Можам само да кажам дека бројот на партнери не е право пропорционален и со перформансите во кревет Инаку сум имала 4 партнери, и се подолги врски, 2, 3 години.. И сеа имам проблем, се прашувам дали воопшто сум способна и можам да бидам со некој онака one night stand ... се мислам ќе имам ужасна грижа на совест следното утро, ке се чувствувам глупо и сл.. А не е дека не би сакала да бидам опуштена, да имам некој таков однос без обврски, и тн. А што се однесува до искуството, имав бивши што имал и две преедолги врски, и исто така мноогу партнерки со оглед на работата што ја работи и слично, постојан контакт со девојчиња и партнерки на сто места низ Мк, и искрено очекував нели искуство, плус дека беше постар од мене 9 години... ама се разочарав максимално. Односите со предходните партнери сееекогаш ми биле супер, и да имало др проблем, сексот никогаш не бил проблемот.. туку бил и одличен и сме се наоѓале на тоа поле на страст, и привлечност, и со поглед да знае што сакаш и се.. Бившиов, не само што немаше искуство, не само што не знаеше предигра, и тн и тн, можам да кажам дека најразочарана од секс сум била со него. Така да, бројката на партнери дефинитивно не значи ништо. Бивши со мн помалце партнери сексуални, знаеле многу подобро да се грижат и женската да е задоволена, да не се себични и тн и тн.