Ако ти се плеткаш со мажи што лажат и преувеличуваат, ние можеби не. И немој да почнеш сега со тоа дека сите мажи се исти, аман од тоа плитко размислување. И секако дека попрво ќе знаеш за дечко отколку за било кој познаник да знаеш таква интимност. Со карактер има врска, како што кажа и сама, кој како го сфаќа сексот зависи од човекот, а од што зависи каков ќе биде човекот? Од неговиот карактер. И ако продолжам понатаму, крај ќе нема. Се разбираме.
^^ Кај реков јас никаков карактер? Голем број на сексуални партнери пример, меѓудругото, укажуваат и на тоа како некој го сфаќа сексот. Ако јас сакам и покрај тоа што сме во 21 век сексот и врските да ги сфаќам малку поозбилно и ако истото го барам и од партнерот, тогаш што барам со некој со голема бројка? Едноставно тој дел не ми се допаѓа, не реков дека цел карактер може да се согледа со бројот на партнерите. Но голем дел, да. А како ќе знам? Па нели модерно време е, нема зошто да се крие.
Многу јасно. Ако некој сексот си го сфака неозбилно, тој и во врска и во брак исто ке си го сфака и ете разделби, разводи, повредени итн, без разлика дали сме 21 век.
Здраво девојки, читајќи погоре забележав дека не сите останале со првиот парнер , па како ви беше понатаму? Дали тоа им пречеше на другите со кои сте биле? Страв ми е да започнам врска со некој друг поради тоа што не знам како би изреагирал на тоа дека не сум невина, а ни како ке му кажам... Поздрав
Прво прашање: Во кој свет живееш? Второ: До кога бре жени ќе се објаснувате за своите постапки? Ништо, јас мислам ич не преминувај на друг, зашо мора да се даде репорт на секој дечко кој што и како правел и да се чека амин за прифаќање на претходната сексуална историја и сеа кога веќе не знаеш како да кажеш, ти поминал возот, мора само еден партнер да се има инаку смак света.. Шта речи...
Па гледај , све зависи од човекот што сакаш да правиш нешто , на повеќето машки не им пречи да не си невина , да си имала 1-2-4-5-6-8... партнери пред него и така Сега да ќе им пречи ако им кажеш дека си била со по 20-50 машки така да ако ти е тоа , најдобро е да си кажеш дека си била со по 3-4 , ќе знаат дека лажеш (бидејќи се гледа по начинот на кој се однесува со машкото во и надвор од кревет и се знае одма дали била со 1 или со 10 ....) али барем длабоко во себе ќе ги држи надежта дека тоа е можеби вистина. Така да лекцијата е ако си имала до 10 партнери , слободно кажи , ако си имала 10+ лажи ....
Тие што имаат еден,двајца пишуваат во темава на останатите вероватно им е незгодно. Затоа изгледа дека скоро сите се со толку партнери Инаку јас еден
кога имаш долги врски и да сакаш и да не сакаш неможеш да имаш повеќе. Бар јас така мислам .Ама не се жалам навистина ми е супер и со толку. Се надевам дека ќе останам сеуште во врска со вториот (дај боже) но ако не е така не значи дека ќе останам на таа бројка.