Со неколку феминки си имам разменето фб....си контактирам а само 3 знам онака лично...би сакала да се зголеми бројот на овие што ги знам лично,а во скоро време мислам дека ке се зголеми со едно видување со еден од ретките машки на форумот баш ке ми биде драго
Па со оглед дека вчера се приклучив немам Aма се надевам дека со тек на време ќе се спријателам со повеќето од вас
Две членки ми се добри другарки и уште одамна се знам со нив, се немам запознаено со нив преку Фемина. Со неколку членки имам разменето фејсбук, а со една членка се уште зборуваме само преку пораки тука на Фемина, се надевам дека наскоро ќе си размениме и фејсбук. А во живо со никого се немам запознаено.
~ Јас познавам само една девојка која ја знам од мн одамна а на форумов случајно се најдовме Но, секако дека имам желба да запознаам повеќе
Па не се познавам со никој, или можеби се познавам ама не знаеме дека сме тие. Зошто нели форумто анонимен. А искрено и сакам да останам анонимна зошто во моментот најголемите тајни ми ги знаат неколку стотици феминки а ниту една пријателка што ја имам. Некако полесно ми беше тука да си зборам, него на нив..
Повеќе имам на фб со кои често си комуницирам,со некои повеќе,со некои помалку.. Една во живо. И една само за скајп!! Со неа сум најблиска,а се ближи и денот кога ќе го пиеме првото кафенце И уште една која ја чекам да ја премине границата,па да се пие алкохолл!
Ве замолувам да пишувате на темава доколку имате што да напишете, вака губи од смисла, веќе 2-3 страни има напишано дека не познавате никој. Да не бидам оф... Прва ја запознав Трендафилка, Потоа Лудото, Ози, Стронгер, Каролине.Коста и Дузи. Мислам дека не испуштив никој, и уште си чекам да ја запознаам Лилит
Сега за сега само една прекрасна форумџика која СДК го направи легендарно, секое утринско кафе ми почнува со нејзиниот пост, а потоа следи и се` остало. Затоа сега ми недостига ама знам дека е тука
Лично и персонално се имам запознато со тројца,Мистериус,Мистери и Душица. Во живо ги имам видено но не и запознато Анннни и Докторката. Утре ќе ја запознаам милата ми Вајлд. И да не заборавам,со повеќе форумџики имам разменето фејсбук.
Јас незнам никој на форумов!(освен сестра ми)Искрено сакам да се запознаам со некои девојки од тука ама па од друга страна несакам да си го откривам идентитетот(не дека имам некои тајни пишувано па да ми ги откријат,но несакам, да било за така немаше да биде анонимно )
Лично имам запознаено два исклучителни примероци Си ги сакам и се разбираме ко цел живот да се знаеме. Деновиве треба да изненадам уште една многу интересна Феминка што малку не’ заборави летниов период, ама се надевам ќе ни се врати. И едвај чекам да запознаам уште четири што мислам дека ќе ги видам лично Едит, грешно преброив - не се четири, пет се
marama, Nightwalker, srcekrasacka... За еден месец easyyyy После и Pelikuna... Во меѓувреме, не се знае...
Со една секси, весела, премногу позитивна и забавна мама и со нејзиното ќеркиче кое е толку прекрасно што немам зборови со кои би го опишала. Па кога на крај ми рече - дада Пирамида, денес беше многу убава Ај срце таа! како да не ја сакаш уште толку?! Има на кој да биде, богами има И со најголемиот шмекер на форумов, све нешто он со некој има хемија, све нешто брка некој за искачања и викенди Шала на страна навистина мил и амбициозен млад момак, се изнасмеав со него на повеќе наврати. А девојка сеуште не му наместив бе Ама ќе си намести он сам, си може он сам, по могучност да не е излезен со мене, пошто осетив дека сум му дилбрејкер, па то нажалени женски фаци кога гледаат дека не е сам, не контаат дека можам тетка да му бидам и дека не им го крадам До овие двајцава, секое седење со вас е задоволство.
Долго време лично не се знаев со ниедна, а сега во многу краток период се 3. Мразот го скршив со една од најмилите девојки тука, не можев да ја изнагушкам, и не можев да си поверувам колку е мила и пријатна за дружење во живо. Неверојатно колку е позитивна енергија ми пренесе, онака смирена и задоволна ретко сум била во женско друштво. Ја чекам пак да ми дојде, пак да си шеткаме заедно и пак да ја изнагушкам многу. Многу си ја сакам, ако е нуб невиден Едноставно ја гледам како постара сестра која никогаш сум ја немала, ме ислуша и ме посоветува за некои работи. Некогаш и негде планирам да си поседиме подолг временски период, малку ми беше ова сега. Еве и сега и ја испраќам најголемата гушка на цел свет Потоа времето ви го расипав со една друга (Да знаете до нас беше, затоа што конечно се сретнавме) , се изгушкавме небаре се знаеме 100 години, си направивме муабет за се и сешто, нормално пред неа сум јас 100%, ме сака таква каква што си сум, јас си ја сакам неа каква што е (уште цигариштата да ги фрли, да не и ги фрлам јас, затоа што минатиов пат попуштив и и ги вратив, следниот пат директно во канта за да не ме фати жал ). И следниот пат повеќе И еве и испраќам јавно извинување што ја подпретерувам со разложување на некои работи, ама ме сфаќа се надевам, професионална деформација ми е тоа. Сега ќе си ја видам пак кај да е. И на крај ја запознав најмилата, најдушеста и најкултурна феминка, онаков човек не се раѓа 2 пати Чест ми беше што седев со неа на маса (добро на 2 седнавме, УУУУУУ за занесените келнерКи ) Чест ми беше и што ја запознав и гушнав, слободно можам да кажам дека впечатокот што го имав за неа ми се помножи со 1000 кога почнав разговор со неа. И таа ме изнаполни со позитивна енергија, и можев да си се опуштам и да зборувам како да зборувам со некој кој ме знае 100 години. Ќе речам уште еднаш, една е на цел свет!