Се уште никој не сум запознала, ајде допрва се надевам. Инаку читајќи на форумов, препознав во членките личност што веќе лично ја познавам (не блиска, но ја познавам), само не би и кажала за да не и падне после непријатно да пишува на форумов.
Личност која споделува детали за својот живот, до тој степен да може некој да ја препознае, веројатно е свесна дека некој всушност може да ја препознае. Затоа и не гледам зошто би и било непријатно да продолжи да пишува...?
Во право си. Можеби и не би и пречело. Без разлика, не би и кажала. Не гледам причина и не чувствувам потреба за да кажам некому. Да и кажам "Те познав на фемина" за мене е исто како да сум и рекла "Прочитав колку пати неделно имаш секс" или "Прочитав дека отказ си добила", со оглед на тоа дека има пишено и на интимни теми. До мене е, не дека неа би и било гајле дека ќе ја препознаат. Не размислив добро пред да се изјаснам погоре.
Немам запознаено ниеден пријател на форумов. Има доста интересни луѓенца, што ми се интересни да ги читам, ама јас сум премногу затворена и тешко ми е да склопам и ширам познатства.
Ќе частам кога ќе се запознаеме јас и ти! Лајф гоул. Би се запознавал и со други, ама тоа да остане меѓу нас. Во дискреција.