Лично имам запознаено само една женска. Една ама вредна, плени со својот стас, а богами и со својот интелект Има и многу други девојки кои би сакала да ги запознаам лично
^не лажи агентке и мене ме знаеш значи 2 (по описов во постот знам дека таа 1 не сум јас , а ја знам и јас опишаната )
Ма јас мислам на договорени средби, испиено кафе, лаф-муабет.....затоа кажав само една А тебе те знам, еве признавам
Лично само една, а тоа е мојата ептен блиска другарка и соученичка Прво незнаев дека е на форумов, си читкав мислења, дури после ми кажа.
Да си го надополнам списокот, некогаш одамна беше една, а сега се повеќе. Веќе ко ден е јасно дека со Мерлинка се дружиме, со Најтвокер патетични суштества сме, Рокафела душа, Мимс која ја познавав одамна , но конечно се поздравивме еден убав сончев ден на Зелено пазарче, не , не пазарувавме чекавме автобус Срцекршачка и Штрумфетка најмилото суштество со најубавиот дечко. Се надевам списокот ќе се зголеми.
Вас двете да ве подбере човек Си кажав јас кого познавам, а со вас двете сакам кафе или мартини наскоро! Овојпат као тројче Пишувам неоправдани за неприсуство, што би значело повеќе мартини за мене
Со две се запознав лично. Со едната се гледав почесто и многу убаво си поминувавме до пред некое време... сега не знам кај е. А со другата се видов само еднаш и се надевам ќе имаме прилика да се видиме пак
Лично не се познавам со ниедна феминка, да бидам искрена јас и сакам да си ја зачувам анонимноста барем засега! И на фб немам ниту една пријателка од овде! Но... мислам дека случајно препознавам една феминка, се ми укажува на неа, скоро сум сигурна дека не грешам! И таа феминка мене не ме знае А и не се ,,дружиме,, нешто посебно овде на форумот па сигурно дека шансите да се ,,препознаеме,, се ептен мали!
Немам запознаено ни една личност од форумов а навистина сакам да запознаам некоја феминка(или повеќе ).....
Имам 4 дугарки на форумот А од останатие немам ни една запознаено , а многу би сакала да се запознаам со која и да било
На ФБ контактирам со една феминка а се надевам наскоро и во живо ќе се видиме, а сака да запознаам многу има прекрасни девојки на форумот.