Епа вака на 28 јули сум кума на свадба и мислам преку денот да облечам некои по елегантни шорцеви, маичка и балетанки а за преку вечерта некое онака интересно фустанче. Инаку имам 13 години и што велите добра ми е идејата? Сакам да купам нешто што би можела подозна да го носам Ако сакате и прикачете некои сликички чисто претстава да имам а да и што би имало по бутиците ова лето
можеш вечерта да облечеш некој фустан,ама гледај да не биде многу нападен,а и да не биде црн.ти имаш 13 гоини и за твоите години облечи фустан баш како за тебе,некој понежен и со не многу јаки бои... се надевам ти помогнав...
За на свадба сакам исклучиво фустанчиња. Не сакам многу кичести, туку поедноставни, со складни чевли, мала чантичка и обична фризура (не торти). Ако е поблиска свадбата може да си дозволам поскапо, полуксузно фустанче, иако не мора да значи. нешто во овој стил (кратко, лелеаво, а може и шаренко, не сакам црни фустани):
има многу теми за облека,како што е фустани и други, незнам зошто баш посебна за свадба ама еве некои идеи...
Xepp,сакаш да кажеш твоите се кумови? Инаку имаш само 13години. Биди во некое кратко убаво фустанче кое наликува на твоите години.
Да да така и планирам инаку да ние сме кумови уствари брат ми Преку денот ќе носам сини шорцеви така некои убавки кратки на горе некоја поубава маичка разголенка бидејќи тогаш е многу жешко па... А вечерта ќе облечам некое фустанче во светла боја, розе накај портокалово или таа сино-зелена боја какво најдам такво
^добар избор :up: едноставно биди своја за годините што ги имаш па и на твоја глава за едно 10-15 години.
Другата недела сум на свадба кај прва братучедка. Може нешто да ми предложите од прилика, суќничка, фустанче, панталони, ама за дете од 14 години, да не биде за тетка. Гледав наназад, и во темата фустани, се ми е како за поголеми. Благодарам.
Јас сум на свадба летово и ќе ве замолам ако можете да ставите некои слики од фустанчиња,по можност кратки и со прерамки. Фала однапред
Јас се спремав. Си купив црни со кафено кондур-сандала на полна пета, оваков модел, само црн , и од позади има патент ист таков на грбот, и ланчето е такво само со црно каменче. На рака ќе носам златна нараквица и мали црни обетки. Иии..немој да ме карате ќе носам обчни хулахопки, а кондурите се на еден прст отворени, ама на боса нога не бива Спојлер И секаде се испофалив дека се подновив. И доста е.