Да си ја додадам и јас Гоу на листата на запознаени феминки и да ви кажам дека лаже, слаба е колку мене И случајна средна со ФБИ, се надевам и на подобро запознавање, а не само препознавање. А да знам уште една, а и таа ме препозна мене ама бидејќи мудро молчи, ќе молчиме и двете
Со никој се намам запознаено,ако сака некој да се запознаеме слободно нека ми пише...но не и во наредните 7 месеци(после 7 месеци ќе има привилегија и најновата феминка да ја запознае).ај поздрав
Лично познавам 2 Виртуелно се имам запознаено со 3, од нив со 2 планирам да се запознаам лично наскоро
Hipica & EnnieFabulous ги познавам лично од пред 5 години Дополнително не се имам запознаено со никоја друга... можеби низ Охридов, можеби низ Скопјено ќе се запознаеме
Лично само со Старфиш и Скајчето. И двете се премили и прекрасни девојки. Еднаш оддамна,убаво кафе беше тоа.Зборлесто Виртуелно се имам запознаено и комуницирам со повеќе. Роси,Фби,Марама,Теди,Мимс,Ким,Оффи,Смајли... Мислам дека толку.Mоже има уште некоја,aма толку ми текнуваат. Битно има уште многуу девојки кој би сакала да ги запознаам во најблиска иднина. A се надевам и они мене .
Багето,Офи и Мечето. Со Багето се гледаме скоро редовно. Со Офи и Мечето е виртуелно. Немам друг. А баш би сакала. Едит. Ја заборавив Скајчето. Сите се петка девојки. Едит,втор пат. Аман. Леле,волфче,многу извини. Ја заборави Волфче. И неа ја имам. И дури сега мислам дека се толку.
Леле колку сум јас сиромашна... Ич....Никој! Само Кенди и Меги, ама нив и од претходно си ги знам. И така...
Лично се имам запознаено со Офи (да ви кажам ваква личност со нејзиниот карактер немам запознаено) . Со Дузи имавме да не речам едно блиц видување, ама сега имаме договор за кога што како . Кенди ја видов на нејзината матурска, ама лично се уште се немаме запознаено. Штрумфета се знае веќе дека ја знам уште од мали нозе. Старбакс ја знам. Се познавме во школото . Друг не ми текнува . Толку паметот ме служи. А виртуелни пријателчиња на социјалните мрежи имам неколку . И така.
Лично, засега никој. Всушност, знам една форумџика, се активира повеќе во последно време. Инаку на социјалните мрежи, многу... Дури и неможам да се сетам на сите, ги заборавам имињата, и неможам да ве пребројам. Една форумџика пред многу време ја најдов на Фејсбук, ама и го заборавив името. Билобил, под итно. Сакам да запознаам многу форумџики, се надевам ќе имам можност.
Bright и Hipica ги знам од порано..Особено со Bright имаме доста улави спомени од средно Victorya ја запознав на еден друг форум пред 2 години, не ја имам видено во живо, но си контактираме преку фб и скајп-таа знае за мене многу повеќе од некои мои блиски другарки.
Jaс си запознав едно пријателче си знае она кое е,ама зш се договоривме да не кажуваме не ви кажувам. Инаку со оние со кои си разменувам лп,има некои кои ми се врежаа во срцето и којзнае може и со нив би се запознала,немам против,баш убаво е да се дружиме и надвор
Ете ти беља уште по бели мугри, кај жаба со меур, сега и меурот ми пукна ради вас срам да ви е. Знам неколку форумџики од социјалниве мрежи. Лично никоја..
Јас бев изненадена што Мерлинка рече дека ќе ме изненади а не ме изненади, ама вчера се изненадив зашто стварно ме изненади. Уба таја. Во еден момент ја читам на форумот за некојси јуфчина, во другиот ја гледам на врата. Сончева и ведра. А да, за Теодора можете сите да ми завидувате.
Денес запознав уште еден фемински примерок. Spoiler Ај ај, ја сите ги знам, ам вие бе... Иииих, тешко вас!