Леле, кај вујко ми сум на свадба, али сакам нешто посебно да носам. Некое кратко фустанче искомбинирано со сако. Ама, незнам како, што. Ајде, Феминки, помош.
Јас пак сум на 18 Мај на свадба, и таму свадбата ќе биде 2 дена. Првиот ден ќе носам фустанче подлогата крем боја, а чипката од горе е црна, со црни салонки, и плик ташна. А за вториот ден ќе носам фармерки, штикли пинк боја со крем боја, ташна и некоја блуза дали ќе биде пинк боја или крем боја ќе видам.
Ние почеток на јуни со ''малиот'' сме на свадба на негов прв другар. И јас сум во потрага по фустан.. ама некако ништо не ме бендисува. Бев на ум за долг фустан, ама сестра ми ме предомислува, не ми била мене толку блиска свадба Сакам да шијам нешто ама времето си поминува..
Можеби грубо ке звучам,но .... Да шиеш фустан за свадба и тоа за неблиска личност,ај да не кажам неважна?! Многу сте блиски,многу го сакаш,роден брат од мајка ти е и ке носиш долг/шиен фустан?..Убаво ти вика сестра ти..
Можеби грубо ке звучам,но .... Да шиеш фустан за свадба и тоа за неблиска личност,ај да не кажам неважна?! Многу сте блиски,многу го сакаш,роден брат од мајка ти е и ке носиш долг/шиен фустан?..Убаво ти вика сестра ти..
Duffi јас кога се мислам помеѓу долг или краток кај мене повеќе игра улога факторот каде ќе биде свадбата. И прв другар на дечко ти па и не е така "далечна" свадба, ако се дружите секако. Во последно време долгите фустани земаа голем замав што ме радува, бидејќи многу поубаво и поелегантно ми изгледаат девојќите па и жените во долги фустани на свадба.
She.e има луѓе кои може и браќа да ти се а да не ти се блиски, има разни примери за нарушени односи во блиски фамилии.( не сфаќај ништо лично само сакав да ти објаснам) Да не бегаме од темата си најдов два модела па ќе видам во зависност каков материјал ќе најдам па ќе одлучам. Ви благодарам девојчиња во секој случај.
Девојки јас сум на свадба кај другарка и имам дилема со фустанот.. Купив преубаво кратко цветно фустанче и сакав тоа да си го носам бидејќи така летна свадба е, топло..едно друго Ама ме предомислуваат другиве се долги фустани и ме ставија во мисла.. инаку да направам или купам долг не би го носела пак којзнае колку време.. а вака да не е „непристојно“ (да речам) со кратко цветно.. Хеелп
Секогаш на свадби носам фустанче. Само кога бев помала носев пантолони и свечена блуза. Имам 5 пара фустанчиња за на свадби. Едното од нив е црно. Тоа го имам носено на 4 свадби. Најубаво ми стои.
Кумовите ни прават свадба сега 21 септември....јас имам стомаче нели бебушко си расте, ама не е големо...но немам идеа што да носам. Дајте некој предлог.
Мислам дека убаво би изгледало на мешкото нешто вака слично како со коланче под градите и надолу слободно да паѓа.
^Се одлучив за тој модел во spoilerot, само што ќе одам со материјал свила и црно/бела варијанта....па ќе ви пуштам слика како излегло.