1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку секс-партнери сте имале досега?

Дискусија во 'Секс' започната од SweetDoll, 13 декември 2009.

?

Колку сексуални партнери сте имале досега?

  1. 1

    792 глас(а)
    32,2%
  2. 2

    315 глас(а)
    12,8%
  3. 3-5

    452 глас(а)
    18,4%
  4. 6-10

    201 глас(а)
    8,2%
  5. Над 10

    261 глас(а)
    10,6%
  6. Сè уште не сум имала односи

    437 глас(а)
    17,8%
  1. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Sungod

    wow! Значи јас не сум компетентна да коментирам на овај проблем, оти од искуство И немам, односно имам еднонеделно сексуално искуство и сеуште не баш толку убо...Иначе сум 8 месеци во врска. Не ми е прв дечко, ама ми е прва љубов и прв сексуален партнер.

    Сепак би сакала да кажам шо мислам секако твое е да си разгледаш сите мислења и сам да си одлучиш.
    Живејме во прегнасно време, дури понекогаш ми е страв да имам деца оти види шо прат децата од 12 години... Многу лошо! Страшно. И мислам дека ти и девојката твоја сте многу среќни шо сте нашле таква љубов во денешни услови. Па нели поентата на овај животот е да си најдиме сопатник? Оти и онака е претежок па да си сам уште потешко би било..
    До негде сфаќам дека се хормони, љубопитност... Многу работи се прат од љубопитност..
    Ама ете бидејќи ти многу трезвено размислуваш мислам дека треба да си поставиш неколку прашања.

    Прво замисли си го најлошото можно сценарио. Раскинваш, имаш секс со 100 жени. Ја гледаш неа со друг, среќна. Тој ја цени, знај шо има.
    После запрашај се, ДАЛИ ВРЕДИ?
    Дали вреди некој друг да ја буди и заспива, оти ти си бил љубопитен?

    Искрено ко ќе стојам на тераса, сум љубопитна шо би се случило ако рипнам. Сум. То е човечка психа. Сценарија, мисли, фантазии. Па никогаш не ми ни паднало на памет да рипнам :lol:
    Сакам да кажам дека се додека ти е во мислите е ок. Ко ке премини во дела, е лошо.
    И сега за сега ништо не е грешно во врската твоја. Поминвајте поќе време заедно, нови работи прајте .... И мислам дека ќе биди во ред. :)
     
    На the drummer, loverangelx3, ariela09 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Јас не знам како сите го пропуштивте решението кога беше толку очигледно. Значи просто ко грав, ко 2 и 2...
    Sungod и оваа другава што сакала да се проба со други, да си се најдете и да си напраите мерак.

    Или тоа или брат да си побараш помош од професионалка (проститутка).

    Сеа ќе речеш изневерување... Да, ама брат, ако тоа е потребно за да го извадиш од твојот систем она што потенцијално може да го уништи вашиот среќен брак во иднина или да те стави во состојба на континуирано каење за пропуштените шанси во младоста.... тогаш јебига, боље испуцај се.
     
  3. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    хахахахаха лабаво :lol: Анон од овој кураж се плашев јас, немој вака :P Фала на издвоеното време. Малку се неосудувачките коменатри :)

    п.с. Sungod, брат, стана многу популарен во темава, тотално ме засени во муабетов :Р Ама добро барем не ми се нафрлија жениве да ме каменуваат :)
     
  4. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Ау заборавив да ја спомнам третата опција - тројка. :D


    Абе види, најчесно решение, би било да му се каже на партнерот.
    Чесно да, ама дека ќе успее, ќе се согласи да ве пушти на авантура, не верувам. Е сега, да се биде верен на себеси или на партнерот, тоа е прашањето.
    Јас би бил верен на партнерот, иако давам вакви совети, како погоре.
    И не мора да значи дека нема да имате секс со некој друг во текот на животот. Може ќе пропадне бракот. Може парнерот ќе почине (скраја да е).
    Може со текот на времето ќе си верувате доволно да вклучите и трет/а или да си дозволите авантура со професиналка или со некој/а што е од подалеку (пример 300+ километри и срам за изневерениот нема). Може ќе станете свингери итн.

    Во секој случај, не би требало да ја доведувате врската во ризик.
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    еј баш сакав да кажам колку сум имала, да се изјаснам вака на форум пошто знаете...многу е битно ваква тема на форум да има :|
     
  6. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Никој не тера со сила да постираш. Не ти се допаѓа темата, не ја отварај.
     
    На Spidy и DigY им се допаѓа ова.
  7. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Се е*ат со кој шо ке стигнат оти му е досадно цело време со женаму е*аго.. 8)
     
  8. sungod

    sungod Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    40
    Ги прочитав сите негативни, позитивни и неутрални мислења детално...

    Мислам дека немам потреба да цитирам секое мислење и да се правдам што и како јас чувствувам кон девојка ми. Мислам дека е грешно генерализирање и ставање на се во исти кош со коментари од типот сите машки се исти, правите што ви наредуваат хормоните итн итн... Јас знам дека ја сакам и дека сакам да го поминам остатокот од животот со неа, знам дека гледајќи ја среќен покрај мене ќе ме направи и мене најсреќен. Сакам да се будам секој ден до неа и со неа да легнувам да спијам. Немам потреба да наоѓам оправданија и по секоја цена да докажам дека тоа е така кога јас чувствувам и знам дека е така.

    На форумов пишав од причина што сакав да слушнам друго мислење, друго искуство низ кое можеби некој друг поминал, како јас да се справам со овие нагони и потреби кои можат да влијаат негативно на една врска/брак и како до нивно решение. А во главном добив осудувања. Јас никаде во моите постови не пишав дека јас сакам да и раскинам и да ја изневерам девојка ми за да ги задоволам моите потреби, дека сакам да ја повредам - напротив. Последната работа која би и ја направил на неа е да ја повредам и да ја видаш скршена, тоа повеќе би ме скршило мене од неа. Јас ќе бидам вечно несреќниот, затоа што сум повредил некој кој воопшто не заслужувал. Ставете се на мое место - кога не би ја сакал вака како што "се преправам" дека ја сакам, сигурно не би си ја лупал главата и би барал решенија кои би ни ја продолжиле врската, туку фино лепо можев да ја изневерам, ако ништо друго барем денес мнозината на девојки (не сите нормално) се многу модерни и "open minded" па не премислуваат многу за секс, сакаат да си ја задоволат таа потреба, гајле им е дали имаат дечко или тој има девојка или не.

    Исто така никаде во моите постови не пишав дека на машките им е се дозволено да прават што сакаат, а женските ко утки да чекаат и да се надеваат дека пак ќе им се вратат, а тие простувајќи им ги сите грешки, ќе се прават дека не се случило ништо. Многумина грешно ме сфатија и ја утнаа мојата поента за тоа што всушност побарав јас со тоа што го пишав постот. Јас навистина не знам каде прочитавте дека јас се КААМ или дека ЌЕ СЕ КААМ ако останам со нејзе...прочитајте ги прво мислењата детално, па потоа реплицирајте, не натурајте нешто што не постои. Мислам дека дел од ставовите кои се пишани се базирани на лично (негативно) искуство.

    Имаше и друго мислење кое велеше дека најдобро е дечкото и девојката пред да стапат во врска да се "испукаат", т.е да имаат повеќе искуства сексуални за да седат "мирни" понатаму во сериозна врска или брак. Апсолутно се согласувам, дури и јас советувам мои другари/другарки тоа да го прават затоа што и јас сум бил така советуван и знам дека тоа е најисправно. Но, мојата врска се случи спонтатно и ни јас ни она не очекувавме дека ќе догураме до тука. Едноставно, се случи. МИслам дека глупо би било да речам на почетокот од врската - "чекај, влагам во сериозна врска во која ми е многу убаво, после сите негативни краткотрајни врски што ги имав, ама ај ќе прекинам сега од причина што не сум имал секс со други"...:).

    Сосема сум свесен што имам и колку тоа вреди, секојдневно гледам примери како НЕ треба да изгледаат врски и како НЕ треба да се однесува една личност во сериозна врска.

    За некои работи не сум сигурен во животот, но за оваа конкретно сум сигурен дека - ИСКРЕНО ЈА САКАМ, САКАМ да бидам со неа, НЕ САКАМ да ја повредам, НЕ САКАМ да биде среќна со друг, САКАМ да ја правам среќен во секој можен момент на било каков начин, и за ова сум чист пред себе дека и не осеќам ама баш никаква потреба да го докажам на некој, независно дали му е лицемерно, доверливо или не...

    Како и да е, фала на секоја одвоена минута и секој збор напишан, го ценам тоа :)
     
    На Bojana.20, francais и ariela09 им се допаѓа ова.
  9. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478

    Ако луѓето од твојата околина прават така,се е*ат со кој стасаат од досада и притоа се во долги бракови,не мора да значи дека сите се однесуваат така.
    Не генерализирај.
     
    На girl-miri, ariela09 и Daydream им се допаѓа ова.
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Имам чувство дека некои не ме сфатија целосно. Да, јас реков дека треба да се поминат некои работи пред сериозна врска ама тука не го ставив само сексот. Има уште мал милион други работи. Затоа реков кој, што си посакува и кој, каква цел има/л.

    Мојата цел беше што повеќе да патувам и да шетам. Да запознавам луѓе и да се дружам, да посетувам разни журки од моите омилени изведувачи, да играм до изгрејсонце и да не се замарам со ништо. Непроценливо е мал збор за сето тоа што јас сум си го доживеала кога бев помала. Го постигнав тоа што го сакав и повеќе од потребното. Целосно сум исполнета од тој аспект. Сега сум си во сериозна врска и поубаво не може да ми биде. На некои мои другарки им беше целта да имаат што повеќе сексуални партнери, дали ја постигнаа целта не знам, а дали се во сериозни врски исто така не знам, на некои им беше целта да запознаваат и да се упикуваат на попознати фаци низ градов, мислам дека ја постигнаа целта итн итн итн... Затоа пак ќе кажам, не е сексот само во младите години. Тука има многу, многу повеќе. :)
     
    На guguence, Neytiri и femina90 им се допаѓа ова.
  11. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    sungod...

    Тој ја отвори темата...тој ја затвори.
    Прочита туѓи мислења и доби она што сакаше.

    Со среќа :hai:
     
  12. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    ^ Само не кажа што се одлучи...
     
  13. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    ^ Неговиот пост јасно кажа: Сакал да му се помогне да ја преброди таа мисла. Е сега откога на нашиов форум наиде на осудувања а не на совети, тој си нашол начин да го помине овој период на потешкиот начин.
    А и нема потреба да не известува, сигурно повторно ќе биде нападнат без причина.
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
  15. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
  16. Katherie

    Katherie Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    5
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Трејси Кокс објаснува дека таа бројка не значи ништо доколку не се знаат околностите.

    "Не е добро целата ваша сексуална историја да се сведе на бројка", вели Трејси Кокс.

    "Неодамна интервјуирав три жени за потребите на книгата на која работев. Сите беа на возраст од околу 30 години. Првата спиела со 26 мажи, втората со четири, а третата со осум. Не е тешко да погодите која од овие три партнерот најмногу ќе ја осудува. Но дали таа навистина била најпромискуитетна од сите три? Еве уште неколку информации. Девојката која имала 26 сексуални партнери во просек имала два сексуални партнери годишно од свои 17 години и најчесто била сингл. Девојката која спиела со осум сексуални партнери, само со четворица од нив спиела за време на еден ист викенд на одмор, додека нејзиниот тогашен сопруг бил дома со децата. Девојката која имала четири сексуални партнери имала секс во тројка со двајца која ги запознала во клуб. Со нив имала секс во соседната уличка. Тогаш имала 18 години и себе се опишува како "диво дете". Што мислите сега после овие информации?!", вели Трејси."


    Превеземено од tocka.com.mk ;)
     
    На danichap и okcenzi им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    ^
    Aко не треба да судиме по број, тогаш не треба да судиме ни дали некоја била во тројка еднаш или двапати и тоа и е цело сексуално искуство до свои 30 години па заради тројката веднаш да ја ставиме во промискуитетни или неморални без оглед на другото.
    Ако одиме подлабоко и бараме причини или оправдувања тогаш можеме да смислеме сценарио по кое и мајката што изневерила ќе испадне светица на крај.

    Бројка како бројка за мене има некакво значење и ми е показател за нешто во карактерни особини. Зборам за партнер, за другите не ме интересира.
     
    На XstrongerX, Daydream, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Многу девојки замислиле секс во тројка, а и јас исто, но за мене секс е само во двојка ( маж и жена) се друго ми е перверзија.
    Е сега и таа со број над 20 не ми е нешто за оправдување. Знам девокја која била со еден човек 4 години( оженет), па другарката нејзина која имаше преку 20 партнери поминато ја озборуваше. Хмм што знам, првата ми е некако попоштена од вторава.
    Разбирливо и дека додека да го најдеш правиот ке менуваш, ама па да смениш 20 мене не ми е разбирливо.
    Затоа на почеток на врска се гледаат и другите работи а не само сексот.
    ДА НАПОМЕНАМ: мојов пост нема никаква врска со ниту една феминка. Не ги ни читав мислењата освен на првата и последнава страна. Ова е само мое мислење
     
  20. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    А, како ќе утврдиш колку партнерки имал твојот партнер? Ќе го прашаш и на жими мајка ќе му веруваш?
    Мажите ако легнале 2 ќе кажат 20 за да се направат големи е...и а девојките секој им е втор иако поминале можеби 20. Бројот на сексуални партнери никогаш неможеш да го утврдиш за некој близок што цел живот го знаеш а камо ли за дечко кој си го запознала на 20-25 години.
    За мене бројот на партнери нема врска со карактерот, туку повеќе со тоа кој како го сваќа и доживува сексот, постојат луге кои во 21 век сексот го сметаат за нешто срамно што треба да се сокрие
    Јас имам одговорено на ова прашање, јас спагам во оние според тебе без карактер, што воопшто не ме навредува бидејки сум свесна и за својот карактер и за сопствените вредности како човек.
    Ако девојка имала само 1 партнер или е невина не значи дека е јак карактер, туку може да значи спротивно дека нема самодовера. Секако постојат и оние кои се тотално незаинтересирани за секс од х причини и нивната прв партнер обично е и последен. Секако секој има право на свој живот но никако неможе да осудува и да суди, дека некој нема карактер или има слаб карактер само затоа што животот го сваќа поинаку од вас.
     
    На BoyL, Elena* и jovanovska94 им се допаѓа ова.