1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку секс-партнери сте имале досега?

Дискусија во 'Секс' започната од SweetDoll, 13 декември 2009.

?

Колку сексуални партнери сте имале досега?

  1. 1

    792 глас(а)
    32,2%
  2. 2

    315 глас(а)
    12,8%
  3. 3-5

    452 глас(а)
    18,4%
  4. 6-10

    201 глас(а)
    8,2%
  5. Над 10

    261 глас(а)
    10,6%
  6. Сè уште не сум имала односи

    437 глас(а)
    17,8%
  1. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    И ти се водиш според ова малограѓанско размислување? |(


    Добро бе македонци, до кога?
     
    На lilybeth и thelittle17 им се допаѓа ова.
  2. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    јас не реков дека јас така размислувам туку дека е така во Македонијава ни наша.. :)
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    До кога со овие размислувања. Така, величајте ги и охрабрувајте ги машките, а вие трудете се да бдете добра брава, додека клучот отвара други брави :^)
    Се уште е еден за жал, а право да ви кажам ни на двајца не планирам со овие години што ги имам да останам :D Колку ќе ми се сака, толку и ќе имам :)
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    48.350
    Пол:
    Женски
    A кој го поставил тоа правило дека ако имаш над 5-6 си курва а се 1-2 тогаш си најдобра на свет?Сами си праиме поделби и се врегаме мегусебно,дебилен народ до немај каде сме :envy: :envy: И од каде тоа дека машките се фраери ако имале пвеке девојки.За мене тоа е тотален анти фраер и 2 пати би размислила дали ке бидам со таков лабилен дечко што единствена намера му е да да го тури на повеке девојки и да глуми "фраерштина".
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Доста сум разговарала на темава и голем дел од тие разговори сум ги водела со машки. Оној дел од нив, кои умеат да бидат искрени, признаваат дека ако се вљубат преминуваат преку минатото на девојката. Точно е дека јавно сите тие во улога на мачо, скокаат за секое бројче плус, кое е повеќе од бројот 1, ама реалноста е поинаква. И луѓето се склони кон морален релативизам и непостојаност, прво кога ќе се вљуби, ќе знае каква девојка има до себе, ама ќе се убедува дека таа е таа што го прави среќен, потоа ќе почнат другарите и околината да му зборуваат за неа, ќе почне да се брани и убедува себеси како тоа е резултат на чиста злоба и завист, додека и сам не поверува дека таа е чедна безмалку колку и безгрешно зачнатата девица.

    Инаку, изедначувањето на полова основа нема ни за сто години да настане, колективната свест е многу бавна и не е воопшто склона кон промени... Сепак, да не се лажеме, секому му е донекаде битно со кого си има работа, а преку минатите партнери, квантитативно и квалитативно, се добива некаков впечаток, иако не треба тоа да ја прави и целата слика, да се разбереме. И девојките кои мислат дека ако имале пр. 13 партнери и откријат 3, ќе останат неоткриени, исто се во заблуда, не живееме во Њујорк или рандом град со седумцифрена бројка жители, така да, повеќе од сигурно е дека во примерот, барем за уште најмалку 6-мина ќе дознае. И друг многу комичен момент, кој функционира многу добро, само во некои женски глави, имав 5-мина, ама ти си вториот на кој му го пу*ам, рили :rofl: ?! Значи, вакви испади не ви требаат верувајте. Секоја си врши слободна проценка на тоа колку и што ќе открие (ама и сокривањето како опција се прави со усул), ама може и позитивно да бидете изненадени од прифаќањето на искреноста околу претходниот сексуален живот ;) .
     
    На Hipster, blond и nela.oh им се допаѓа ова.
  6. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    абе што сте се фатиле ко слеп за стап бреее... реков дека така се размислува во државава наша, ниту реков дека јас така мислам ниту пак намерата ми беше да навредам некого..
    а немојте да ми кажете дека не е така и дека денес секоја нормална девојка која што сменила повеќе партнери ја нарекуваат ку*ва.. тоа и ми беше намерата на постот дека секогаш ние сме тие што се наречени ку*ви, и што немаат право да бидат со кого сакаат ...
     
  7. tarzan

    tarzan Нов член

    Се зачлени на:
    30 јули 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    12
    Повеке од 20
     
  8. LadyIvvy

    LadyIvvy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    773
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Исто и јас имам разговарано со многу машки на оваа тема и сфаќам дека ова размислување е дел од менталниот склоп на машкото, домашното воспитување и опкружување.
    Дечко ми и дел од неговите другари се изјасниле дека - доколку девојката се сексала од ќејф, зашто уживала и и било убаво, не е важна бројката. И трагедија - искрено го мислат тоа. Не се фолираат, ама воопшто. Се додека не се плескала за пари или за други будалаштини.

    Додека други момци, малку поконзервативни (се обидувам да не стереотипизирам, ама не оди бре, слепено е заедно ко јинг и јанг, ко кечап и помфрит) им е важно, очајно се обидуваат да се докопаат до бројката, осудуваат, вртат очи и живеат во свет во кој им се втори на девојката.
    И ако го најдат првиот ќе го акнат во јајца.

    До човекот си е, пак ќе кажам.
     
  10. duduk

    duduk Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    Па тоа е всушност синдромот на малограѓанштина и колку е застапен само и во 21 век овде да не ти се верува. За мажите пример зборите, како што до пред неколку децении малограѓаните бараа невина и само невина девојка а се згрозуваа од се спротивно на тоа зашто општеството, црквата и што знам што така командале, така денешните малограѓани бараат (да не го употребувам оној збор сега) жени кои си менуваат партнери почесто, зашто нели денес така учат од порничи и претерано се уфилмале. А да живееле во времето на нивните баби гарантирам дека овие ќе беа први кои ќе скокаа и ќе посочуваа со прст исти такви жени. Тоа е за жал не може да се искорени.Само држење понастрана од малограѓанштината, друго чаре нема :hai: :) .
     
  11. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
  12. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    1 :rofl: јас нему 1-ва и тој мене прв ...
     
  13. Unknown7

    Unknown7 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0

    ne razbiram zaso tolku mng ja napadnavte. neli tuka baravte iskrenost i tocna brojka. devojka si ja kaza. I si go kaza i svoeto mislenje. Nie samo moze da se sloglasime so nea ili da ne se soglasime. nikoj nemoze da si zima za pravo nekoj da narekuva 'razvratna'.
     
  14. detektivdaniela

    detektivdaniela Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    13
    spored mene ne mi e cudno sto maijana.g imala poveke od deset partneri, taa si ima svoj zivot i ke si go zivee na svoj nacin toa e nejzina intima. Sekoj/a zdrav/a normalno deka ke ima i sex i ne gledam nisto loso vo toa. A dali nekoj ke go prasa mazot i osudi so kolku zeni imal odnos? Zosto toa za zenite e vazno a za mazite ne? Ne razbiram nekoi raboti Vo Makedonija!
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Volsebnicka05

    Volsebnicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    90
    свајца до сега и не сакам повеќе мислам дека доста мие ама сепак времето че кажи
     
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    48.350
    Пол:
    Женски
    Искрено во живот не ми текнало ниту сум помислила ниту сум сакала да знам мајка ми колку партнери сменила во животот пред да се земе со татко ми.И 150 да ги имала мене пак ке ми биде мајка или и да не се збори за мајка,и другарка ке ми биде и пријател и се бидејки парнерите не го праат човекот !!
    Стварно не ги сфакам ваквите осуди и напади по личноста од типот на тоа дека се развратни и немаат морал само затоа што го немаат "комерцијалниот" број на 1-2 партнери.
    Ако некој имал 1 патнер не значи дека го фатил господ за муда(со извинение) и дека е поголем човек од сите останати.
    и по можност дома да ја затвориме и да биде безгласна буква !
     
  17. Ivi05

    Ivi05 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    29
    3 можеби е премногу за моите години ама тоа е што да се прави. :lol:
     
  18. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Кај мене беше само 1 и се надевам дека ќе остане само тој бидејќи сме во брак веќе 7 години,така испадна не сум против никого и секој човек пред се го ценам најпрвин по неговатоа душа и колку знае да биде пријател со мене,па дали имал 10 20 или 100 партнери мене како прво не ме интересирало да го прашам а камо ли по тоа да го карактеризирам.Курви се жените кој легнуваат за пари нели како може да биде курва некоја која не и се погодило во една врска па преминала во друга а секоја врска која трае година дена завршува со секс па ете може да имаш 5 6 или повеќе врски во животот како може да бидеш курва а светици такви луѓе немат тие што се светици стојат на иконите и секојдневно се молиме на нив.Вакво е моето размислување па незнам за вас :)
     
    На violetmoon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. n.a.t.y

    n.a.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    9
    kaj mene se 6, moze mnogu se za godinive moi ali toa e :D
     
  20. Darija.90

    Darija.90 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    9
    Ја прелистав темава горе долу и не можам да поверувам што читам. Не осудувам никој, секој знае што е најдобро за себе си. Меѓутиа не ми е јасна една работа. Како може на секоја која што ќе пише бројка над 10 да и се симнува капа, а друга пак ако каже дека имала еден или двајца сексуални партнери веднаш добива епитет на лажга или дека се срами од сама себе. Сепак треба да ви е јасно дека се уште постојат девојчиња кои се воспитани во духот на старите вредности или девојчиња кои имале доволно голема среќа да ја најдат љубовта на својот живот од прва. Позз и не се тешите преку такви (да не употребам погруб збор) коментари.
     
    На Twinkles, Lovely93, srn4e и 4 други им се допаѓа ова.