1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку сакате свечена гардароба?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од marinadejan, 24 ноември 2009.

  1. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Сакам да се дотерам за некоја свечена прилика и уживам во подготовките. Бирањето на облеката, шминката, фризурата... Не сакам претерување и кич. Често луѓето кога се обидуваат да се дотераат претеруваат и на крај излегуваат смешни, се да стават на нив - се од додатоци, тракатанци, накит...
    Не ми се допаѓа премногу светкава свечена облека, не ми се допаѓаат класични свечени пунџи со сарми.
    Сакам дотерано, убаво, но со стил и вкус. Дотерано, но со мерка. Некогаш и лежениот изглед добро искомбиниран и носен на вистинскиот начин и со вистински обувки и накит може да изгледа свечено.
    На крајот на краиштата не му стои на секого свечена гардероба. Некому стилот не му дозволува да се стави на пример во класичен смокинг. Затоа почитувам кога се прават измени и се поместува границата на дрес кодот. Многу ми е симпатично кога некој ќе направи комбинација која ќе биде свечена, а ќе си го задржи сопствениот стил, кога едноставно ќе зрачи ТОА СУМ ЈАС.
    Во однос на боите не мора да е црно класично, ги сакам сите бои. За жените, должината на фустанот зависи нели од типот на градба. Јас лично повеќе ги сакам кратките фустанчиња. 8)
     
  2. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Сакам,кога приликата го налага тоа нормално дека да.Е сега свечени моменти тоа се обично свадби(освен матури и апсолвентска од кои низ се поминав :lol: ),а гала вечери не посетувам,нормално :) Обично во такви прилики носам прилепен цевчест фустан,до колена,соодветни чевли и тоа е тоа.Со бои многу,многу не е експериментирам-црна,шампањ(повеќе летно време),сиво-црна комбинација,а ми се допаѓа многу и темно зелената боја,ама немам фустан у таа боја.Косата ми е долга,и обично за такви прилики ми е благо вртена,а сега ми се убави и оние пунџички(мене ми се елегантни) кои се прават долу на вратот,само што јас немам храброст да пробам,за да не се упропастам пред самата свадба :) Шминката ми ја прави козметичар,не сакам да се нервирам сама околу тоа,а и да не ги нервирам другите околу мене успат :) Плик ташна,дискртен накит,обично убави соодветни обетки,не сакам да се китам со ланчиња,а ниту пак,според мене ако се рече свечено,треба да е светкаво нешто..тоа никако не!Посебно во летно време,ужас!
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Да сакам свечена гардероба но во зависнос од пригодата. Се разбира свечен фустан за свечена пригода. Но сепак да не е прамногу елегантен. Најмногу ми се допагаат фустани кои се елегатни но едноставни со добар накит високи штикли и плико ташна . ;)
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Порано го мразев сето тоа дотерување, ама сега.... е сега кој да ми го најде крајот. Не дека претерувам, но сакам да бидам средена од глава до пети во секој поглед, а сепак сето тоа да не биде преблештаво и кич. Сакам да биде едноставно. Досега НАЈдотерана што сум била беше на матурата: носев фустан кој чисто сумљам дека уште еднаш ќе го облечам (мада што му правев некои планови :) ), косата ми беше во фризура која за мене и БЕШЕ фризура, додека некои и за едно обично излегување така ќе ја направат, а шминката... темна и изразита, што кај мене НИКОГАШ не се случува бидејќи сметам дека таквата шминка уште толку ми ги смалува очите. Но, се‘ на се‘, испадна супер.
    Сакам да се дотерувам, но се‘ во границите на нормалното. Не би сакала да бидам „маскирана“ во Новогодишна елка.
     
  5. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Па сакам свечена гардероба,за соодветни прилики нормално,иако свечена гардероба е многу широк и релативен поим :D
    Сакам да се дотерам за свадба ама тоа никогаш не е нешто екстравагнтно,нешто многу светкаво или нападно.Се одлучувам за симпатични,елегантни а сепак носливи фустанчиња и најчесто се над колена или пократки зашто сум ниска па не можам да се замислам во долг фустан.
    Обожавам да шетам по продавници и никогаш не ми е досадно кога сум во потрага по свечена гардероба(како и за секоја друга облека :D :D )
    Значи фустанот обично ми е основа која ја надополнувам со раскошни обетки,убави чевли и најчесто благо навиткана ил иисфенирана коса :inlove:
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.567
    Пол:
    Женски
    Под свечена гардероба не подразбирам само фустан. Сакам да се облекувам свечено кога бара пригодата од мене. Најчесто носам сукња до колена со висок струк и со некој корсет внатре во неа, или пак некоја кошула. Сакам и да носам панталони со кошули. Кратки фустанчиња и сукњи не носам. Обично избирам да носам црно, бело или сиво. Несакам светликави работи, затоа што тие не ми се допаѓаат, а и не ми изгладаат пристојно.Никогаш не носам ланчиња, сакам убави обетки и плик чанта.Штиклите се задолжителни и се или црни или во некоја впечатлива боја.. Секогаш се шминкам сама, кога ги нагласувам очите ,усните не и обратно. Фризура или ја носам пуштена затоа што ми е кадрава или ја собирам во интересна пунџа. Кога ептен е посебна пригодата одам на фризер.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Да да ама сепак јас потенцирав фустан зашто најчесто тоа бараме или сукњички. Сепак во воведниот пост има дел каде пишува фустан или други свечени комбинации.

    Јас лично сакам свечена гардароба.
    Не сум носела долг фустан до сега, ги сакам оние над колена, а секако ни прекратко да е.
    Последната свадба носев сукња со висок струк, кошулка и сако. Панталони не сум носела одамна, од дете на свеченост.
    Фризурата или фризер или сама дома си ја пеглам (нормално зависи кај колку блиски сум на свадба, матура итн :lol: ), а шминка секогаш сама. Умерено малку сенка, црн туш, нежно карминче и сјајче. Иако посакувам да знам поубаво да се шминкам и експериментирам во сенките пред се!
    И секогаш средени налакирани нокти.

    Јас во целиот овој процес го мразам шопингот за свечена гардароба.
    Секогаш си имам на ум што отприлика сакам да носам и најчесто НИШТО од тоа не наоѓам во нашиве продавници, или ќе најдам облека а чевлите ги наоѓам одваааај! Кога би имале повеќе избор мислам дека би ми бил олеснет процесот за одбирање свечена гардароба.
     
  8. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Уффф...Јас лично мразам свечена гардероба и тие пригоди кога мора да си така облечен.... :wasntme:

    Не се облачам баш свечено...мене фустанче не ми е нешто свечено...ама пак обожавам долги фустани и како се ин сезонава сакам да се дотерам...Најчесто купувам црни фустанчиња...некој не нападен накит и штикли must have....Али долгиве фустани уффф ги обожавам....Косата ми е долга скоро до половина ама не експериментирам со неа...или ми е пеглана скроз права или благо навртена...а така ја носам и секој ден...

    Еве на пример ја на апсолвентска....не бев свечено облечена за разлика од другите кои беа теткици у права смисла...рано ми е за такви комбинаци...штосно и младалачки да...Фризурата ми беше некој вид на четка целата навртена на ситни локнички и после подигната како четка на нагоре....Имав фустанче долго ама не како за на свадба него може како за летна прошетка на плажа :$ И погледи сите беа вперени во мене :$ Не бев класична..... и поубаво него ли ко тетка да бев ... :D
     
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас уживам во процесот на спремање пред некој таков настан.
    Се полека правам, до перфекција зошто таква сум и по природа.
    Сакам се да ми е претходно купено, испеглано и спремено. Па јас само да го облечам :D Се шминкам полека со некоја мат сенка и туш и темен кармин. Ноктите секогаш ми се средени па може единствено само уште некој слој да им ставам пред да излезам. Да напоменам само дека мразам светли нијанси и француски, значи скеогаш со темен лак. Штикли секако, по можност да се над 8цм, а најчесто такви купувам, па комбинирам.

    Инаку не секогаш купувам нова гардероба пред свечен настан. Имам доволлно , па си комбинирам. Понекогаш не сакам да носам фустани , па облекувам некои панталони обично крем, маслинести и сл.со некој интересен крој и бела или црна кошула. Не сакам светки, циркони и сребро и злато што сијаат на 100 метра. Најмногу внимание посветувам на накитот! Го избирам дооолго и бавно додека не го ускладам, а тоа е затоа што го имам премногу.

    Ама, во никој случај не претерувам и за да се осигурам ги прашувам сите кои се по дома во тие моменти. :lol:
     
  10. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    За на свечена пригода ги обожавам
    а секојдневно кежуал варијанта и за викендите не претерувам многу многу спремање
    поедноставно :) за да не биде комплицирано :D
     
  11. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Обожавам.. не ми е проблем ниту свеченото спремање... едноставно уживам :*
     
  12. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Луѓе и јас во мај сум деверуша и предложете ми некое фустанче не како невестинско или теткинско не многу накинџурено мене нешто овој стил ми се допаѓа
     

    Прикачени фајлови:

  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Со оглед на тоа што имаш 13 години сосема е во ред вакво фустанче да носиш, ако сакаш да си посвечена. Иако може да избереш и понесвечен со цветчиња некој онака тинејџерски баш. Иако сите млади ги обожаваат овие фустани така да разбирливо е што ваков сакаш.
    Ама внимавај за чевлите, никако штикла НИКАКО!
    Летно време има убави на плута чевли супер се за помлади ем ќе те издолжи, ем повисока ќе си, ем удобни се!
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
     
  15. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Фала за мислењето штикли нема шанси овие сандали може ама јас и онака сум висока и да ги облечам повисока од невестата ќе бидам :lol: Сепак има време до мај ;)
     
  16. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.943
    ако видите некоја со корсет фустан на свадба можно е да сум јас :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    • 546.jpeg
      546.jpeg
      Големина на фајлот:
      21,5 KB
      Прегледи:
      604
    • rty.jpeg
      rty.jpeg
      Големина на фајлот:
      36,9 KB
      Прегледи:
      604
    • thing.7496169.l.jpg
      thing.7496169.l.jpg
      Големина на фајлот:
      28,1 KB
      Прегледи:
      604
  17. Mamy

    Mamy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Треба да одам на свадба кај блиски и неможам да се одлучам дали да барам фустан или панталони и сако.Ако може да ми предложите нешто. Сите бои ги носам, малку сум елегантно пополнета.
     
  18. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Јас не би идела на свадба со пантолони, а посебно пак на блиска свадба. Може само дента, но во ресторанот не. За еден месец и јас сум на свадба (ептен блиска) па за дента планирам пантолони со сако или суќна а за навечер во ресторанот фустан.
    Еве нешто:
     

    Прикачени фајлови:

  19. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    :)
     

    Прикачени фајлови:

  20. Mamy

    Mamy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Ви благодарам на сите сто се потрудивте да ме ,, дотерате,,. Навистина многу убави предлози и линкови. најверојатно еден ќе биде долг , а еден краток бидејќи одам на свадба кај многу блиски роднини . Поздрав на сите и мнооооооооооогу Ви благодарам. :hai: