Абе јас се селам во јануари а тие нека бараат девици. Знаеш колку нудеа за девици? Ако имаат пари, нека бараат
Епа ќе си ја плати за вечерта... И подобро нека купи некој гооооолем дијамантски прстен за да ја запроси откако ќе ја скине
Јас ја следам оваа балканска табу тема подолго време, и би сакал да напоменам неколку работи , кои може ќе бидат сватени на лошо/добро а можеби и ќе се разјасни нешто. 1. Првин би напоменал дека мора да разберете , мажите имаат различни размислувања, принципи, и морални вредности преку кои го водат својот живот. Значи некои работи кои на жената се важни , за мажот не се , а некои работи кои се важни за мажот не се за жената итн итн... 2. Иако сме на женски форум, не е фер да се осудува мажот дека е тој што секогаш се интересирал и барал листи и остало, значи постојат , голем број на девојки кои бараат партнерот нивни да прикаже цела листа на бившите и со колку жени спиел, не е фер само едната страна да се кара. 3. Сите имаме по една другарка која има разни сексуални активности на одморите во Грција, Бугарија , Србија итн , а потоа кога ќе дојде дома ги лаже своите дечковци дека само еден партнер имала или дека дечкото и е втор. Мислам дека поради ова и повеќето кога ќе спомнат дека имале еден партнер и да ја кажуваат вистината , и стварно да е тоа така нажалост ќе паднат во таа категорија на "светици" и лажги. 4. Би сакал да поставам едно прашање, сега да дојде вашиот партнер или партнерка и да ви каже дека спиел/спиела со 30-50-100+ жени/мажи како би реагирале?, ќе ви биде гајле?, луѓе кои ги познавам (машки и женски) имале прилично голем број на партнери , нашле дечковци/девојки на кои им ја кажале вистината за тоа со колку партнери спиеле, и еве до ден денес жалат бидејќи не можат до кафана да отидат без да прикажат некој доказ дека не изневеруваат... зашто е тоа така? , сум дискутирал за ова со многу луѓе кои го имаат проблемот и сум добил одговор дека луѓето сепак се чуствуваат несигурни, твојот партнер бил со многу жени/мажи и често ќе те мачи прашањето што ако и ти си само еден трофеј или бројка во неговата/нејзината колекција. 5. Мислам дека на мажите не им смета толку со колку партнери била девојката туку повеќе им смета кои се тие. Сепак имаат/имаме некоја машка личност во нашиот живот за која сметаме дека е дебил или непријател. И сега ако дознаат/дознаеме дека нашата симпатија или девојка била со тој човек (макар и само мување) што ти не го поднесуваш и што ти се гади од неговото присуство, одма ти се променува мислењето, веќе друга слика ти се врти во умот и веќе не ти сеедно. Веќе неможеш да бидеш исто со девојката знаејќи дека човекот што не го поднесуваш бил со неа. Можеби изгледа глупо или смешно ова, ама верувај многу ако не и сите мажи имаат вакви принципи и размислувања ќе ги наречам. 6. Фразана со клучевите и бравите ми е глупа фраза, али мислам дека потекнува од тоа што машко да има секс со некоја девојка , треба прилично да се намучи, треба пуштање, муабет ова она и некогаш и со месеци треба да чека. Девојка да сака секс , може да искочи надвор облечена во вреќа за компири и за 5 мин да најде 10 мажи што би сакале да спијат со нејзе. 7. За мене ќе кажам , мене лично нема да ми смета ако има 1-4-5-10 па и 20 партнери, али би ми сметало да има 100+. Јас сум имал неколку партнерки и ниедна од Македонија. Можеби затоа што тука многу се фолираат и ти мавтаат со рацете губи се, додека пак во странство се доста љубезни и кога те откачуваат тоа го прават на многу убав начин , дури си и среќен кога ќе те откачат. Или пак можеби така мене ми се погодило. Има уште многу точки да се коментираат, голема е темата и доста табу и болна ќе ја наречам па ќе се задржам само на овие 7 точки. Али би дал еден добронамерен совет. Иако мислев порано подобро е да се лаже за партнерите, сепак подобро е секогаш да ја кажете вистината , победници сте без разлика дали машкото ќе ве остави поради вашиот одговор или ќе биде со вас. Така барем ќе знаете дали сте со некој што може да го надмине тоа , или сте со некој што му е проблем. Заклучок. Машките во никој случај не смеат да ја осудуваат девојката за бројот на нејзините партнери, сепак тој е нејзин живот и она бира како ќе ужива и ќе прави со него. Ама ни девојките не смеат да ги осудуваат машките кои им сметаат партнерите и бараат девојки според тој критериум(тука ги исклучувам тие мажи па и жени што имале секс со многу и сега си сакаат некој/а "мирничка"/ "мирничок". Секој со своите критериуми и барања.
@Yipman2 Прекраток е животов за да ти го прочитам овој долгометражен пост. Ако почнам...до година нема да завршам Ама сигурна сум дека нешто паметно кажвиш за оваа "паметна" тема
Јас за греота, уште невина си одам. Ми се иде да си продадам невиноста, да ќарам нешто што со години си кратам задоволство Ама изгледа за брак ќе се чувам.
Точка број 7: Дали со 58 ќе помине? Како тоа ниедна од Македонија? Постојано патуваш или постојано немаш се*к?