Има некои луѓе кои им прават "stalking" на некои членови, со цел да дознаат кои се, какви се, што прават во животот надвор од форумов и тн. Јас не можам да ги сфатам тие луѓе. Што има да ги интересира некој кој е и како пишува.
Да, малце е сје*ани коа дијагнози шо си го сје*але животот до неповрат почнуваат дс се идентификуваат со истите тие членови и нивните животи, ама и тоа е решливо.
Не мора да се сталка, во некои теми самите членови постираат слики од себе па може да се препознаат. (Додуша со замаглено или кропнато лице, ама сепак). Инаку на темата, немам никого запознаено преку форумот.
Една, штета што веќе не пишува на форумот, бидејќи ја банираа поради луѓе што не можат да разберат ни 2% од тоа што го пишуваше и ја навредуваа.. Ретко таков член со квалитетни мислења..
Како процени дека сум негативец, И од каде толку сигурен дека секое е плус? Се немаш изгорено изгледа од манипулатори, користољубиви, злобни , љубоморни, па затоа си отворен за ширење на нови познанства. Браво за храброста.
Мене па интересно ми е да читам кога не знам кој пишува, и во мојата глава си создавам свој опис како изгледа, исто како книга кога читам. А да знам кој пишува некако па и непријатно ќе ми е да го читам, како,, тајни "да му читам, не дека којзнае што се пишува овде ама сепак...
Не постојат добри манипулатори. А ни манипулатори. Постојат само квази-манипулатори. А за колку ќе им бидат "добри" и изводливи манипулациите зависи од другата страна. А за проценување, се проценуваат. Потоа си постојат и такви што јас ги нарекувам "констипациони" (квази-) манипулатори, тоа се оние што живототот им е толку констипационен од с*ањата што им се насобрале, па добиваат малце(појше) мини-оргазмичен "thrill" вентил од секоја (квази-) манипулација што/ако успеат да ја "спровнат". Па уше да им даеш секојдневен и бесконечен пристап на платформа каде ова ќе можат да го прават. Опа бато, шо оргазмирања ќе се тоа...! А потоа и постојат "Балкан едишн" (квази-) манипулатори... што исто воедно може да се и констипациони (квази) манипулатори. Е за овие тек да не почнуем...
Какви и да се, човек треба да си држи до себе - да не пушта секој да влезе во неговиот живот . Ти ако сакаш во твојот живот биди опкружен си криминалци , наркомани, комарџии.
Имам запознаено над десетина личности. Некои ги сместив во категоријата пријатели, а потенцијал за истото гледам во уште неколкумина.
Ти прават ,,stalking" и откако ќе те запознаат, пошто бараат нешто што никогаш нема да го најдат. И најчесто ова е зашто самите тука градат погрешна слика за себе, па мислат дека и другите го прават истото. Болест.