Здраво форумџиии и форумџики (кои ве има повеќе). Имам девојка со која сум речиси 3 години, имаме совршена врска, "ја сакам" е мал збор во однос на она што го чувствувам спрема неа, знам дека тоа е обострано. Сексот, иако не е пресуден за една успешна врска, игра голема улога за истата да биде како што треба. Како и врската, таков ни е и сексот, двајцата го добиваме она што го сакаме, и после толку време сеуште ја имам истата страст кон неа како и на почетокот. Со други зборови, нема ниту една маана која можам да најдам на тоа што заеднички го имаме. Сигурен сум дека ако вака продолжиме уште некоја година, ќе завршиме со брак (имаме по 23 години) НО, има еден (мал проблем), т.е повеќе е проблем од моја страна . Поради многу причини, вклучувајќи ја мојата несигурност, срамежливост, иако имав доста девојки со кои се гледав и бев во врска пред неа (на пократок временски период), првиот секс го имав со неа, мојата сегашна девојка (на 20 години). Не се каам што тоа е така, сигурен сум дека ако сум имал со некоја од тие девојки, кои биле незрели и врските биле краткотрајни, немало да ми биде исто уживањето како што ми било на почетокот со сегашната, за да опстане тоа и до ден денес. Можеби поради кршење на мразот, поради искуство би било добро, но тоа е што е. Последното нешто на светов кое би и го направил неа е да ја повредам...мислам дека повеќе би се повредил себе него неа. Но, последните 4-5-6 месеци, ми се јавува потреба за секс..но со друга девојка. Не е дека не ме привлекува (атрактивна, згодна девојка е), не е дека ми е монотон сексот, секогаш сме презадоволени двајцата...Ни самиот не ја знам точната причина поради која ми се појавуваат ваквите помисли и потреби. Сигурен сум, дека ако во моментов некоја девојка ми се понуди за секс, би ја одбил поради грижата на совест, поради тоа што знам дека ќе ја повредам мојата девојка. Фактот што она ми е прв и единствен сексуален партнер (воедно, и првата голема, вистинска љубов) чувствувам дека има влијание...Опкружен сум со девојки кои знам дека е доволен краток муабет и дружба, за да дојдам до она што го сакам, а и они го сакаат - секс, но не можам едноставно да го направам тоа...не додека сум со неа. А да прекинам со неа, не би можам да си го замислам следниот ден без неа, нејзиниот глас на телефон, нејзиниот допир, нејзиното лице... Не знам како точно да ги преточам испреплетениве емоции во зборови и реченици, се надевам нешто е разбирливо... Секој совет/мислење би ми значело многу...
Дали го знаеш правилото 80/20? Тоа е кога во врската девојката/дечкото ти дава 80% од она што ти е потребно, а потоа запознаваш личност која може да ти ги даде останатите 20% што ти недостигаат. Бидејќи тие 20% ти недостигале многу долго, го напушташ партнерот за таа личност. Многу врски завршуваат на овој начин, луѓето се откажуваат од 80% за 20%. Подоцна, секако ќе зажалат кога ќе добијат удар од реалноста, додека си ги барал ѕвездите - си ја изгубил месечината.
На страна да го оставиме тоа што имате одлична врска, љубов, разбирање, таа те привлекува, имате и одличен сексуален живот... Сите машки ја поминуваат оваа фаза која нема никаква поврзаност со твојата девојка. Едноставно сега ти дивеат хормоните, сексуалноста е најизразена, сакаш да истражуваш... Кај секое машко се јавува оваа потреба, потребата да сменат повеќе сексуални партнерки, да ги остварат сите сексуални фантазии. Затоа сите велат дека машкото првин треба "да се испука" па дури тогаш да се скраси. Не глобализирам, но од бројни примери, сигурна сум дека ова што го напишав е точно. Инаку не би можела да ти дадам некој добар совет, во незавидна ситуација си: не сакаш да ја изневериш твојата девојка (секоја чест за тоа, некој друг можеби едноставно би поминал вечер со друга девојка и тоа е тоа), a ниту пак би можел да и раскинеш за да ги доживееш тие авантури, а да не правиме муабет потоа да се смириш со неа (зошто многу ја сакаш)...
Интересното е тоа што јас веќе ги добивам тие 80/20 (100%) од неа... . Не сум добил чувство на нешто да ми фали, па да го барам од друга особа. Кога веќе имав 19-20 години и почна да ме фаќа паника што сеуште не сум имал секс со девојка, си реков кога ќе си најдам една, со таа и ќе останам (ама звучи очајно, ха! ). Бев уверен дека тоа така ќе биде, се додека не почнав се повеќе и повеќе да уживам во сексот последниве години...Не би можел да се замислам себе да ја изгубам неа, јас и без да ја оставам, знам дека ќе го изгубам универзумот, а не ѕвездите и месечината......
^ Кога веќе не сакаш да ја загубиш,потисни ја желбата за секс со друга девојка. И како може девојката да те исполнува целосно,а ти да размислуваш за друга? Искрено не ми е јасен тој дел..сигурен си дека баш се е иделно?
Кај повеќето машки (не сите) "таа потреба" за дивеење на овие години е намалесна/спласната поради фактот дека веќе имале во најмала рака 3-4 сексуални партнерки. Тоа си во право, и јас се согласувам, дека е попаметно за едно машко да се "испука", па потоа да влага во нешто сериозно...Но, некогаш не бираме што и кога ќе ни се деси со X личност, едноставно се случува.... . На почетокот кога зборевме за секс и број на сексуални партнери, често го избегнував вешто прашањето и ги вртев темите на шала, ама дојде до момент и за тоа кога и признав. Мислеше дека ја лажам, дека не било можно дечко како мене да немал секс бла бла хах, и дека никогаш ако не сум и кажел дека сум немал секс претходно, немала да препознае, сум и делувал доста искусно. Не верувам дека ќе бидам во поделикатна ситуација во живот, и што и да одлучам знам дека ќе има последици...веројатно и јас од вас барам нешто невозможно да ми помогнете да решам . Сепак, фала на мислењето и одвоеното време, го ценам тоа
Знам неколку примери, кај кои таа поттисната желба подоцна на 35-6 години почнала силно и неконтролирано да избива. Се знам себе си, имам голема самоконтрола и сталожен ум, знам што имам до себе и го ценам тоа, но никогаш не можеш да бидеш 100% сигурен како ќе размислуваш 7-8-9-10 години од сега. Секако, кога би влегол во брак со неа, сакам да е само таа и никоја друга, не сакам да бидам неиживеан уништувач на бракови. Но, од друга страна не сакам да си ја лупам главата после 10 години каејки се...Искрено, и мене не ми е јасно...Сигурен, пресигурен
Драго ми е што си сигурен,и што врската ви е идеална. А најмногу ми е мило што си искрен. Ондак имам чувство дека ако продолжат вака да работат хормоните,ќе биде нешто
Sungod,слушна разни мислња и совети.Cпоред мене,нема ништо добро во тоа демек да се изнаживееш пред бракот,оти сепак тврдиш дека и сам незнаеш зошто ти се јавила желба за секс со други.Tаа е желба која може да се контролира,и секако додека конкретно не ти се допадне друга девојка,па да дојдеш во искушение дали да изневериш.Mногу глупо е и мислењето за машките дека треба да се изживеат пред брак,но тоа е на балканот така се гледа.Oти најчесто тие кои менуваат многу партнери,повеќе не би можеле да бидат верни,но секако има исклучоци .Kлучно е ти што ќе одлучиш,дали да фрлиш во вода долга врска исполнета со љубов плус ништо не ти фали во врската, за секс без емоции.Cамо запрашај се како би ти било тебе кога девојка ти би размислувала за секс со други?Oдлично е што размислуваш пред да отрчаш при прва прилика за секс,но би било грешка да ја повредиш девојка ти на таков начин,ко да е правило да се има повеќе партнери ,не сваќам.Hавистина нема зошто да се водиш по страсти,но сепак тоа е само мое мислење.Kако што кажав и претходно,треба сам да донесеш одлука,и да заклучиш од што ти се појвила таа желба за други,можеби од притисок од околината,другари ,можеби сам си мислиш дека нешто пропушташ штом си со една...Hајважно е што ние луѓето имаме разум ,и треба да го употребиме наместо да се водиме по инстинктите.
Sungod јас не те осудувам. Би те осудила доколку кажеше дека веќе си ја изневерил. Твојата желба е нормална, едноставно машкиот мозок функционира така и не си ти виновен. Не е дека ова е Балкан и само кај нас било така. Тоа е во природата, на машките видови битно им е само да го сеат своето семе, а женските видови бараат соодветен партнер и се внимателни бидејќи размислуваат за своето потомство и ова е факт. И само јас познавам барем 10 врски најмалку кои започнале во (пример) втора година средно кога ни двајцата не знаат што е врска во права смисла на зборот, па после 3, 4 години врската пука зашто сфаќаат дека сакаат нешто ново и не ги доживеале некои работи кои требало да ги доживеат. Па после ги гледаш се пијанчат по дискотеки и двајцата и одат со кој стигнат, зашто нивните врсници кога го правеле тоа тие седеле дома. Тоа е тоа. Не знам кој како ќе ме сфати ама во 90% од случаевите е вака, тврдам. Е сега, јас не 10 туку 110 пати имам кажано дека сериозна врска без претходно пробување на сите мали и големи ситници не иде, тврдам дека во спротивно ќе пукне, или ако не во врска, во брак ќе пукне. Значи МОРА, ама МОРА и дечкото и девојката да го имаат поминато тој бурен љубопитен млад живот па после зрели, созреани и без бубачки во главата да можат на вистински начин да градат една сериозна врска. Е сега под бурен млад живот не се подразбира само секс, има многу други работи и секој различно го сфаќа тоа ама битно е да се помине тоа што си го посакувал. Така што, го имам кажано и ова многу пати, не се радувајте многу на тоа дека на дечкото сте му прва сексуална партнерка, не е баш за радување, а тоа многу пати го имам сретнато низ темиве. Некое паметно решение овде нема. Тоа е реалноста. Ќе треба единствено да раскинеш и да си го тераш животот. А ако пробаш да ја потиснеш таа желба јас мислам дека би ти успеало еден период ама тоа кога-тогаш ќе излезе на површина, а гледам дека и самиот си свесен за тоа. Така што, убаво размисли.
Ако појдиш со друга девојка, знаеш со која девојка ќе имаш секс ? Која ќе ти даде ? Само некоја курва или расипана. Иначе нормална девојка нема да сака секс со дечко кој е во врска. Па, сега види дали вреди да ја повредиш девојка ти и себе си зарад некоја курва ! А, криво ќе ти е многу. Ќе си го оцрниш образот, достоинството, ќе си ја расипиш врската, а можеби и иднината поради тој излет. Зарад еден секс. А, верувам дека ќе ти помини...Можеби е период... Потруди се повеќе со девојка ти, воведувајте нови работи в кревет, сигурно ќе ви е поинтересно... И за крај, само помисли како би ти било кога девојка ти би посакувала да е со друг. Спојлер Познавам многу врски каде обајцата си се први и баш таквите врски се покажале како најстабилни, зошто партнерите меѓусебно особено се почитуваат и ценат. Немаат комплекси, исфрустрираност, мисли околу тоа како најголемата интимност таа/тој ја делел со друг. Денес сите сакаат само да менуваат партнери и пак се несреќни. Пак се незадоволни. Види околу себе, колку твои другари имале многу девојки, дали се среќни и задоволни или се изгубени и пропаднати ?
Sungod осеќам ќе ме утепаат за советов ама бидејќи имав дечко на кој му бев прва, а тој мене не, ќе си земам за право да го кажам моето мислење. Ние имавме долга врска, речиси 4 години. Нели после година, две јасно е дека помислуваш дека можеби ќе останеш цел живот со партнерот. Бидејќи јас веќе знаев како е со друг, ми беше јасно дека кога тогаш ќе се појави кај него љубопитство после некое време како е со друга. Можда е до човек ама еве јас сега после сменети партнери, пробано што сум сакала, можам да кажам дека сум сигурна со сегашниот партнер сексот е тоа тоа, го добивам тоа што го сакам, а и ако останам со него знам дека нема да посакам да сменам, да пробам како е со друг, што сум сигурна дека ако останев со првиот ќе имав потреба да дознаам како е со друг Да се навратам на мојот бивш дечко. Му викав секогаш - Ејј кога ќе имаш шанса, пробај, само биди доволно паметен да не дознаам и користи заштита или кога ќе бидеме раскарани направи го тоа и кажи ми, најверојатно ќе те разберам. Искрено јас размислував дека е подобро тоа да го направи сега, па макар и да знам него ако тоа се случи после не знам колку години брак.
^ Marama, имам супер идеја: за роденден можеш да го изненадиш со некое курвиче како поклон де. Ама ако му се заубави, не ти одговарам
Девојки, фала на одвоеното време и совети, вака групно да ви се заблагодарам, да не дуплирам постови. Мислев дека никој нема да ми врати, ама постоеле фини форумџики . Некои од мислењата ги имам размислувано, некои не, друго е кога ќе слушнеш мислење од друга перспектива. Но, истотака сфатив, поради деликатноста на ситуацијава, најдобро можат да ме разберат оние кои имале или имаат вакво искуство. Знам дека читано од ваша перспектива изгледа себично, безобразно, дрско и распрдено, но ве уверувам дека тоа е далеку од вистината. Знам колку е болно да бидеш повреден (поучен од претходни искуства), па затоа последната работа која би сакал да ја направам на една личност која има толкаво значење и влијание во мојот живот, е токму тоа, да ја повредам..Мал збор е да кажам дека "ја сакам" во споредба на она што го чувствувам кон неа. Сакам да бидам максимално фер и искрен кон неа, но и кон себе. Ќе се лажам себе ако речам дека сеедно ми е до крајот на животот да имам секс само со една личност. Не сакам да ја користам реченицата "еднаш се живее" поради тоа што често се користи како изговор за да се направи нешто кое не би требало да се направи, но во оваа ситуација веројатно ќе го има вистинското значење....Не сакам после 10 години да си ја лупам главата во ѕид, кога ќе бидам во брак и да се каам за нешто кое сум МОРАЛ да го направам, за да имам кроток, исполнет и мирен брак, без тинејџерски испади. Ќе се согласите со мене дека нема погорчливо чувство од чувството на покајување/каење. Не ми влијаат туѓите мислења и ставови на околината, имам сталожен и трезвен ум и размислување кој сам носи одлуки. Ми треба уште малце време добро да размислам и ќе одлучам. До следното слушање
Јас мислам дека и сам си свесен дека и покрај се таа врска ќе заврши кога да е. Балонот ќе пукни еден ден, тоа на сите ни е јасно, освен на некои кои сакаат да гледаат низ розови очила. Јасно е дека ти нема да останиш со една партнерка, млади сте и двата премногу, но ти посебно, во смисла знаеш кај нас како е, машко на 23 и женско на 23 не е исто, од некаде е и вистина, затоа јас тука можам да речам само дека вие можеби сте вистинските, но во погрешно време и тука нема помош, нема решение, затоа прекинувај, што порано тоа подобро, немој да ја влечиш девојката, а во себе да знаеш дека кога да е ќе бидиш со друга. Раскини, па прави што сакаш, но не ја изневерувај. И уште полошо, барем за мене, немој да и го губиш времето, ако планираш секс со други, тоа ми е да не речам уште полошо и од изневерување. Неа годините ќе и поминат со некој што знае дека кога да е работата ќе се заврши и потоа може да и биде касно, ако одлучиш пуштија да си ја бара среќата со друг. Еден ден ќе ти биде благодарна верувај ми.
sungod јас најсериозно ти се ставам во кожа. Преска дури и не знаев што дополнително да пишам пошо буквално истото го размислувам и веројатно чувствувам кој партнерот. Предобро ми е со него и многу го сакам ама пустото немаш онака ништо на страна, а ти паѓа тешкичко што тој (или во твојов случај таа) имал/а. Јас да ти кажам не можам да се замислам без него и не би го расипала ова што го имам со него ради напад на хормони. Млади сме, ќе пројде. Не се согласувам со советите раскини да не се лажеш себеси. Не е лажење да знаеш дека сакаш некого, лажење е да мислиш дека ради желба за секс (кој да, може да ти е прејак...но што ако е претапа?) со друг вреди да фрлиш се во вода. Ако си сигурен дека секогаш ќе остане таа желба за друго искуство тогаш да, раскини и а девојката, Neytiri е сосем во право дека не е во ред да и го трошиш времто...но размисли дека по 10години од сега си расипал преубава врска со девојка која викаш дека навистина ти значи за еден, 2,3..70 други сексови. Шо ќе им праиш тогаш на искуствата кога немаш онаков топол допир каков што си имал, насмевка која си ја сакал, прегратка која те топела... Јас лично верувам дека и да би пробала врска со друг (после сите тие сексови или што и да е, кои се филмам дека би ги имала како пуштена од синџир.. ) јас пак би сакала да се вратам на ова што го имам. Тотално сум некомпететна за одговоров бидејќи и јас немам никакво друго искуство ама ти го пишам ова за уште еднаш да си го повторам себеси дека чувствата треба се ставаат пред нагоните, сепак таквите " потреби " поминуваат, а она другото трае.
^ ^ Работата е тоа што јас не можам да се замислам без неа, ниту неа да ја замислам со друг (ова не е испад на љубомора, туку едноставно премногу добро ја познавам неа и нашата поврзаност, што знам дека и таа нема да опстане со друг). Јас САКАМ да бидам со неа затоа што знам дека само таа може да ме направи вистински среќен, имаме изградено нешто многу уникатно, силно, кое ретко се наоѓа денес - безрезервна, искрена љубов, без задни намери, умисли и тинејџерски испади. Не ни можам да замислам друга девојка што ќе биде до мене, со која можам да го делам попладнето лежејки во кревет и смеејки се со саати, на која можам да и се доверам буквално се, на која би и купувал мали ситници/поклончиња без причина само за да ја видам среќна и насмеана дополнително, затоа што кога она е среќна, само тогаш сум и јас вистински среќен. @Neytiri ми залепи убав шамар, кој и јас повремено, некогаш секојдневно последниве неколку месеци си го удирам, кога ВООПШТО ќе помислам дека сакам да имам интимен момент со некоја друга личност освен со моменталната...си помислувам "дебилу еден, сакаш да фрлиш се во вода само поради 1 час задоволство"...Не знам и дали сум способен да се возбудам и да имам секс без емоции, затоа што таков и сум немал до сега. Некогаш поради момент на слабост, поради поретко гледање со девојката последниве месеци заради обострани обврски, затоа што таа студира, јас студирам, работам, тренирам и имам уште една работа која е поврзана со моето хоби, се случува да бидам надвор од дома по 12-15 часови, ми доаѓаат такви мисли. Кога ќе помислам дека можеби она помислува ова што помислувам јас, се осеќам понизно и повредено, а најмалце што посакувам за неа е тоа да го почувствува... Како што рече Madam-A, (само што јас не сакам да пробам друга врска) после сите тие сексуални искуства, јас би сакал да останам со неа, причините веќе ги наведов погоре...Можеби звучи себично, чудно, распрдено и ред други работи од моја страна со ова што го пишувам (дури и јас кога читам некогаш помислувам дека е така, но знам дека тоа не го мислам). Кога не би ја сакал вистински и кога би имале "обична" врска, ќе ми беше многу полесно да ја завршам и да си бараме тоа што сакаме, НО не е баш така... Пак ќе кажам , веројатно само оние кои можат да ме разберат се оние кои имаат/имале вакво искуство, од страна гледано малце потешко е за разбирање P.S. @Madam-A имаш забрана за пораки
Правете си што ќе си правите и не знам како ќе ме сфатите ама кога во една комплетна врска се јавува ваква желба, јас лично и не би ја нарекла врската "комплетна" и тоа можат да го потврдат многу луѓе. Не сум компетентна во врска со ова, иако ве разбирам, јас имам комплетна врска во права смисла на зборот буквално и за мене или за дечко ми ваква желба е непознато нешто. Можеби па и баш заради тоа што не сте имале други искуства мислите дека ова е нешто WOW и за "сва времена", што се враќаме на мојот муабет дека треба малку да се прошета пред да се почне сериозна врска за да знаеш што всушност сакаш и очекуваш од другиот. Не знам, не ве судам, баш напротив, сметам дека ова е нешто нормално и природно, не донесувам заклучоци бидејќи не сум компетентна личност за ова ама сепак се обидувам да ве разберам. И да, бидете внимателни со љубопитноста, тоа знае да биде многу лоша работа, ќе ве гризе од внатре постојано. И пазете да не ве забележат партнерите зашто тек тогаш ќе ви започнат вистинските проблеми.