Blaze si na zenite koi imale samo eden partner. Ne pominuvale niz bolni raskini da gi ostavaat i tie da se prasuvaat kade e greskata...Seks ko seks , ubav e samo ako si so mazot sto go sakas
Ова е така, до некаде. Ама дали навистина се работи за среќа, т.е `несреќа` што девојката не нашла вреден дечко, па била со 20 ???? Мислам, тука не се работи за несреќа, туку девојката сака да си легнува со кој и е драго. Затоа имаме мозок да го користиме и да видиме дали дечкото е искрен и дали вреди. Можеш да се изгориш еднаш, ама вториот пат си сама виновна.
Girl23 за првиот дел од цитираното зборувам за оние девојки кои навистина немале срека да најдат некој со кој ке бидат заедно до брак ете како што кажав имале и подолги врски од по година и поише па дечкото им раскинал , значи не дека ти си менувала по 3-4 партнери месечно него едноставно не ти успеала врската и сега доага делот осуда без оглед колку долго си била со некој заедно ако смениш повеке од 3-4-5 партнери одма друга слика за тебе има . А за тие што ради мерак менуваат партнери и не сакаат да бидат во врска пак ке кажам тоа си е нивна работа не е наше да ги судиме и да им продаваме памет како тоа чини или не чини затоашто сепак тоа си нивни живот ,ако нив емоциите не им се повредени со тоа што вечерва некој спие со нив а утре коа ке ги сретне на улица се понаша како да не ги познава нашата осуда верувам уште помалце ке ги тангира. За девојката што реков дека и симнувам капа за 20те партнери што ги сменила тоа го реков затоашто навистина понекад во овој свет мислам дека е подобро човек да не се замара толку со емоции и да го тера животот онака како мисли дека треба отколку еве како мене да се затвара (емотивно )после секое љубовно разочарување . Ако не само нејзе (да не испадне постов личен атак према нејзе) туку и секоја друга девојка наога убавина во сексот зашто па ние да бидеме тие што ке кажат колку е добро да има а колку не е добро. Тоа е исто ко на некоја што имала 1 или 2ца некоја која имала поише да и збори зашто е тоа така и ја навредува зашто имала малку партнери. За вториот дел од цитираното да, во право си имаш памет и здрав разум да го користиш ама кога си заљубен или некој многу ти се допага и брзините ти се помешани верувај не е така едноставно.Едноставно е да проценам некој каков е ако на прво излегување ми бара секс и да знам дека му е само до тоа дојдено па да го откачам ,ама ако со некого се гледам месец-два и поише и според секој "стандард" за врска функционираме како што треба двајца да функционираат си викаш епа ок врската си носи и секс нормално нема да го сушам 100 години за да видам дали е прав или не и тамам од кога ке се деси тоа после недела или две те откачи мислам дека здравиот разум баш и нема некаква улога . Јас искрено како помала (прв пат пољубив машко на 16год) не сум сакала одма да се врзувам во сериозни врски затоа што не сум била способна да го носам товарот на врската постојано гледање искачање идење по одмори по викенди ,сум сметала дека времето треба да го поминувам со другарки но ете од кога наполнив некои 20-21 година почнав да размислувам за тоа дека сакам да бидам со некој и во секоја врска да вложувам максимално од себе за се што зависело од мене без разлика дали станува збор за врска од месец или од година дена но, ете имало и такви врски кои неславно завршиле после кратко време (месец -два) па тоа не значи дека со тие дечковци со кои сум имала секс било затоа што сум збесната и не знам што со себе туку ако не поише стварно многу ми се допагале и сексуално ме привлекувале . Како и да е поентата и на двата поста ми е дека треба да гледаме како некој се понаша кога е со нас дали не сака и не почитува и дали сака да биде со нас и дали сака да вожи во нашата врска отолку да обрнуваме внимание на тоа со колку биле. Нешто најубаво некој што ми кажал до сега е не тоа С те сакам ! туку С ти верувам за се што ке ми кажеш остај другите што зборат мене ми е битно ти што ке кажеш. Е па мислам дека после тоа и 100000000 пати да ми кажеше дека ме сака немаше да ми биде толку убаво како тоа што ми кажа дека ми верува за се и дека му е битно јас што му велам.
Јас сеуште немам односи и рано ми е.Ве читам од љубопитност иии сакав да поставам едно прашање,малку оф топик..Дефиниција за курва?
PA DOBRO DE MOZE DA IMA I STO PARNERI A MORA LI DA SPIJE SO SITE STO KE KE IDE????? MENE TOA MI E CUDNO
Имаш цела тема за курва, не само дефиниција. А зошто те интересира, да не планираш да земеш интензивен курс, па ја следиш темата?
девојки, не се замарајте колку сте имале, мажите само може да ви завидуваат кога ве осудуваат, или имаат комплекс дека не пробале со вас или се фрустрирани затоа што не може да се толку привлечни како вас и имаат чопор мажи што се нудат додека толку многу се трудат за да го добијат вашето внимание, нема „лесни“ или “воспитани“, има само смели,такви што уживаат во секс и сите останати тие што го нашле вистинскиот после првиот секоја чест, за сите останати не се обесхрабрувајте
Се додека не престанеме со интересирање и осудување во врска со тоа која колку партнери имала, нема да мрднеме од мртва точка. Крајно малограѓанско и одвратно... Ако некоја сака и со десет нека биде во исто време, се додека е одговорна во врска со своето здравје, внимава на заштитата, тогаш е во ред, нека си ужива штом тоа ја прави среќна. Не гледам зошто како поголемиот број на сексуални партнери би имал врска со тоа каква е како личност. Некоја може и цел живот невина да е, а караткерно порасипана од онаа што била со 50. Некогаш зависи и каква среќа имаш, некоја имала неуспешни врски, тоа значи дека после треба да се замонаши? Различни луѓе-различно го сфаќаат сексот. За некои тоа е многу интимен чин, за кој мора да постои и љубов, за некои па не важи тоа. И зошто само жените да бидат осудувани за тоа, нарекувани со најпогрдни зборови а машките може да си уживаат нели, нив кој ги прашува. Битно фраери се. Или тоа е затоа што кај нив ништо не се кине, па нема доказ. И не можеме да зборуваме за искористување од машка страна, ако и јас и тој сме сакале да имаме секс, да ни биде убаво, макар и за една ноќ.
јас пак ке кажам.. Клуч што отвара секој брава е добар клуч а брава што ја одвара секој клуч е лоша брава така да... инаку 2
сакам да кажам дека ние ако имаме повеќе од 5-6 партнери сме ку*ви, вакви такви а машките колку и да имаат тие се фраери ...