Доколку има некое девојче околу 20тина години и е расположено за дружба искачање нека ми пише, девојче сум и сум расположена за нови пријателства
До сега се немам запознаено со никого преку форумот. Имам случајно препознаено три девојки кои ги познавам лично, преку слики од комбинации на облека или слики кои ги објавувале и на социјалните мрежи каде сме пријатели или се следиме и тука. Во принцип, не откривам туку така идентитет на луѓе преку интернет но да се пружи прилика би се запознала со членки кои доста долго гледам дека се активни.
0. И јас препознав една девојка со која се знаеме и ја имам на социјални мрежи со години, но исто како да не сум ја препознала. Тајните се сигурни со мене. Ако некој ме познае, истото го очекувам и од него. Да сакавме да не знаат, со име и презиме ќе се пишевме. Дури и да познаеш некого, ферски е да не издаваш никаде.
Скоро сите активни ги познавам. Лично не, ама доволно за да знам со кој си имам работа. Најверојатно и тие мене.
Неколку знам кои се но не ги знам лично (сакам да се запознаеме) а неколку ги знам лично но не сум ги запознала на форумов него претходно во животот. Кога го знаете некој каков е многу лесно се примерува дека е тој дури и кога анонимно пишува
Не сум се запознала и не би се запознавала преку форум. Колку што знам, не му е тоа намената. А и, судејќи според атмосферата кога "ќе згусти" дискусијата, мислам дека од тука можеш да запознаеш непријатели наместо пријатели.
Познавам една сега неактивна членка во живо (уште пред форумов се знаевме), од самиот почеток знаевме која е која. Веќе не сме во никаква комуникација. Скроз имам желба да седнам на кафе со некои форумџики, ама повише е само желба за муабет со нив, не знам колку би навистина сакала да се организирам да излезам со некој. Вака, ич немам појма „со кого си имам работа“, навистина не ме многу интересира, не го сфаќам форумов толку сериозно, свесно дозволувам приватност на сите. Кога имам желба да запознаам некого повеќе, барам инстаграм.
Да не ве означвам. Со една се знаеме лично, две ги препознав на инста и како манијак ги додадов. Си знајте кои сте. За запознавање не знам, не би, не сум интересна.
Само да додадам пошто се потсетив, има некои членови што ме рендом имаат додадено на инста поради заеднички следачи (заеднички со други луѓе од форумов) и морав да изигравам детектив да откријам кој е кој член пошто воопшто не ни зборевме.
Се познавам со преку 20 членки, ниту еден член. Со 4 се знаеме во живо. 1 членка ја препознав во група на фб Македонци надвор од Македонија. Се надевам ќе запознаам уште членки.