Акордин ту дис, оние на кои не им се зборува на оваа тема, кои МИСЛАТ дека имаат што да скријат, кои не чувствуваат потреба да кажат вистина, кои се невини Деви Марии - нека не коментираат. Или нека коментираат, ама нека не глумат судови. Фала Богу, си имаме 27 основни, 4 апелациони, 1 Врховен, а на никого не му текнало суд за морал да отвори, од проста причина што не е потребен, моралот е тоа што сам ке си го зацрташ во главата. Затоа е и непишано правило. Ајде натерајте ме мене да коментирам кај “Домашни миленичиња“...?! Нема да го правам тоа, зашто не сум компетентна, ниту сакам да се мешам во работи кои не ме интересираат. Искрено, за мене можам да ти кажам дека не се обидувам никого да импресионирам. Да измислев парна гравоварница на мед што работи, ке отворев специјално тема за некој да ме критикува лошо, некој добро - тука кажувај дали лажам и дали го украдов патентот. Анонимен е форумов, и сигурно дека повеќе ќе се отвориш тука, отколку на некој што веќе те знае и знаеш дека некако би те осудил. Оттука, нема причина да лажам. А дали ми веруваш ти, ме интересира исто и колку што ме интересира колку наредниот партнер би ми верувал. Ич, можеби и во минус.
Немаше потреба од толкава фама и офф топик мислења, но бидејки јас почнав ќе дадам уште едно образложение ко за крај. Јас не извадив тука список со тоа кој лаже, а кој не , само напоменав во реален живот сосема е поинаква ситуацијата, не успевам да ја сфатам поентата на лажењето на анонимен форум прво, второ бројот на сексуални партнери мене не ми значи апсолутно ништо, и јас имам другарки кои ете имале десетина партнери и повторно ми се другарки, ниту се к* рви, ниту радодајки и слични други вулгаризми туку сакаат да пробаат и експериментираат во сексот, па и на крај краева мене нималку не ме интересира нечиј сексуален живот, мене побитен ми е карактерот а не кој со колку се е*ел. Второ, опшествово ни е толку конзервативно па можеби тоа ги тера луѓево да се трујат со манифестирање лажен морал, менталитетот на многу луѓе сеуште е во 50-тите години па бројот на сексуални партнери е мерило за чесност. И така натака и така навака, јас уште еднаш ќе напоменам дека не осудив никој поединечно дека лаже, сеуште немам таква моќ и преку пишан текст да ја оценам веродостојноста на податоци, туку јас не успевам да ја сфатам поентата од лажење на анонимен форум.
Каква виша математика сте удриле, оние со 2јки математика нема да можат да си пресметат а пак ако имаме и некоја непозната, отиде јабана резултатот, ќе треба на часови да идеме
Ја прелистав темава, и не ми се верува...И си мислам дека... 1 Или живеете во мали места ( па не смеете да се ебете, пошто ако ве дознаат нема мажачка) 2.Или сте премногу млади (прочитав 14год. девојче што вели дека си била со еден единствен и не се каела што била со еден.. па со колку да биде на 14..и тој и е многу...свашта) 3.Или ви е страв дека во овој анонимен форум, по некоја случајност некој може да сфати која сте.. 4.Или некоја од блиски другарки, дечко, маж ви го знае "никот" на форумов.. Мислам дека ова се реални фактори кои влијаат на поразителнава бројка Иначе од причините кои ги наведов не ви го кажувам бројот на моите партнери, доволно е што сум искрена пред маж ми, и што тој ја знае и не така малата бројка, и е нормален маж, во нормално време, на кој што се му е јасно....и фала богу ме знае од град, па ми ги знае и бившите дечковци, сме прошле и други врски ( во кој што не се расте само сексуално , туку и емотивно)...и ме сака бескрајно, и ми верува, и јас на него..пошто се познаваме длабоко... Сите вие слободно гордејте се со вашиот еден, немате појма што сте пропуштиле...феноменална младост
Искрено овој одговор не навредува, ама не можете вие да кажете дали некој нешто пропушта или не. Тоа што за вас е феноменално, за друг не е. Јас имам 19 години и терам накај 20ка, па не сум имала никогаш секс. Што значи дека на 21 година, да кажеме, јас овде би можела да пишам 1 или 2, затоа што ги признавам долгите врски и такви и имам, не би можела да имам секс ако не сум во врска. Последната врска ми е две години, како и зошто немаме секс не е за во оваа тема. Стварно не ја гледам потребата некој да лаже овде, јас на секој можен начин сум осигурана дека никој нема да ме познае, верувам и повеќето девојки на кои им е битно тоа. Нормално дека некоја излажала, секогаш постојат и такви, ама во глобала нема причина да се лаже. Не има од сите возрасти и секоја со свое искуство. Мене воопшто не ме чуди што повеќето имале 1,2,3 партнери, може затоа што сум во слична ситуација, како што кажав тој би бил и мојот број за година дена да кажеме. За мене секс со многу партнери е амерички филм. Меѓутоа секој со своите искуства и желби.
Aј да се надоврзам и јас,иако не сум многу компетентна за коментирање на темава, ме изиритира коментарот на женскана. Не може за секого феноменална младост да биде ако имала 15 секс партнери,или помалце,или повеќе. За мене феноменална е да бидам со 1,со овој што сум во врска. Ајде ако не да се изе*еме сите со поише,па да си ја доживееме младоста. Има некои,да,убаво им е,имаат (имале) повеќе партнери,океј тоа е топ, ама не ни е на сите така. Доволен ми е еден,ме задоволува,и тоа е тоа.Не морам со 5 други секс да имам. Така да,ништо не сме пропуштиле,барем јас.
Зошто и рипнавте? Па жената/девојката само си ја кажа реалноста, не гледам причина за да бидете на било кој начин навредени.
Лелее ! Ај смирете страсти(хормони) ! Ако некоја си кажала свое мислење збори генерално зошто се чувствувате засегнати, па да одговарате, да стварате непотребни оф топици ! И не да се лаже, се суши на форумов, мислам толку е очигледно.(не конкретно за темава де)
Ако за неа тоа е реалност, не значи дека и за мене е реалност. И веќе овој муабет сто пати се сврте на темава која лаже, која демек се прави светица, бла, бла и досаден е веќе. Кој сака нека верува на бројките, кој не сака не мора, ама темава не е дали лажете за бројот на сексуалните партнери, туку кој е бројот. Така да...
E не е до толку реалноста бе Офи,може некој нејќе да има секс со поише едноставно.Не мора секогаш овие причини да бидат,мало место,срам ви е,па да не мисли дека сте лесна,едно друго. Не е кај сите вака. И никој не е навреден да се разбереме,само и ние искажавме мислење.
And here we go again....ко некоја шпанска серија сме. Лаги и интриги Офи и рипнаа зашто тој глуп мубает кој лаже, а кој не, се води страни наназад. И откако жапче убаво го затвори тој глуп муабет, ете ја мамаенце пак да ни каже како сите лажеме А не ни сподели колку партнери имала она, значи е скроз офтопик. Дојде за не просветли како сме ја пропуштиле феноменалната младост? или што? ако не верува, слобдно нека не чита...ионака негледам ништо интересно во читање различни бројки и поврзување на истите со одредени форумски ликови
До сега сум имала 2 секс партнера. Сакате Верувајте, сакајте не! Морав да редактирам за да не бидам оф топик. Додуша, имав и еден до пола, сега не знам дали се важи и тој, а?
Молим лепо, сите оф топици да се избришат, која не сака да каже нема потреба да пишува на темава, која мисли дека некој лаже воопшто не мора да чита и да се замара, а тука спаѓаат и сите кои мислат дека темава е глупава, ваква или таква.
Јас искрено ви ги набројав причините ( види погоре) заради кои не го кажав точниот број на партнери, и заради тоа мислам дека и тие кои имале повеќе партнери, не така радо пишуваат за тоа или пак воопшто не пишуваат ништо на темава... Но затоа се тука горделивите и скромните први да коментираат... Уопште не сум офф топик ( или не знаев дека темава мора да биде толку глупа , па само број да си кажеме? ) Норамлно е темите и разговорите спонтано да се менуваат и да земаат малце поинаков правец од насловот.. Што е тоа толку страшно.. ?
Што лелекаш, те мачи нешто? За тој до пола не знаеме дали се брои, па доврши ја работата да не се мачиме со бројкиве