една за друга отколку некои дотични кои ми се мавтаат низ животов тотално непотребно. Не дека преку ноќ би станале неразделни другарки, ама за пријателско кафе секогаш сум ЗА. Плус, чувствувам дека нема потреба од глума и маски... Како што кажав, па знаеме едни за други детали кои ни некои најблиски не ги знаат...
На малата листа членови на форумот кои ги знам, денес се запиша и ТедиГреј. Иако таа ќе протестира велејќи дека косата и’ била несредена, шојавртам, ми остави интересен, мрснокосен (се шалам ) и малку „изгубен“ впечаток. „Шо бе маратон, каков маратон?“