Немам засега. Да можам сакам сите да ве запознаам. Се читаме во секакви ситуации со секакви испади ( позитивни, разочарани, креативни, луди, депресивни ) што буквално јас ве чувствувам како личности од мојот живот. Едно што ќе ми биде тешко, да ви ги научам имињата, затоа што некогаш кога ќе се спомне некоја тема мене ми се врти во глава : Да, бе и Вајлд рече дека ќе имало таков настан. ( пример ) Први на листата ги ставам сите околу мојата возраст 13/14/15 ние сме си малку, ама забележав дека се почесто не има повеќе да не почнам да набројувам, од поголемите, секоја ми оставила свој впечаток, ако сакаат да запознаат едно мало девојче, ќе ми биде мило.
Лично се немам запознаено со ниедна форумџика, но преку социјалните мрежи поточно фб се запознав со една-Linn1, а би сакала со повеќе на моја возраст али да знаете не ширам познанства јас, се дружам и искачам само со оние кои знам дека ми се вистинси другарки и башка срам ми е
пиши таму пЉус една нова упознаена и пЉус една старо-нова што се најдовме ете така, колку станаа сега во живо запознаени....1,2,3,4,5 ќе има уште па фини цури сте вие
Времето се поправи и тргнав јас во инвазија на реално дружење Се изгушкав, се напив кафе, топло чоколадо, мартини, мохито, чајче од коприва, па и опнав едно италијанско ручече и едно тавче гравче со една тајна агентка, со една опасница мамасита и сестра ин витро, па со едно душлесто балеринче, па со едно мило, шармантно, одлепено водолијче, па со ова позитивново и вечно насмеаново над мене и на крај со еден систер со која си се најдовме по некоја заедничка линија од самиот почеток на моето форумско постоење. Многу интересна работа. Ги видов, им се восхитив, се изнасмеав со нив, си искрцкавме коски небаре се знаеме сто години и си направивме сосема нормален муабет како да не сме се виделе ете, 3 дена па мораме да го доправиме муабетот за кој, што, како и да надополниме информации кои не сме успеале досега да си ги кажеме. Сите прекрасни и сите уникатни. Онака како што ги запознав преку нивните зборови, токму тоа го видов и во 3Д верзија. 3 пати подобро, 3 пати поубаво. Абе форумов стварно изобилува со цветчиња. Без зае*анција! Ја пцујам технологијата, но токму таа ми дозволи и овозможи да поминам прекрасни мигови во нивното друштво и ете, сега можам да кажам дека ми беше навистина чест. Девојки, ви благодарам за друштвото. Се слушаме, се гледаме, се кафосуваме се надевам и во некоја наредна прилика
Јас не познавам ниедна лично, а на фб имам три лепотици Едната ја имам од...можеби месец откако се зачленив на форумот и ја обожавам другите две од пред неколку дена и сите три се прекрасни.
една феминка ја имам за пријател на МСН , а со еден форумец се запознав во живо (не кажувам кои се тие, тоа е тајна)
леле јас никого не познавам лично , а баш би сакала да си имам нови пријателчиња, зошто да не а ете највеке би можела со некоја од битола да си пиеме кафенце, и така имам вишок време и умирам од досада а со другите во наредна прилика
Се немам запознаено лично со никој/а но би сакала да ги запознаам за да видам дали навистина се онакви како што се претставуваат на форумов и пред се ќе ми биде мило да имам нови пријатели затоа што гледам овде интересни и паметни личности. Сите ми сте прекрасни не можам еден ден да издржам без да се приклучам на форумов се заразив. И се согласувам со пин4е кога би можела со сите би сакала да се запознаам Поздрав девојки
Со некои форумџики овде се чуствувам многу блиска иако не се знаеме многу време , лично уште помалку ... Ги доживувам како цимерки , се си знаеме
Неколку, ама навистина вредни. Со две сум ептен блиска и во реланиот свет, а со неколку и виртуелно. Радо би се запознала со уште неколку но се во свое време.
Имам 3 другарки на форумов, ама не се активни. Имам една феминка на фб, ама не сме се запознале во живо. Најдов 2 од постарите феминки на фб, ама ми е срам да ги аднам.
Со ниту една не се знам лично, но контактираме преку социјалните мрежи. Се надевам дека наскоро ќе се запознаеме лично.