Ја запознав Ливинг Отидов така ненајавена....се појавив пред неа и во рок од 5 секунди ме позна и ја гушнав после уште еднаш и отидов и кафе ми свари и чоколадо ми даде тралалалала Фини муабети свртевме бе, многу е мила русинката
Кога ве читам вака,ептен ми е жал што се немам запознато со никој,освен со 2-3 феминки на Фејсбук. А пусти срам не ми дава да му напишам на некој порака,бар фејсбук да си размениме.. Ако има доброволец ЛП
Теди била во Велес и не се јавила ?? Онтопик, ја знам Офи, односно се реупознавме. Го знам и дечко и. Керолајн коста, многу мило и драго девојче, ја чекам пак на гости. Ама овојпат да се изнамуабетиме, онака асално. Толку сега за сега, а има многу на список кои би сакала да ги запознаам.
Само еден...пријател , срцкастиот ( ) Nightwalker . Се надевам дека за брзо ќе ја запознаам и Rock-a-Fella
и јас колку повеќе гледам дека сите се запознале и си поминуваат одлично каде и да биле, толку повеќе ми е жал што незнам никој. Ако сакаш прати фб во лп мило би ми било доколку запознаам некој барем виртуално, кога сеуште неможам во живо
Возвраќам на гушката, силноооо, добро ај не толку силно да не ти пукнам некое ковче И бај д веј, Офи има многу сексуЉав глас, за тие што не ја знаат. Дузи, не бев во Велес, ама ако идам натака ќе бидеш благовремено известена лутка една
Имам запознаено еден пријател од Скопје.. Се надевам дека за брзо време ќе се запознаам и со девојката од Кочани , пред да замине и таа негде.
^^Во тројка да не пиевте кафе??? Да не бидам офф Пирамида и Мистери Едит: Дафни (смајлиштосиврзувашамар) Фала Пирамид на потсетување
Да не заборави некој? Јас веќе си кажав кого познавам. И драго ми е што си комуницирам и понатаму доста често со сите, скоро on a a daily basis. Кој би рекол дека форумов ќе ми овозможи да внесам во животов толку убави и забавни другарчиња, да не речам прекраснотии а ќе речам
Па, до сега само со Дејзи имам разменето ФБ и мсн. Инаку, секако дека би сакала да запознаам повеќе пријатели на форумов, и се надевам дека така ќе биде.
Јас досега само со ангел4е121 имам разменето ФБ.. А во живо уште не познавам ниту една феминка.. Но ќе биде и тоа ( се надевам ) има време уште сум од поновите на форумот
Со гордост можам да напишам овде дека на листата имам уште една. И многу ми е мило дека направив така за да можам да се видам, затоа што откако си заминав сфатив колку сум побогата што ја познавам и што сум запознала таков човек. За неа мислам само најпозитивно, дури и чест ми е да кажам дека ја знам. Од неа само убави работи може да се научат. И секогаш кога ќе сум во можност да се видам со неа, ќе правам да се видам заедно со уште 2 кои си ги сакам исто колку неа.
Јас бе чекајте да кажам иако има докази Уште 2 запознав....Марамка и Најти Закон се, цела вечер ме болеа образите од смеење Марамка е ептен мила, ама слабичка бе ми беше страв да не ја згмечам кога ја гушнав, а Најти е тој ви е прав каваљер. Још 2 пријатеља пЉус на мојата листа.....чак чак ете така
Па за сега со никого,само си коментирам по темиве и со никого немам правено онака муабет,а баш би сакала Се надевам во скоро време
Во живо засега со никој ама Фејсбук разменивме со: -Рокафела -Лов3- додуша,таа мене шпионски,без да знам ме адна,ама пак сме фенси. Сега сакам да ја запознаам и Офи,ама она има лошо искуство со ФБ така да,незнам. A гарант пола форум сакам да го знам... Пирамида,Дузи,Лудото,Трендафилка,Ливинг,Љубам,Елементал,Лин,Георгина,Мерлин,Вајлд...